Спорт
Шпанија за првпат во финалето

Актуелниот европски шампион Шпанија е вториот патник во финалето на Светското првенство, откако синоќа ја совлада минимално, но заслужено Германија со 1:0.
Актуелниот европски шампион Шпанија е вториот патник во финалето на Светското првенство, откако синоќа ја совлада минимално, но заслужено Германија со 1:0.
Стрелец на единствениот погодок беше халфот Карлес Пујол во 73 минута, кога највисоко скокна по нафрлување од корнер и со глава ја смести топката зад немоќниот Ноер.
Двете репрезентации во поголемиот дел од натпреварот играа внимателно, но Шпанците ја имаа иницијативата и создадоа повеќе шанси.
Ова е најголемиот успех на Шпанија во историјата, која досега само еднаш се пласирала на четвртото место во далечната 1950 година.
Шпанија во финалето ќе игра против Холандија, која досега двапати во историјата го зазела второто место.
Шпанскиот селектор Винсенте дел Боске, кој мечот го започна без Фернандо Торес, изјави дека е горд на сите играчи.
„Не сакам да зборувам за имиња. Сите се подеднакво заслужни за овој триумф. Остваривме голем резултат, пред нас останува уште еден натпревар и сакаме првенството да го завршиме со победа“, рече Дел Боске.
Селекторот на Германија Јоаким Лев изрази уверување дека Шпанија ќе биде новиот светски шампион.
„ Сакам да им честитам на Шпанците за победата. Верувам дека тие ќе бидат новите шампиони, бидејќи се најдобри во последните две-три години. Одлично ја контролираа топката, што ни создаде големи проблеми,“ рече Лев. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“