Контакт

Политика

Македонија – дипломатски успех на САД

Објавено пред

Интервју: професор Дејвид Виснер

dobivaj vesti na viber

Дејвид Виснер е професор по меѓународни односи и директор на катедрата Мајкл С. Дукакис за јавни политики и услуги на Американскиот колеџ во Солун. Професорот Виснер долги години живее во Грција и е одличен познавач на состојбите во земјата, како и на нејзината надворешна политика. Тој зборува за грчко-македонскиот спор околу името на Република Македонија, како и за односот на САД кон Балканот Разговарала: Билјана БОГДАНОВСКАФото: Александар МЕХАНЏИЕВФорум: Каков ќе биде односот на новата демократска администрација на претседателот Барак Обама кон Балканот и особено кон грчко-македонските односи? Проф. Виснер: Мислам дека е коректно да се претпостави дека администрацијата на Обама ќе биде помалку заинтересирана во работите коишто беа од интерес на администрацијата на Џорџ Буш, особено во неговиот втор мандат во Белата куќа, откако американската влада ве призна под вашето уставно име и особено после средината на 2005 г., кога Николас Барнс стана потсекретар за политички прашања и започна кампања којашто требаше да ги заврши незавршените работи на Балканот. Што би ги мотивирало луѓето од Стејт-департментот, кои не обрнуваа многу внимание на она што се случува на Балканот, во стилот на Клинтон? Зошто одеднаш би сакале да ги решаваат проблемите во Косово и во Македонија? Тоа е за да, како што велиме ние hedge tjeir bets, да одиграат на сигурно, бидејќи не се сигурни каков ќе биде исходот во Ирак и би сакале да покажеме дека имаме некаков успех во дипломатијата. Нема да успееме во Кореја, но можеби ќе имаме успех во овој дел од светот, каде што очигледно САД имаат некои свои интереси.  Ние би сакале да ги завршиме работите што ги започнавме во деведесеттите, би сакале да го зајакнеме НАТО, како инструментот на надворешната политика на САД во Ирак и евентуално Авганистан. Еден од најдобрите начини да се постигне тоа и да се покаже некој успех во медиумите е да видиме дали можеме да ја внесеме Македонија во НАТО. Јас би рекол дека администрацијата на Буш изврши многу поголем притисок врз своите сојузници во НАТО, отколку што тоа ќе го направи администрацијата на Обама. Ако зборувате за тоа дали политиката е тврда или мека, Обама ќе биде сигурно помек. Мислам дека тоа не е од негов интерес или на кој и да е во сегашната влада. Го споменуваме и вториот човек по важност во Стејт-департментот, кој има многу искуство во регионот на Балканот и не мислам дека тој ќе појде кај претседателот и ќе му рече “види, ние мораме да ја натераме Грција да ги смени своите ставови околу името”, тоа нема да се случи. Зборував за ова, грчкото лоби ќе игра мала улога во места како Њујорк и Чикаго, каде што ќе се води трка за место во Сенатот во 2010 г., и ако Обама и демократите се успешни со она што сакаат да го постигнат во САД и посебно во Авганистан, мора да се потрудат да има повеќе демократи во Сенатот. Сега, ако некои од демократските кандидати, кои ќе се кандидираат за Сенатот во Чикаго, се Американци со грчко потекло, нема да направат нешто што би можело да ги оддалечи од Грците во Чикаго. Не мислам дека тие ќе вршат толку голем дипломатски притисок како што тоа го правеше администрацијата на Буш. Мора да сфатите дека кога зборувате за Николас Барнс, зборуваме за поранешен амбасадор во Грција, кој мислеше дека ги има сите средства на располагање Грција да ги омекне своите ставови и тоа не беше добро прифатено од Грција. Не беше добро примено во Грција и тоа што американскиот амбасадор Чарлс Рис беше сопруг на американската амбасадорка во Албанија, Марси Рис. Таа има висока позиција во Стејт-департментот во Вашингтон ДЦ. Значи, секаде каде ќе погледнете од грчки аспект, изгледа дека САД ја притиска Грција во односите со Турција, Македонија, Албанија, Бугарија се приклучи кон Европската Унија и ова е еден извор на притисок во рамките на ЕУ. Сите работи се такви што мора да бидете сомничав ако сте Грк и мислам дека ова се такви работи без кои владата на САД може. Како го коментирате грчкото вето во Букурешт? Не ги разбирам реакциите овде освен ако не сте навикнати да слушате работи од Грција кои навистина нема да ги направи. Мора да мислите од аспект на грчкиот политички систем. Истото прашање можете да го поставите и на вашите власти овде. Што ќе се случи ако вашиот премиер одлучи, еднострано, да го смени вашето име? Ќе остане без својата фотелја. Што ќе се случи во Грција, ако одеднаш дозволи да ве примат во НАТО под уставното име? И тие ќе останат без фотелја. Тоа е политичко прашање. Нема да најдете решение сè додека нечии политички кариери се доведени во прашање. На пример, во Грција имате многу фрагилна влада, која има мало мнозинство во Парламентот. Караманлис се чини дека го губи влијанието во сопствената партија. Сите чекаат Бакојани да го преземе водството. Во ваква ситуација, тој не може да направи никакви промени, од оваа позиција, во моментов. Американските дипломати го разбираат тоа. Не