Македонија
Се отвора сообраќајна делница на булеварот Видое Смилевски Бато
Проширениот дел на булеварот Видое Смилевски Бато денеска ќе биде пуштен во употреба.
Булеварот ќе го прогласи за отворен скопскиот градоначалник Коце Трајановски.Со изградбата на овој дел од булеварот, се очекува да се растовари сообраќајот во Ново Лисиче, како и да се обезбеди подобар пристап за возилата од новата населба Реонски центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски: Се отвори ски центарот „Михајлово“, како Влада продолжуваме да работиме на реализација на проекти
„Првиот ден во Новата година сме овде во Кавадарци. Му честитам на градоначалникот за овој прекрасен објект, оваа ски- стаза.
Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но не само за кавадарчани туку од сите краеви на државата да дојдат да уживаат во овие прекрасни природни убавини, да се рекреираат и навистина би сакал ова да биде еден почеток, а понатаму уште повеќе да се развива и самото место и самиот регион затоа што навистина самата планина и сето ова коешто е околу оваа ски- стаза е нешто што претставува природна реткост“, истакна премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на ски центарот „Михајлово“ во близина на Кавадарци .
Како Влада, додад тој и во иднина ќе продолжиме да помагаме.
Сега во февруари ќе биде објавен и новиот повик до општините за да аплицираат со нови проекти кои што ќе бидат финансирани од страна на Владата. Заеднички кога се работи, успехот е тука“, нагласи тој.
Македонија
Делегација на СДСМ оддаде почит за ликот и делото на Киро Глигоров првиот претседател на независна Македонија
Делегација на СДСМ, претставена од потпретседателката Каја Шукова, генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ и пратеникот Митко Трајчулески, денеска положи свежо цвеќе и оддаде почит на вечното почивалиште на Киро Глигоров, првиот претседател на независна и суверена Македонија.
„Денеска се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство постави темели на модерната македонска држава. Неговите вредности, историските одлуки и државничкиот пристап оставија трајни белези во нашето општество и се патоказ за нашата борба за напредок и просперитет.
Киро Глигоров е симбол на дијалог, помирување и обединување. Во најтешките моменти за нашата држава, тој покажа лидерство и визија кои овозможија стабилност и напредок. Неговата верба во заедништвото, демократските вредности и европските перспективи остануваат наша инспирација за иднината.
СДСМ ги следи патеките на визијата на Глигоров за напредна и демократска Македонија.
Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас“, стои напишано во соопштението.
Македонија
30.000 денари за првото бебе во 2025 година во Гостивар
Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, денеска го посети Гинеколошкото одделение во Општата болница „Ферид Мурат“ во Гостивар за да изрази честитка за првото бебе кое се роди во 2025 година во Гостивар.
Бебето, здраво девојче со тежина од 3,5 килограми, се роди во 12:40 часот и е во добра здравствена состојба.
„Денес изразувам честитка за првото бебе родено во Гостивар со еден скромен гест, ваучер во вредност од 30.000 денари. Бебето оваа година е девојче и се надевам дека оваа година ќе биде добра и ќе имаме што повеќе новороденчиња“, изјави Лимани.