Спорт
Арсенал е со едната нога во Лигата на шампионите
Треба да се почека и да се проследи реваншот следната недела но Арсенал веќе може да го прослави пласманот во фазата по групи.
Арсенал во вчерашниот квалификационен натпревар за пласман во фазата по групи од Лигата на шампионите го порази тимот на селтик на гостински терен со конеченр резултат од 2:0. Арсенал го диктираше темпото скоро низ целиот натпревар, не оставајќи многу простор за нададот на Селтик. Вилијам Галас го постигна првиот гол во 43-та минута а судбината на Селтик беше запечатена во 71-та минута откако Гери Калдвел потигна авто гол по подавањето на Гаел Клиши. ФК Копенхаген минимално со 1:0 го победи АПОЕЛ Никозија, а победата ја обезбеди чешкиот фудбалер Зданек Поспеч во 54-та минута. ФК Шериф исто така изгуби на домашен терен од Oлимпијакос Пиреас со головите на Сеарсенс во 46-та и Митроглоу во 81-та минута. Штудгарт исто така славеше на гостински терен повторно со резултат 2:0 но овојпат натпреварот беше решен во првото полувреме со помош на головите на Гебхарт од пенал во 28-та минута и на повратникот во тимот Александар Хлеб две минути подоцна. На натпреварот со најмногу голови Спортинг против Фиорентина немаше победник но тимот од Фиренца си обезбеди предност за реваншот на 26-ти овој месец. Први во водство дојдоа гостите во 6-та минута со голот на Варгас а изедначувањето дојде дури во второто полувреме преку Симон Вукчевиќ. Црногорскиот интернационалец ќе го пропушти реваншот следната недела поради црвениот картон кој го заработи само една минута откако го постигна израмнувачкиот гол. Пресвртот на натпреварот се случи во 66-та минута кога Мигел Велосо погоди за 2:1 за Спортинг. Алберто Џилардино ги расипа плановите на Спортинг кога во 79-та минута погоди за конечни 2:2. Денес на програмата е втората половина од последното квалификационо коло за пласман во фазата по групи а силите ќе си ги одмерат: Панатинаикос -Атлетико Мадрид,Лефски Софија-Дебрецени, Олимпик Лион-Андерлехт, Салзбург-Макаби Хаифа, ФК Вентспилс-ФК Цирих.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Влаховиќ успешно опериран, ќе паузира 14 недели
Душан Влаховиќ е успешно опериран во Лондон по повредата на левата аддукторна тетива, потврди Јувентус. Според првичните проценки, напаѓачот ќе биде надвор од терените најмалку 14 недели, што значи дека се очекува да се врати дури во март 2026 година.
Српскиот ас ја претрпе повредата за време на победата на Јувентус над Каљари во Серија А, по што веднаш отпатува во Лондон на консултација со стручњак. Операцијата, која ја извршија проф. Ернест Шилдс и Ровена Џонсон во присуство на клупскиот доктор Марко Фрески, беше извршена во клиниката „Мајо“ во Лондон.
„Играчот ќе ја започне програмата за рехабилитација од петок, 5 декември“, се наведува во соопштението на клубот.
Влаховиќ е вториот играч на Јувентус кој беше опериран вчера. Дефанзивецот Федерико Гати го оперираше менискусот на десното колено во Нант.
По операцијата, се огласи и Влаховиќ и напиша на социјалните мрежи:
„Се гледаме наскоро“.
Foto/ EPA
Спорт
Меси не е сигурен дали ќе игра на Светското првенство
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изјави дека можеби ќе го пропушти Светското првенство следното лето, односно дека можеби ќе го гледа турнирот од трибините, наместо да ја брани титулата со Аргентина на теренот.
Осумкратниот освојувач на Златната топка, кој го слави својот 39-ти роденден во јуни, изрази желба да се натпреварува, но призна дека можеби нема да биде во составот.
Тој нагласи дека нема намера да му биде пречка на националниот тим.
„Не сакам да бидам товар“, рече тој пред ждрепката во Вашингтон.
Меси изрази загриженост за одржување на врвна физичка кондиција.
„Ќе имаме подготовки помеѓу, со неколку натпревари до Светското првенство, и ќе видиме како ќе одат работите ден по ден за да видиме дали навистина се чувствувам доволно физички подготвен за да бидам таму каде што би сакал да бидам и да можам да учествувам“, рече Меси.
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, претходно изјави дека е свесен за „неизбежното заминување“ на капитенот. Тој изјави дека го вклучил Меси во националниот тим, но призна дека тимот „значително се развил во последните години“.
Foto/ EPA
Спорт
По 100.000 симулации, суперкомпјутерот пресмета дека Шпанија ќе победи на СП
Foto/ EPA
Ждрепката за Светското првенство во 2026 година ќе се одржи денес во Центарот „Кенеди“ во Вашингтон. Церемонијата започнува во 18:00 часот по средноевропско време, а малку подоцна ќе биде познато како ќе изгледаат 12-те групи на досега најмасовното Светско првенство.
САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули ќе бидат домаќини на Светското првенство..
Ова ќе биде првото Светско првенство на кое ќе се натпреваруваат 48 репрезентации, дури 16 повеќе отколку на Светското првенство во Катар 2022 година.
Ова значи дека вкупниот број на натпревари ќе се зголеми од 64 на 104.
Националните селекции ќе бидат поделени во 12 групи од по четири екипи. Двете најдобри екипи од секоја група и осум од 12-те третопласирани репрезентации ќе се пласираат во осминафиналето.
Експертите од платформата „Фудбал мејтс дата“, специјализирана за применета фудбалска статистика, направија 100.000 симулации на претстојното Светско првенство за да гои одредат фаворитите пред ждрепката.
Суперкомпјутерот ѝ дава на Шпанија најголема шанса за титулата, пред бранителот на титулата Аргентина и актуелниот вицешампион Франција.


