Контакт

Македонија

Грција ни крои нова влада

Објавено пред

Не се меша само за името

dobivaj vesti na viber

Јасно е дека максималистичките барања кои Папандреу само ги повтори по последната тура средби меѓу преговарачите и посредникот Нимиц се неприфатливи за македонската страна. Тогаш, според експертите и политичките актери, сосема е очекувано одложените преговори за полноправно членство во Унијата да предизвикаат политичка криза. СДСМ и ДУИ ќе инсистираат на ново парламентарно мнозинство, но нова влада ќе состави ВМРО-ДПМНЕПишува: Катерина НЕШКОВА

Притисокот што Грција засилено го прави пред 7 декември, кога европските министри ќе одлучуваат дали ќе ја поддржат препораката на Европската комисија, не го нервира владиниот тим само поради тоа што мора да ги разгледува грчките барања за промена на македонскиот идентитет. Грција, посредно преку политички актери од Македонија, влијае и на политичката стабилност во државата. Политичките аналитичари сè погласно и отворено говорат дека, ако Македонија не го реши спорот со Грција, во брзо време би настанала внатрешна криза што би можела да се реши исклучиво преку ново парламентарно мнозинство. Владејачки и опозициски македонски политичари исто така порачуваат дека по 7 декември можна е политичка криза. СДСМ и нејзиниот лидер Бранко Црвенковски обелоденија дека планот за уривање на власта на Никола Груевски тие го гледаат токму во спорот со името. Иако Црвенковски декларативно недвосмислено го поддржува и охрабрува својот политички ривал во преговорите со Грција, го најави своето сценарио: критики за неуспешната политика за името поткрепено со социјални немири и меѓуетнички тензии. На крај сè би требало да заврши со предвремени избори. Од владејачката партија, кризата по 7 декември ја најавува албанскиот партнер ДУИ. Нема да остане во владата на Груевски ако државата остане надвор од Европската Унија и НАТО, дури и по цена да стане опозиција. Евентуалната политичката криза, всушност, е одложување на најавуваната жешка политичка есен. Минатата недела кулминираше со писмото на Груевски до своето членство во ВМРО-ДПМНЕ за масовна мобилизација и расчистување со транзициските политичари.НОВА ВЛАДАСмената на власта преку притисок по веќе познатите сценарија на Црвенковски, деновиве доби и нов облик. Шемата шпекулативно ја разбиваат одредени медиуми блиски до директорот на ВАЦ Македонија, Срѓан Керим. Во нив се говори за сценарио на формирање т.н. концентрациона влада која би подразбирала концепт на широка коалиција или експертска власт. Според анализите во овие медиуми, најдобро решение за политичката криза би било формирање влада која ќе добие поддршка од сите политички партии, а која би ја сочинувале непартиски луѓе. Според таквото сценарио, актуелната власт би потклекнала на притисокот, но не би дозволила предвремени избори. СДСМ и ДУИ би се согласиле да ì дадат поддршка на експертска влада во која би имале доволно влијание. Целта е да го решат спорот со името, а потоа да се распишат избори. Се шпекулира и со имиња во таа влада. За премиер наводно се токмел претседателскиот кандидат Керим, додека, пак, министер за надворешни работи би бил Денко Малевски. Двајцата се излезени од јадрото на СДСМ во времето на поранешниот претседател Киро Глигоров, но денес себеси се дефинираат како независни од политички влијанија. Малевски би ја добил заслугата повторно да преговара со Грците како во почетокот на 90-тите години, кога прифати државата да влезе во Обединетите нации под привремената референца (што стана и меѓународно име): Поранешна југословенска република Македонија. На овој начин СДСМ би добил свои луѓе во Владата, но не толку експлицитно партиски, со што не би го навлекол гневот на гласачите на следни избори доколку се прифати промена на името. Шансите за ваква влада се мали. Уште повеќе што и средбата меѓу Црвенковски и Али Ахмети аналитичарите не ја толкуваат како сигнал дека Црвенковски успеал да го поврати стариот коалиционен партнер и евентуално да договори стратегија “за иднината на Македонија по 7 декември”. Според многумина, тоа беше политички гест на Ахмети, кој сакаше да му покаже јасно на својот сегашен партнер Груевски дека во моментот кога државата нема да ги добие очекуваните преговори за членство, без размислување ќе се обиде да предизвика владина криза. Членството во ЕУ и НАТО е единствениот темел на кој се потпираа предизборните ветувања на ДУИ.Политичка криза која би не стигнала поради грчките максималистички барања е извесна и таа мора да се решава со нова влада, децидни се и политичките аналитичари.“Ако нема решение во спорот со името, и тоа сега преку спуштање на проблемот на бриселско ниво и со поактивна улога на македонскиот премиер Груевски со конкретен предлог, јасно е дека следи политичка криза. Тоа е сосема извесно. Чекорот очекувано би го направил ДУИ, од каде најавија дека се подготвени да излезат од власта доколку не почнат преговорите за полноправно членство во ЕУ”, прогнозира професорката по уставно право, Татјана Каракамишева.