Спорт
Евробаскет: Македонија и натаму гази
Македонија – Словенија 68:59. Шеста победа на македонските кошаркари во серија која во ниеден момент не беше оспорена ниту од фаворизираните Словенци (20:16; 19: 15; 15:11 и 14:17) кои во водство беа само во 3. трета минута од втората четвртина.
Македонија – Словенија 68:59. Шеста победа на македонските кошаркари во серија која во ниеден момент не беше оспорена ниту од фаворизираните Словенци (20:16; 19: 15; 15:11 и 14:17) кои во водство беа само во 3. трета минута од втората четвртина.Македонија со големата победа извојувана во супериорна игра над кошаркарската селекција на Словенија во недела ќе играат за првото место во Групата Ф против репрезентацијата на Русија. Но без разлика на тој резултат, македонските кошаркари во четвртфиналето ќе избегнат дуел со Шпанија, како последен европски шампион или со Франција, еден од главните фаворите на шампионатот во Литванија, екипи кои досега на првенството покажаа најдопадливи игри.
Вечерва во Вилнус пред македонските спротски суперхерои падна и фаворизираната Словенија, која досега не знаеше за пораз во средбите со македонските кошаркарски селекции.
Ако досега можеше да смета дека успехот на македонските кошаркари се должи и на евентуалното потценување од страна на противниците, на мечот со Словенија беше очигледна зрелата игра и решеноста со истрајност да се дојде до победата. Исто така, забележливо е дека и Словенците вечерва сериозно му пријдоа на мечот со Македонците, но исто така евидентен беше стравот од нивнтие вечерашни противници.
По добиенот прво полувреме со осум поени разлика, на почетокот од второто, благодарејќи на досудената техничка грешка за нашиот капитен Перо Антиќ, а веднаш потоа и фаулот на Гечевски, придонесоа нашите најдобри скокачи на првенството многу рано да заработат по три лични грешки, што ќе бара реорганизација во играта во одбраната. За среќа и Словенците веќе солидно зафатени од стравувањето прават многу грешки во нападот, па Македонија до средината на третата четвртина го одржува водството со кое се замина на полувремето. Искусниот стратег на клупата на Словенците, Божидар Маљковиќ, во 26 минута од натпреварот се најде во многу непријатна ситуација, кога неговиот најрасположен за игра денеска кошаркар Горан Драгич, го заработи четвртиот фаул а Македонија оди на плус 12 поени, нависоко водство на денешниот меч. Истовремено и Докузовски е на маки, бидејќи Гечевски добива повреда на десната рака, и на негово место во игра влегува Чековски. Македонија во овој дел од натпреварот форсира игра во противничкиот рекет, што не носи посебен резултат, повторно благодарејќи на грешките на словенечките кошаркари. Предноста ја носат и седумте украдени топки на Македонците во одбраната, додека до овој период од играта противникот има далеку повеќе загубени топки во нападот 13. Така на крајот од третата четвртина, Македонија ја зголемува предноста од полувремето и заминува на кусата пауза со предност од 54:42.По неполни три минути игра во четвртата четвртина, Македонија го има најголемото водство на мечот од плус 17. Кога во следниот напад Словенците во контранапад останувајќи тројца против еден не реализираа ткн зицер а згора на тоа веднаш направија фаул за да го спречат контранападот на Македонците, се чини дека на пет минути до крајот не смее да се испушти сигурното водство. Македонските кошаркари, кај кои се чувствува помалку и заморот, дозволуваат на три минути до крајот противникот на намали на 12 поени разлики во наша полза. Тоа е период на долги напади на македонските кошаркари не без реализација ниту од под кошот, ниту од за ударите од поле, па Словенците намалуваат на 9 поени на малку повеќе од две минути до крајот на мечот. Докузовски зема тајмаут на минута и 15 секунди до крајот кога Словенија прави серија од 11:0 , и намалува на само шест поени разлика. Се чини задоцнета реакција, којашто може да доведе до ситуација од готово вересија. Но Војдан Стојановски во вистински момент постигнува тројка, а Горан Драгич во против напад прави грешка во чекори и веднаш потоа ја направи својата петта лична грешка и од игра излегува најпрецизниот играч во противничкиот тим со постигнати 20 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рајмунд сензационален победник на малата скокалница
Германецот Филип Рајмунд ја шокира конкуренцијата и го освои златниот медал на малата сколаница на Зимските олимписки игри во Милано и Кротина.