сакаат да притискаат и да предизвикаат политичка нестабилност во Грција. Имаме доволно лоши состојби во овој дел од светот. Политичката нестабилност не ни оди во прилог во односите што сакаме да ги изградиме со другите земји од регионот, како Турција, која ни треба за Средниот Исток, Авганистан и така натаму. Најдобро е да останеме на статус-кво. И тоа е она што ќе го видите. Ќе имате амбасадор овде, кој е многу добар човек, кој служел во Ирак, па има некое влијание и гради репутација во Стејт-департментот, кој ќе се обиде да ја искористи од ситуацијата за да добие повисоко место во Стејт-департментот. Тој јавно го застапува ставот на Стејт-департментот, дека треба да станете членка на НАТО во оној момент кога ќе го решите билатералниот спор со јужниот сосед. Според мое мислење, тоа е најмногу што може да добиете од некого. Македонија има нов претседател, Ѓорге Иванов. Може ли тој да внесе напредок во преговорите за решавање на спорот меѓу двете земји на името?Јас сум оптимист, имајќи предвид дека Катимерини, којшто е конзервативен весник, ја поддржува конзервативната политика воопшто, тие многу ласкаво го покрија писмото што вашиот претседател го испрати до Стејт-департментот и до претседателот Барак Обама, во кое се вели “да, нам ни требаат добри соседски односи”. Ова е клучниот збор на кој се задржаа Грците. Според нив, не сте спремни да се придружите кон НАТО, затоа што не демонстриравте дека сакате да имате добрососедски односи со нив. Јас мислам дека тоа е охрабрувачки. Не знам дали тоа ќе одекне во владејачката политичка партија, бидејќи овде претседателот и премиерот се од иста политичка партија. Немам одговор на тоа прашање. Грчкиот печат и некои американски новински агенции го поставуваат истото прашање, дали е навистина важно тоа што вашиот претседател го зборува истото што и премиерот, но секогаш постои надеж, ако се постави ново лице на сцена дека сакаме да внесеме промени во начинот на кој ги решаваме проблемите. Ова не менува ништо суштествено во позицијата која ја заземате, но правите некои симболични концесии, како “во ред, ќе дојдам, ќе седнеме, ќе разговараме, можеби повторно ќе седнеме да разговараме, овој пат сериозно”. Дел од проблемот, од американска гледна точка, е тоа што Обединетите нации се спонзори на процесот, а дипломатот кој ги застапува ОН по некоја случајност е Американец, кој има дипломатско и владино искуство. Се поставува прашањето, што ќе се случи ако тој биде сменет сега, дали тоа ќе доведе до некакви резултати? Не знам колкаво влијание употребува американската влада за да го задржи Нимиц на оваа позиција, но ова е нешто што, според мене, треба да биде разгледано. Да претпоставиме дека јас го советувам вашето Министерство за надворешни работи што може да направи, за да отвори неколку прозорци. Би ја проверил спремноста на Грција да ја разгледа можноста Нимиц да биде сменет, затоа што Грците не го сакаат многу Нимиц, и да се донесе некој друг во процесот. Ова е чиста шпекулација, меѓутоа ако зборуваме за стратегија, ова е добра стратегија. Да донесеме некој друг што можеби ќе ја поправи нашата позиција. Вие сте опкружени со копно, што значи дека на еден начин сте изолирани, а тоа што го слушнав од денешната дискусија, мислите дека сте крстопат. Коридор поминува низ Македонија, но од друга страна и не сте на некоја критична геостратешка позиција. Вашите карти се слаби. Па, можеби, вашиот народ е убеден дека вашата позиција е вистинската. Но, тешко во тоа ќе ги убедите луѓето надвор, да ì откажат поддршка на грчката позиција. Во тек е иницијатива во Франција, за да ја убедите малку да го сменат нивниот начин на мислење. Да ги убедите дека можат да направат бизнис за мали пари во Македонија. Сум ги видел вашите реклами на француските телевизии и на некој начин тие се прилично импресивни. Но, Саркози има потекло од Солун и нема да ја напушти Грција така лесно. Потребно е да свртите нов лист. Изборите кои поминаа во најдобар ред испратија некои сигнали, а имате и премиер и претседател од иста партија и со исти позиции, па кој знае?!Македонија ја тужи Грција пред Меѓународниот суд на правдата, откако беше ставено вето за влез на Македонија во НАТО. Дали тој потег на македонската влада дојде во вистинско време? Не, не ви беше добра идеја. Со ова им дадовте можност и тие да го направат истото во следната прилика. Со вклучувањето на адвокати во целиот тој процес, никој нема да добие, туку само ќе се искомплицира целиот процес. Еве еден добар пример. Медлин Олбрајт требаше да се сретне со Тони Блер на почетокот на 1999 г., пред кампањата на НАТО за Косово. И тие разговараа дали НАТО треба да заземе цврста позиција без резолуција од Советот на безбедност. Медлин Олбрајт сакаше да се бори за Косово, за Босна, таа беше личноста којашто рече: “Не смееме да дозволиме ова да се случува”. А Тони Блер во момент на слабост или двоумење ì рече на Олбрајт: “Имам проблем со моите адвокати. Тие мислат дека не треба да го направиме тоа”. А што му рече Медлин Олбрајт? “Најди си други адвокати”.