Според неа, решение е формирање нова влада. Имајќи предвид дека премиерот Груевски за американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен изјави дека нема да има предвремени избори, останува новата влада да се формира преку ново парламентарно мнозинство. Решението е во прегрупирање на пратеничките групи. Владејачкото мнозинство повеќе не би броело 81 пратеник, но сè уште би било моќно. Високи партиски извори од ВМРО-ДПМНЕ направија пресметка за Форум според која коалицијата За подобра Македонија која ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ и помали партнери (8 партии во Собранието) би останала нечепната. Апсолутното мнозинство од 63 пратеници останува, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Есапот на опозицијата беше, доколку ДУИ излезе од власта, преку ветувања за нови државни функции да се раситни токму ова мнозинство, особено да се придобијат пратениците од помалите етнички заедници. Според пресметките, во одреден период спорни биле пратеничката Лилјана Поповска, потоа Кенан Хасипи од Демократската партија на Турците и Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите. Сепак, како што велат изворите, “се обезбедени да бидат во мнозинството до крајот на пратеничкиот мандат”. Според извори од владејачката партија, Груевски би бил подготвен ако ДУИ инсистира на заминување, во владата како албански партенр да ги врати Имер Селмани и Мендух Тачи.Дали ова ќе се случи, зависи од Грција и текот на преговорите за името, како и од одлуката на министрите за надворешни работи на 7 декември.СПОРОТ ОД КОЈ НИ ЗАВИСИ СÈ, АМА И НИШТОГруевски и грчкиот премиер  Јоргос Папандреу до седми декември нема да останат само на средбата во Мала Преспа. Иако во суштина ништо не решаваат со оглед на максималистичките барања на Грција: освен името, да го измениме идентитетот, да го промениме Уставот и пасошите и да ги користиме грчките топоними за местата во Грција, двајцата премиери според дипломатски извори на Форум, до 7 декември ќе се сретнат уште еднаш. Трета средба на Груевски и Папандреу, најверојатно ќе биде на 2 декември во Брисел. Покровител би бил повторно еврокомесарот Жозе Мануел Баросо, додека, пак, контактите и агендата меѓу македонската и грчката страна би ја договарале луѓе од кабинетот на францускиот претседател Никола Саркози. Извори од Брисел, но и од македонското МНР потврдуваат дека официјален Париз одржува контакти и со грчката и со македонската страна во врска со спорот. Кои се мотивите за тоа, засега никој не открива. Во таа насока се толкува и посетата на Мартин Протуѓер, шеф на кабинетот на Груевски и втор член во преговарачкиот тим за името, во Париз пред два дена. Тој, иако посетата ја најави како приватна, требало да се сретне со луѓе на Саркози со цел да ја договори токму агендата на средбата на 2 декември. Уште повеќе, што евентуалната средба се поклопува со посетата на францускиот министер за миграција Ерик Бесон во Скопје следната недела. Претходно, францускиот министер за одбрана Херве Морин беше во посета на Грција и со својот грчки колега разговараше токму за спорот меѓу Атина и Скопје.Од кабинетот на Груевски, официјално молчат за оваа средба. Неофицијално велат дека е сосема возможна средба меѓу Груевски и Папандреу во Брисел на 2 декември. Сепак, владејачкиот став е дека директните средби нема да вродат со плод. Решение за спорот за името нема да има. Особено не до 7 декември. Партиски извори од ВМРО-ДПМНЕ велат дека внатрепартискиот став е да не се прифати никаква измена на уставното име, без разлика на ризикот што тоа го носи за датумот за преговори за членство во ЕУ. Според одредени информации, партиското раководство засега е подготвено да го жртвува датумот и да се задоволи со добиената визна либерализација и отворањето на претпристапните ИПА-фондови од Брисел. Оттаму сметаат дека и прифаќањето директни средби меѓу македонскиот и грчкиот премиер е исто така конструктивност во преговорите бидејќи двајцата лидери Груевски и Папандреу, иако се на различна страна од спорот, можат да седат на заедничка маса.“Голем приоритет е да се добие датумот за преговори, но поголем е да не се промени името и да се зачува идентитетот”, вели висок претставник од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето

Објавено пред

Од

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани и на споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда.

dobivaj vesti na viber

На овој ден традиционално, Град Скопје ја доделува наградата „13 Ноември“ на поединци и институции кои со својата работа придонеле за развојот и афирмацијата на главниот град.

