Македонија
Почнува новогодишната забава во Скопје
„Леб и сол“, Ареа, Дарио, Елена Ристевска, Јован Јованов, Адријан Гаџа, Влатко Лозановски и Д.Н.К.., во понеделник ја отвораат четиридневната забава за пречекот на новата 2010 година во Скопје. Скопјани во наредните денови на градскиот плоштад ќе ги забавуваат музичари од
„Леб и сол“, Ареа, Дарио, Елена Ристевска, Јован Јованов, Адријан Гаџа, Влатко Лозановски и Д.Н.К.., во понеделник ја отвораат четиридневната забава за пречекот на новата 2010 година во Скопје. Скопјани во наредните денови на градскиот плоштад ќе ги забавуваат музичари од Македонија и од соседните балкански земји. Покрај „Леб и сол“, Владо Јаневски и Есма Реџепова, ќе настапат и Џибони, „Прљаво казалиште“ и „Мањифико“. Во вторник на градскиот плоштад ќе настапат хрватска пејачка Даниела Мартиновиќ, „Битлси реал Трибјут“ од Србија, Митан Проџект и Андријана Јаневска, „Инфјус и Шкрип Оркестра“ и Жоамбо Словенија. Настап на групите „Фолтин“, „Суперхикс“, „Беј Д Фиш“, како и Ѕвонко Богдан од Србија, Јордан Костов и „Ретро Кабаре“, се закажани за среда.На 31-ви, за најмладите забавата ќе почне на градскиот плоштад, од 11 часот и 30 минути, со богата програма. Предвидена е театарска претстава за деца, настап на детски хор и пристигнување на Дедо Мраз. Забавата за возрасните почнува од 20 часот, со настап на Есма Реџепова, а потоа и на Владо Јаневски, Џибони и „Прљаво казалиште“ од Хрватска и „Мањифико“ од Словенија. Новогодишна забава ќе има и на Скопскиот саем, во првата и во третата хала, каде покрај македонскиот музичар, композитор и диџеј Кирил Џајковски и „Горилаз Саунд Систем“, ќе можат да се слушнат диџеи и од Велика Британија и Израел.Град Скопје годинава покрај плоштадот „Македонија“ ги украси и паркот „Жена борец“, деловите околу Владата, Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“, Судската палата и булеварот „Партизански одреди“. Организатори на новогодишната програма се Град Скопје и телекомуникацискиот оператор „ОНЕ“./крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

