Македонија
Хаиер и Тривју основаа заедничка фирма во Македонија

Кинеската компанија Хаиер и корејската Тривју основаа заедничка фирма во Македонија, чија цел, ќе биде производство на електронски составни делови
Кинеската компанија Хаиер и корејската Тривју основаа заедничка фирма во Македонија, чија основна цел, ќе биде производство на електронски составни делови.
Веста денеска ја објави интернет порталот „Тотал“, повикувајќи се на податоците од Централниот регистар на Македонија.
Новата фирма Тривју Хит ДОО Скопје е основана со основачки влог од 5 илјади евра, а преку неа ќе се реализира најавената инвестиција на корејската фирма Тривју во слободната економска зона Бунарџик во изградба на фабрика за електронски делови.
Во новата фабрика која треба да почне да се гради многу брзо освен ЛЦД монитори и електронска опрема ќе се произведуваат и десктоп и лаптоп компјутери. Станува збор за инвестиција од 4 милиони евра, со која треба да се отворат околу 100 нови работни места.
Корејската Тривју е една од водечките производители на ЛЦД монитори во светот, додека преку кинеската Хаиер македонската влада увезе компјутери за проектот “компјутер за секое дете”. /крај/тотал/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почна санацијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, советникот Бојан Бојкоски и претставници од одделението за комунални дејности во општина Битола, денес извршија увид на работните активности за санација на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“.
Од Општината информираат дека со овој проект, во износ од 46.031.312 денари опфатена е санација на постоечките скалници – седишта, премачкување, обработка, поставување на седишта, за што ќе бидат набавени 4.852 парчиња, вклучувајќи ги и резервните и ќе се изврши заштита на сите челични елементи, вклучувајќи ја и настрешницата.
Проектот за санација на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ е проект за кој Општина Битола доби финансиска поддршка од Владата, преку првиот повик за инвестициии во инфраструктура.
Паралелно, Општина Битола во соработка со ФФМ работат на исполнување на условите на УЕФА, за одигрување на меѓународниот натпревар на 9 септември за селекциите до 21 година, помеѓу Македонија и Италија.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: На судиите на Заев и Ахмети не им е доволно што Мерко е на црната листа на САД

Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако претходно денес судот на струшкиот градоначалник му изрече парична казна од 100 дневни глоби од по 100 евра или вкупно 10 000 евра за незаконското именување на директори на училишта.
Од владејачката партија потсетуваат дека истиот судија претходно, го прогласи Мерко за невин за набавката на луксузното ауди А6 од 67 000 евра и уште три други автомобили со вкупна вредност од 114.000 евра.
„Функционерите на СДС и ДУИ прекршувале законски прописи, ги урнисаа институциите но и покрај тоа влакно не им фали, и додека расипнички се однесувале кон државата и институциите енормно се обогатија врз грбот на граѓаните. САД го ставија Рамиз Мерко на американската црна листа поради значајна корупција но и тоа не им е доволно на судиите и обвинителите клиентелисти на Заев и Ахмети“, се вели во реакцијата на владејачката партија.
Се додава и дека олицетворение на правосудниот колапс е Рамиз Мерко, чии судски предмети чудесно застаруваа или беа сторнирани. Пресудите за Рамиз Мерко, велат од ВМРО-ДПМНЕ, се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица.
„Легитимно се поставува прашањето дали постојат институции да го спречат Мерко?“, велат од партијата.
На Мерко не му беше изречена затворска казна, туку парична од 10.000 евра, а беше образложено дека судијата ги земал во предвид олеснителните околности, меѓу кои и тоа што Мерко нема претходни осуди. Беше образложено дека директорите во училиштата не биле бирани од редот на вработените, не бил објавен јавен оглас, немале работно искуство најмалку 5 години и биле бирани едно по друго, спротивно од Законот.
Против Мерко се водат уште два предмети поврзани со назначување директори во други училишта, и процес за незаконско поставување споменик пред зградата во Општината.
Македонија
Ефективен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи, Апелација им го укина куќниот

Апелациониот суд Скопје ја укина мерката куќен притвор за ексдиректорите на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи и им определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Од судот информираа дека мерката куќен притвор за Васев и Нухи е укината поради постоење основано сомневање за злоупотреба на службената положба, измама во службата и проневера во службата.
Одлуките со образложените причини, ќе бидат објавени во целост на веб страната на Судот.
Во случајот со Онкологија поднесени се две обвиненија. Едното е за економското работење на клиниката, а второто со кое се гонат и лекари онколози од клиниката, се однесува за третманот на пациентите. На 29 пациенти им било давано несоодветна терапија, додека пак на 16 им се давало терапија која воопшто не им била потребна.