Скопје
Со 20 млн. денари ќе се враќа автентичниот изглед на Старата скопска чаршија

Министерството за економија со Програмата за поддршка на туризмот за 2015 година издвои 20 милиони денари за поддршка на проекти во Старата скопска чаршија, или за враќање на оригиналниот изглед на дуќаните во Старата скопска чаршија, како една од најатрактивните локации за привлекување на странски туристи, која се вбројува меѓу најголемите чаршии на Балканот.
Министерството за економија со Програмата за поддршка на туризмот за 2015 година издвои 20 милиони денари за поддршка на проекти во Старата скопска чаршија, или за враќање на оригиналниот изглед на дуќаните во Старата скопска чаршија, како една од најатрактивните локации за привлекување на странски туристи, која се вбројува меѓу најголемите чаршии на Балканот.
Ова го потврди министерот за економија Беким Незири на консултативна средба со градоначалникот на општина Чаир Изет Меџити и државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехапи, каде што тема за дискусија беше проектот за враќање на автентичниот изглед на Старата чаршија во Скопје.
„Министерството за економија со Програмата за поддршка на туризмот за 2015 година издвои 20 милиони денари за поддршка на проекти во Старата скопска чаршија. Во конкретниов случај станува збор за проект кој има за цел да го врати оригиналниот изглед на дуќаните во Старата скопска чаршија, како една од најатрактивните локации за привлекување на странски туристи, која се вбројува меѓу најголемите чаршии на Балканот. Ние, како централна власт и, секако, општина Чаир имаме обврска да ги поддржуваме ваквите проекти, со цел да се привлечат што повеќе странски туристи”, рече министерот Незири.
Градоначалникот на Чаир Изет Меџити рече дека целта на овој проект е да се врати сјајот на Старата скопска чаршија, бидејќи денес во една единствена уличка може да се најдат десет различни излози, изградени од метал, од дрво и други материјали кои не ја пренесуваат автентичноста на чаршијата.
„За да се врати автентичноста на Старата чаршија како пример го земавме моделот на Сараево, чија чаршија е една од најпознатите и во која сите дуќани и улички се унифицирани. За реализација на овој проект ќе се користат средства од Програмата ИПА, со кои ќе го вратиме оригиналниот изглед на локалната заедница во чаршијата и на дел од дуќаните во неа. Дуќаните ќе се реновираат, само со согласност на сопствениците, што значи тој сегмент ќе се изведе само со нивна желба, односно не е задолжителен. Сите трошоци ќе ги покрие општината, во соработка со Министерството за економија“, истакна Меџити.
Државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехапи рече дека овој проект е поддржан од Министерството за култура и дека секоја иницијатива ќе се спроведува во координација со вклучените институции.
Министерот Незири категорично ги отфрли дезинформациите кои беа пренесени во некои медиуми дека овој проект е задолжителен за занаетчиите и сопствениците на дуќани во чаршијата, односно дека се обврзани да ги заменат излозите на продавниците, додавајќи дека иако Министерството за економија и општината Чаир ќе го покријат поголемиот дел од инвестицијата, ова нема да биде направено без согласност од сопствениците и од Здружението „Еснаф“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Реконструиран локалниот пат Бујковци – Мршевци

Општина Илинден изврши комплетна реконструкција на локалниот пат што ги поврзува населените места Бујковци и Мршевци, во должина од 1.100 метри. Во рамки на проектните активности на терен се изврши целосно санирање на постоечката асфалтна површина со поставување на нов асфалтен слој, извести Општината.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во градежните активности и нагласи дека после многу години конечно се реконструира овој локален пат, кој е од исклучителна важност за повеќе населени места од општината како и дека со ова значително се подобрува секојдневието на жителите и се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Дополнително, ќе се постави ново ЛЕД улично осветлување во должина од над 400 метри, како и целосна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација согласно сообраќајниот проект.
„Изградбата на овој локален пат е дел од проектите што ги финансира Владата, а средствата за реализација се 60% од Владата на Република Македонија и 40% од Буџетот на Општина Илинден.
Локалната самоуправа и понатаму останува посветена на реализација на инфраструктурни и развојни проекти, со цел создавање современи, квалитетни и безбедни услови за живот на сите граѓани“, велат од Општината.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Реконструкцијата на ,,11 Октомври“ е во полн ек, учениците почнуваат со настава во подобри услови

Општина Центар ја реализира реконструкцијата на Основното општинско училиште „11 Октомври“ во населбата Пролет, како дел од континуираните заложби за унапредување на условите во сите училишни објекти на територијата на општината.
Градоначалникот Горан Герасимовски изврши увид на терен и лично се информираше за текот на работите и динамиката на реализација на градежните зафати.
„Летниот период го користиме за подобрување на условите во училиштата во Центар. Оваа недела неуморно се работи на реконструкцијата на ООУ ‘11 Октомври’, со цел учениците да започнат со настава во подобри, поквалитетни услови. Секоја реконструкција е инвестиција во иднината, a здравата, чиста и функционална училишна средина е предуслов за квалитетно образование и личен развој. Нашата цел останува иста, а тоа е сите деца во Центар да учат во модерни и безбедни услови, без исклучок“, изјави Герасимовски.
Во рамки на реконструкцијата се врши целосна замена на подовите во три кабинети и пет училници, додека во дополнителни три училници се изведуваат активности за стругање и лакирање на подовите. Паралелно се спроведуваат гипсарски работи, а предвидено е и молерисување на целиот училишен објект.
Оваа реконструкција претставува продолжение на веќе реализираните инвестиции во ООУ „11 Октомври“. Досега беше темелно обновена училишната трпезарија со површина од 165 квадратни метри, реновирана е фискултурната сала, како и санитарните јазли во објектот, извести Општината.
Македонија
Без вода денеска корисниците од улицата Црвена скопска општина

Од ЈП Водовод и Канализација добиено е известување дека денеска, поради дефект во шахта (промена на шибер во шахта ф 50 мм) на улицата Кеј Димитар Влахов бр.4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Црвена Скопска Општина (сите објекти кои се наоѓаат на истоимената улица).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работата.