Македонија
Туристички мапи поставени во центарот на Скопје
Триесет и четири тродимензионални туристички мапи поставени се на 17 двострани рекламни паноа од типот сити лајт витрини, на различни локации во центарот на Скопје.
Триесет и четири тродимензионални туристички мапи поставени се на 17 двострани рекламни паноа од типот сити лајт витрини, на различни локации во центарот на Скопје.На паноата се поставени мапи на регионот со легенди и информации за важните институции и други обележја значајни за градот, а на нив е обележано и местото од каде се чита мапата.Мапите се тројазични, македонски, албански и англиски и треба да служат за подобро информирање на туристите.Поставени се во центарот на градот, во старата скопска чаршија и на Милениумскиот крст.„На овој начин сметаме дека туристите многу полесно и многу подобро ќе го осознаат Скопје и ќе имаат можност секоја од институциите која е значајна за градот да видат каде се наоѓа и да ја посетат“ – рече градоначалникот Коце Трајановски на денешната промоција на туристичките мапи. крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Град Скопје: Курто Дудуш фатен како ги труе граѓаните, ќе одговара за 7 кривични дела
Денес на терен инспекторите на градот Скопје со асистенција на интервентна полиција, констатираа нови кривични дела на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, при креирањето нова дива депонија за што е поднесена нова кривична пријава, со која дополнително се бара одговорност за загадувањето со канцерогени материи, соопшти вечерва Град Скопје, додавајќи дека Дудуш директно го загрозува здравјето на граѓаните.
Од Градот велат дека на овие кривични пријави им претходи пријава за дива депонија на територија на општина Шуто Оризари, која Курто Дудуш ја прави на лично свое приватно земјиште за што сам со себе во име на општината си склучил договор, а за што е фатен и за истото е изречена глоба и веќе е покрената пријава за соодветна одговорност.
„Јавноста треба да знае дека Комунална Хигиена Скопје редовно ги завршува своите активности во општина Шуто Оризари, а за она што е надлежност на градоначалникот Курто Дудуш, и контејнерите кои сам ги поставува на територијата на општината друг не може да биде одговорен. До овој момент против градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш поднесени се повеќе од 40 кривични пријави од кои најголем дел се однесуваат на сериозна злоупотреба на буџетски средства, исплати на пари без соодветни постапки и распишан тендер, креирање на диви депонии, загрозување на животната средина и здравјето на граѓаните“, се вели во соопштението на Град Скопје.
Понатаму се додава: Хаосот на Дудуш во Шуто Оризари настанат поради неговата неспособност и лукративни интереси, ќе го средиме за да се спречи загрозувањето на здравјето на жителите од општината, а ќе одиме до крај за целосно расчистување на случајот за Дудуш, криминогениот трујач на Скопјани да ја добие заслужената казна за делата за кои е утврдено одговорен.
Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, претходно денес ги повика жителите на средба в недела, во 19 часот, во спортската сала во Шуто Оризари за да дискутираат за депонијата во Шуто Оризари, непредвидливиот и недоволен јавен градски превоз, но и за честите прекини на електричната енергија.
„Депонијата во Шуто Оризари веќе долго време е проблем, но сега ситуацијата ескалира до алармантно ниво. Ѓубрето, неподносливиот мирис и загадувањето ја загрозуваат животната средина и здравјето на жителите. Многумина мислевме дека ова ќе биде нашиот најголем приоритет, но додека се справуваме со тоа, се појавија и други, исто толку сериозни проблеми“, наведува Дудуш.
Меѓу проблемите тој го споменува и јавниот превоз за кој вели дека сега е непредвидлив и недоволен.
Македонија
ДУИ: Разрешувањето на Даути е срамен и реваншистички акт
„Парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт, разрешувајќи ја Илире Даути од функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика, само затоа што одби да го помине дискриминаторскиот закон што предвидува компензација само за „бранителите“ од 2001 година“, велат од ДУИ.
Според нив оваа одлука не е ништо друго освен директен удар врз Охридскиот договор и обид за негово поткопување на секој можен начин.
„Наместо да работи на единство и еднаквост, оваа влада дејствува со логика на исклучување и реваншизам. Ова е јасна порака дека Албанците во оваа држава сè уште се сметаат за граѓани од втор ред и дека нивната жртва за еднаквост никогаш нема да биде признаена од власт што е заробена во минатото. ВЛЕН, како и досега, совршено ја одигра улогата на покорен слуга, одобрувајќи и молчејќи пред овој срамен чин. Ова уште еднаш докажува дека тие не се претставници на интересите на Албанците, туку слуги на оние што сакаат да ги поткопаат нашите колективни права“, велат од ДУИ.
Со 61 глас Собранието ја разреши пратеничката Илире Даути од ДУИ од местото претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. Taa не го почитувала Собранискиот деловник со тоа што не го ставила Законот за правата на бранителите на комисиска расправа и ги лишила пратениците од дебата за него.
Македонија
Изгласана интерпелацијата за Илире Даути
На првата собраниска седница од годината, владејачкото мнозинство ја поддржа интерпелацијата на Левица за Илире Даути.
Интерпелацијата ја образложи Сашко Јанчев кој рече дека Даути со нејзиното „несовесно, неодговорно, противуставно и противзаконско однесување“ го кочи Законот за бранители со тоа што не го става на дневен ред на Комисијата со која претседава.
Од Левица велат дека Собранието дефакто констатирало дека пратеничката Илире Даути го крши Уставот и законите со блокадата на Законот за бранители.
„Со ова се пресече јазолот во Собранието, кој ДУИ го создаде преку неделовничко и насилничко дејствување – наместо да се исползува народната волја, собраниските процедури се киднапирани“, велат од Левица.
Од партијата додаваат дека со својата проактивност го донеле мнозинството пред свршен чин, додека СДСМ и понатаму не успева да излезе од сенката на ДУИ и да фати чекор со нив кои ја водат главната опозициска борба.