Спорт
Еден месец пауза за Роналдо
Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ќе паузира еден месец по повредата со која се здоби на натпреварот против Унгарија.
Кристијано Роналдо еден месец ќе биде надвор од терените по повредата која ја доби на натпреварот против Унгарија.На Роналдо не може да се смета за последниот натпревар од квалификациите за С.П. во Јужна Африка, а ниту за дербито од Лигата на шампионите против Милан на 21 октомври. Роналдо го преврте зглобот на десната нога на натпреварот против Унгарија уште во 27-та минута. „Клиничкиот преглед и скеновите покажаа дека Роналдо има повреда на десниот зглоб и проценетото време за за се залечи повредата е од три до четири недели, зависи од клиничкиот развој на третманите“ изјавија од Реал Мадрид. ПОртугалската репрезенбтација е на второто место во групата веднаш зад Данска и ќе осигураат бараж натпревари ако дома ја победат Малта во последното квалификационо коло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Два гола и асистенција за Миовски – Убедлив триумф на Џирона против Еспањол
Џирона во малото каталонско дерби го совлада Еспањол со 4:1 и се искачи на петтото место на табелата. Натпреварот со два гола и асистенција го обележа Бојан Миовски. Македонскиот репрезентативец ги постигна првите гоови за Џирона во Примера, претходно постигна два и во Купот на Кралот против Екстрамадура.
Тандемот Брајан Хил-Бојан Миовски го уништи Еспањол за само 22 минути. Македонскиот репрезентативец му асиситраше на Хил во четвртата минута за првиот гол. Потоа Хил му се реваншира со две асистенции во 16. и 22.минута.
Импресивната партија на Џирона ја заокружи чепкиот репрезентативец Крејчи во 27.минута. За Крејчи ова е првиот гол во дресот на Џирона и тој како и Миовски во летниот преоден рок пристигна на „Монтоливи“.
Честа на Еспањол ја спаси најдобриот играч, капитенот Хави Пуадо во 55.минута.
Спорт
(Видео) Тотенхем среде Манчестер го декласира Сити
Тотенхем ја продлабочи кризата на Манчестер сити. Вечерва на „Етихад“ во Манчестер, Тотенхем со 4:0 го декласира актуелниот шампион. Сити го забележа петтиот последовен пораз во сите натпреварувања.
Иако Сити тргна поагресивно, а Ерлинг Халанд не успеа да го совлада Гиљермо Викарио кога се најде сам пред него, Тотенхем беше тој што дојде во водство. Се играше во 13. минута кога Дејан Кулушевски му асистираше на Џејмс Медисон кој ја затресе мрежата.
Ниту навивачите, ниту играчите на Сити се уште не се опоравија шокот, а Едерсон уште еднаш мораше да ја вади топката од голот.
Само седум минути му беа потребни на Тотенхем уште еднаш да ја затресе мрежата на домаќините. Овој пат во улога на асистент беше Хјеон-Мин Сон, а Медисон повторно беше стрелец.
Како одговор на уште едно промашување на Халанд, стигна обидот на Доминик Соланке, но Едерсон беше внимателен и направи фантастичен одбрани.
Спарс не беа задоволни од она што го направија во првите 45 минути. Веќе во 53. минута Сити повторно тргна од центарот.
Брилијантна контра започна Колушевски, мина тројца играчи на Сити, одигра двојно со Сон, па го проигра Соланке, кој ја врати топката на 10 метри за Педро Поро кој погоди за 0:3.
Сити имаше обиди и тоа добри преку Халанд и Гундоган но Викарио остана несовладан.
Тимо Вернер само три минути по влегувањето во игра му ја сервираше топката на Бренан Џонсон кој го постави конечниот резултат во 93.минута.
Ова е петтио пораз по ред за Манчестер сити. Лошата серија започна против Тотенхем во Лига купот (2:1) на 30 октомври. Следуваше пораз од Борнмут во Премиер лигата (2:1), потоа од Спортинг во Лигата на шампионите (4:1), а потоа и пораз од Брајтон во Премиер лигата пред репрезентативната пауза (2:1). Петтиот пораз, трет во Премиер лигата е од Тотенхем.
Пеп Гвардиола никогаш не загубил пет последователни натпревари во својата тренерска кариера.
Спорт
Милан и Јувентус ги разочараа навивачите
Без победник и без голови заврши 242. соочување на Милан и Јувентус. Великаните на италијанскиот фудбал, пред 80.000 гледачи на „Сан Сиро“ одиграа натпревар под сите стандарди.
Милан и Јувентус во дербито се појавија со јасна цел и план, да не загубат. Така на теренот ги поставија своите фудбалери Поло Фонсека и Тијаго Мота. Тренерите одиграа партија шах на теренот, буквално секој играч имаше јасна задача на теренот, поради што гледачите не видоа апсолутно ништо.
Јувентус го освои 25.бод во Серија А, колку што имаат со натпревар помалку Фиорентина, Аталанта и Лацио, бод повеќе има Наполи, а три бода повеќе Интер. Милан е седми со 19 бодови.