На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та дивизија на Народноослободителната македонска војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред Качаничката клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале 420 македонски борци, а вкупно за време на Втората светска војна, животите ги положиле над 4.600 скопјани.

Македонија за време на Втората светска војна беше на страната на антифашистичката коалиција. Во борбите против фашистичките окупатори, според проценките на историчарите, во Македонија загинале 33.000 луѓе, вклучувајќи ги и преку 7.000 македонски Евреи, кои беа депортирани во концентрацискиот логор Треблинка.

Прикажи повеќе...

Македонија

„130 милиони евра блокирани, загрозени 3.000 бизниси и 10.000 вработувања“, Николовски бара оставка од Трипуновски

Објавено пред

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше на интервјуто на министерот Цветан Трипуновски кој иако призна дека ИПАРД програмата е суспендирана но ниту презеде одговорност ниту понуди решенија.

dobivaj vesti na viber

„Министерот Трипуновски видно нервозен излезе на телевизија и наместо да понуди решение сам потврди дека ИПАРД е суспендиран– без да каже колкава е штетата, без да каже колку ќе трае проверката за корупција и криминал на неговите најблиски соработници, една од тие и негова посебна советничка“ вели Николовски.

Тој предупредува дека се загрозени 130 милиони евра европски средства, пари што требало да донесат над 3.000 нови бизниси и 10.000 нови работни места.

„Овие пари не се бројка на хартија, тоа се грантови за реални луѓе, за млади земјоделци, за семејства кои вложиле сопствени средства и надеж дека државата и Европа стојат зад нив. Денес се изневерени,“ истакнува Николовски.

Николовски го осуди и нападот на министерот врз претходните успешни програми што создадоа над 4.000 нови мали производители и илјадници семејства кои денес живеат од сопствен труд.

„Наместо да превземе одговорност, министерот нападна и претходни програми кои донесоа реални резултати, тој нападна над 4.000 нови мали производители, нови семејства кои денес живеат од сопствен труд. Програми што беа симбол на успех, сега се цел на безмислени критики.“

Јас денес понудив конкретни решенија, транспарентно и одговорно, за доброто на земјоделците и државата. Тој ги одби и избра да обвинува без никакви докази, додаде Николовски.

„Мојата борба не е против никого лично, туку за секој земјоделец кој денес чувствува дека е изневерен. Нудам помош и конкретни решенија и ќе ги понудам и на неговиот наследник, на секој што мисли добро за државата,“ порачува Николовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја денеска дел од Илинден и Центар

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;

· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Протекоа пораките меѓу Ендру и Епштајн: „Не можам повеќе да го поднесам ова“

Поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор им рекол на Џефри Епштајн и Гислејн Максвел: „Не можам повеќе да го поднесам ова“ кога...

Свет1 час

Мајка и ќерка во Австралија се преправале дека се видовити: измамиле луѓе за 46 милиони долари

Мајка и ќерка се уапсени во Австралија под сомнение дека се дел од една од најсофистицираните шеми за измама во...

Европа2 часа

Британија ја гради својата прва мала нуклеарна електрана: ќе биде во северен Велс

Велика Британија денес објави дека го избрала северен Велс како локација за својата прва нуклеарна електрана со мал модуларен реактор...

Свет2 часа

Боинг мора да им исплати 28 милиони долари на семејството на жртва од авионската несреќа

Поротата на федералниот суд во Чикаго во средата наложи Боинг да исплати повеќе од 28 милиони долари на семејството на...

Свет2 часа

(Видео) Трамп потпиша договор: се стави крај на најдолгата блокада на владата на САД во историјата

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се става крај на најдолгото затворање на владата во историјата на САД,...

Свет14 часа

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија17 часа

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија20 часа

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија20 часа

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија22 часа

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија23 часа

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура23 часа

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија23 часа

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Свет24 часа

Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал

Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја...

Македонија24 часа

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет1 ден

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет1 ден

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...

Европа1 ден

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден на 28 години затвор

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор...

Свет1 ден

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...