Покрај Германецот изненади и Полјакот Каспер Томашијак, тој заврши на втората позиција.
Оценките на судиите беа пресудни, во борбата межу нив двајца. Филип Рајмунд го освои златниот медал, и покрај тоа што Каспер Томашјак имаше подолги скокови и во првата и во втората серија. Благодарение на неговиот добар стил и доскок, Германецот стана олимписки шампион и покрај тоа што нема ниту победа во Светскиот куп.
Бронзата им припадна на Грегор Дешванген од Швајцарија и Рени Никаидо од Јапонија.
Разочара Словенецот Домен Превц, победникот на Новогодишната турнеја и светски првак во ски летовите. На крајот го освои шестото место.
Следниот натпревар, мажите ќе го имаат на 14 февруари на големата скокалница, ден подцна ќе се натпреваруваат и дамите.
Foto/ EPA
Спорт
Кам-бек на Серена Вилијамс
Серена Вилијамс се враќа на тениските терени.
Оваа ексклузива ја објави американскиот новинар Бен Ротенберг на својот блог.
„До крајот на овој месец, Серена Вилијамс, ќе се стекне со право да се натпреварува, бидејќи завршува шестмесечна програма за тестирање на нејзините можности“, напиша Ротенберг и додаде:
„Враќањето на Серена сега е официјално – официјално“.
Сопственичката на 23 гренд слем трофеи во сингл не играла професионален тенис 1.256 дена, практично откако загуби во третото коло на Отвореното првенство на САД од Ајла Томљановиќ на 2 септември 2022 година.
Една од најголемите тенисерки на сите времиња има 44 години и две деца.
Серена го имаше своето професионално деби во октомври 1995 година, пред 31 година.
Во меѓувреме, таа освои 73 титули во поединечна конкуренција, вклучувајќи седум титули на Австралија Опен, три на Ролан Гарос, седум на Вимблдон и шест титули на Ју-ес Опен.
Таа има и 23 титули во двојки, од кои 14 на „главните турнири“, каде што оствари и два триумфа во микс-дубл. Освои една титула во ФЕД и две во Хопман купот, секако е важно да се споменат четири олимписки златни медали – едно во поединечна конкуренција (2012) и три во двојки (2000, 2008 и 2012) освоени со постарата сестра Венус.
Серена Вилијамс помина 319 недели на врвот на ранг-листата на ВТА.
Ова ја прави втора најуспешна тенисерка во историјата според тој критериум, зад Штефи Граф (377 недели).
Foto/ depositphotos
Спорт
„Ова е доказ зошто ВАР системот апсолутно не функционира“
Легендарниот дански голман Петер Шмајхел се приклучи на дискусиите и негодувањата по дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, кое гостинскиот тим го доби со 2:1.
Некогаш еден од најдобрите голмани во светот не штедеше зборови кога коментираше за судењето и примената на ВАР технологијата.
Шмајхел, кој долго време јавно го оспорува воведувањето на видео асистентот во фудбалот, конкретно се осврна на ситуацијата на крајот од натпреварот на „Енфилд“.
Контроверзен момент беше поништениот гол на Рајан Шерки, со кој Сити можеше да поведе со 3:1, додека во исто време Доминик Собослај доби црвен картон, откако претходно го фаулираше Ерлинг Халанд.
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Сити им изјави на англиските медиуми дека не гледа логика во таквата одлука, потсетувајќи дека главниот судија Крег Посон првично го призна голот. Дури по консултација со својот колега Џон Брукс од ВАР собата ја променил својата одлука.
Шмајхел вели дека интервенцијата била целосен неуспех.
„Едноставно не разбирам. Одлуката на теренот е гол. Требаше така да остане. За мене, ваков епилог е доказ зошто ВАР апсолутно не функционира. Нема смисла да им се дозволи на судиите да прават нешто вакво… Која е целта? И Ливерпул сакаше голот да биде потврден, бидејќи кога го поништија црвен картон доби Собослај“, рече меѓу другото Петер Шмајхел.
Сличен став изрази и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој по натпреварот оцени дека одлуката не и користи на ниту една страна, прашувајќи „каде е тука здравиот разум?“.