Мислам дека никому нема да му помогнат адвокатите. Тие дополнително ја комплицираат ситуацијата. Ви треба многу јасно билатерално решение. Вие мора да ја подгризнете усната, исто и тие, и потоа ќе завршите работа, па ќе влезете во НАТО и ќе можете да се нарекувате како сакате. Ќе имате формално име, а понатаму ништо друго нема да се смени, освен фактот дека така ќе бидете спремни за членство. Но, би го кажал и ова, членството во ЕУ е малку дискутабилно, затоа што ви преостануваат повеќе чекори и повеќе можности Грците да речат – не. Од друга страна, имате можност за пазарење. Можете да го искористите влијанието на едни земји врз други, за сосема други прашања. Можеби е полесно за вас да најдете пријатели насекаде низ ЕУ, за да извршат влијание врз Грција, кои ќе речат “да” на нешто што Грција сака, за Грција да рече “да” на нешто што ние сакаме, и тоа ќе биде влез за вас во ЕУ. Тоа е политика и пазарење. Темата на оваа дискусија е многу интересна. Кој пред 19 години можеше да замисли до каде ќе дотуркате. Вие имате луѓе кои истапија и помогнаа да се создаде нова земја. Тоа е историско. Некои ја немаат таа можност. Сега треба да научите да ја играте играта на друго ниво. На пример, Грција се придружи на Европската економска унија во 1981 г. И не научија да ја играат буџетската игра до средината на деведесеттите. Им требаше 15 години, да научат како да не бидат земјата што на сè става вето, затоа што Папандреу сакаше да добие политички поени. И сите ја мразеа Грција. Но, тогаш научија да играат малку подобро. Мислам дека е извесно дека ќе бидете членка на Европската Унија. Ќе ја завршам мојата мисла со тоа што ќе кажам дека некои луѓе во САД ќе се уморат од НАТО. Ако не успееме во Авганистан, ќе има многу дебати околу тоа зошто треба да се грижиме околу НАТО. Ајде да го затвориме. Тогаш вашите напори за НАТО ќе бидат залудни.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите, вели Манасиевски

Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и...

Македонија5 часа

(Видео) Кузеска: Го следиме трагот на парите, Томовски донира во ВМРО-ДПМНЕ

Скандалот со семејната фирма на Томовски која го чисти буџетот, или во бројки 5,3 милиони евра и 161 тендер е...

Свет7 часа

Зеленски: Преговорите со Америка не се лесни

Разговорите со американските претставници за мировниот план за Украина беа конструктивни, но не и лесни, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски...

Свет7 часа

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не е сигурен дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се согласи со новиот...

Македонија7 часа

(Фото) Запленети 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, уапсени две лица

Полицијата заплени 237 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација, а уапсени се две лица. Според информациите на...

Македонија7 часа

Авионско фрлање на мамки против беснило: граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа

Агенцијата за храна и ветеринарство започна со втората овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста...

Македонија8 часа

Сиљановска-Давкова: Имаме епидемија на малодушност и рамнодушност, вклучително и кон лични и колективни трагедии

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Свечената академија по повод државниот празник „Св. Климент Охридски“, којашто под нејзино покровителство се...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска демантираше дека Договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и Велика Британија предвидува изградба на...

Македонија1 ден

(Фото+видео) Ивановски: Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје

„Отстранет и првиот билборд од Железничката станица Скопје“ – објави на ФБ, директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски....

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?

„Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, пренесуваат дека Владата на Мицкоски...

Топ1 ден

Притвор за неготинчанец кој со закани со нож принудил жена на полови дејствија, ја снимал и барал пари да не го објави видеото

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице од Неготино, со живеалиште во Германија, кој е осомничен за кривични...

Свет1 ден

(Видео) Масовен руски напад врз Кременчук – делови од градот останаа без струја, вода и греење

Русија синоќа изврши масовен ракетен и дрон-напад врз украинскиот град Кременчук. Според украинските воздухопловни сили, експлозии биле забележани околу 1:30...

Свет1 ден

Најмалку 25 лица загинаа во голем пожар во ноќен клуб во Гоа, Индија

Најмалку 25 лица загинаа, а повеќемина се повредени во тежок пожар што околу полноќ го зафати популарен ноќен клуб во...

Свет2 дена

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Заштитната обвивка изградена за да спречи ширење на радијација од нуклеарната централа Чернобил мора итно да се поправи откако беше...

Македонија2 дена

Мицкоски: Европската интеграција не смее да се сведе на пасивно прифаќање, Македонија мора да знае да каже ДА кога тоа е во нејзина корист

Во 21 век, историското наследство не може да биде изговор за застој. Напротив, тоа е најсилен мотив државата да биде...

Македонија2 дена

Орбан: ВМРО стана една од најуспешните политички сили во Европа, ја поставивте вашата татковина на патот на стабилен, предвидлив и безбеден развој

Претставници на сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ упатија честитки за како што велат, достигнувањата на партијата кои ги имаше во последните...

Македонија2 дена

Тошковски доби опомена од „Сејф сити“ – возел со 1 километар на час над дозволената брзина

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на Фејсбук објави дека добил порака за сторен сообраќаен прекршок од „Сејф сити“. „Утрово,...

Македонија2 дена

Томовски: СДС да се извинат за клеветите и измислицитe, посочената компанија не е моја, во моментов немам никаква приватна компанија

„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија...

Македонија2 дена

(Видео) Димитријевиќ: Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра

Опозициската СДСМ денеска обвини дека семејната фирма на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, која го менувала името, добила 161 тендери...

Македонија3 дена

Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови, порача ВМРО-ДПМНЕ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира по објавите на британските медиуми и СДСМ дека Владата подготвува договор со Обединетото Кралство за отворање центар...