Економија
Европските берзи во минус по еуфоријата од договорот во ЕУ

Европските берзански индекси во петокот се најдоа под притисок, отстапувајќи од делот од претходните добивки, при што поголеми загуби претрпеа италијанските акции поради слабата побарувачка на аукцијата на обврзници, што сведочи за тоа дека кризата во еврозоната, сепак, е далеку од крајот.
Европските берзански индекси во петокот се најдоа под притисок, отстапувајќи од делот од претходните добивки, при што поголеми загуби претрпеа италијанските акции поради слабата побарувачка на аукцијата на обврзници, што сведочи за тоа дека кризата во еврозоната, сепак, е далеку од крајот. Лондонскиот индекс FTSE беше во минус 0,25 отсто на 5.6999 поени, франкфуртскиот DAX падна за 0,03 отсто на 6.335 поени а парискиот индекс CAC забележа намалување од 0,51 отсто на 3.351 поен. Берзанските стратези, меѓутоа, се оптимисти истакнувајќи дека договорот на челниците од земјите членки на еврозоната во обидот за справување со должничката двегодишна криза од којашто потреси трпат 17-те земји кои воведоа единствената валута влеа доверба кај инвеститорите, иако добивките не се така спектакуларни како минатите денови. „Денеска, сепак, се чувствува атмосферата на мала претпазливост. Пазарите сакаа да испратат порака дека акциите првенствено се преземени на самитот на ЕУ се позитивни, но дека сепак сакаат да ги видат како натамошните детали и како ќе бидат спроведувани“, вели Боб Паркер, виш советник во „Credit Suisse“. Главниот италијански берзански индекс беше во минус 1,8 отсто, откако во петокот аукцијата на италијанските државни обврзници привлече послаба побарувачка од претходните вакви аукции, при што 10-годишните обврзници се продадени со принос од 6.06 отсто, најголем од приклучувањето на Италија кон еврозоната. Во ваквите околности под притисок се најдоа и некои финансиски акции, вклучувајќи ги и британски „Barclays“ и француски „Axu“, чии акции ослабеа за 2, односно за 3,8 отсто. Поголеми загуби на индексите спречија добитниците, како на пример француски „Renault“, чија акција скокна за 3,9 отсто откако објави за солидната продажба во третото тримесечје. Нему му се придружи и шведски „Еlectrolux“ со раст на цените на акциите од 4,1 отсто, откако ги објави подобрите од очекуваните резултати во работењето.Едмунд Шинг, стратег за акции во „Barclays Capital“, смета дека акциите веројатно ќе се оправат идната седмица пред самитот на Г20 кој треба да се одржи на 3-ти и 4-ти ноември.„Новиот клучен настан следи по точно една седмица. Дотогаш акциите веројатно дополнително ќе добијат во залетот. Сепак, токму сега ни се потребни нови вести врзани за, на пример, можното учество на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во кризниот фонд на еврозоната или, што е уште поважно, колку на тоа може да придонесат стопанствата во развој како што се оние на Кина и на Бразил“, вели Шинг. /крај/ро/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Трипуновски: Нема да дозволам фантом земјоделци да профитираат

Земјишната политика е основен фактор за враќањето на производството во земјоделскиот сектор и враќање на производствените капацитети на нивото каде што некогаш биле, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување во емисијата „Аграр“.
Трипуновски истакна дека неговата прва задача во функцијата е да направи ревизија на земјоделското земјиште кое било поделено во претходните години. Целта е да се провери дали земјиштето во државна сопственост се користи согласно со договореното.
„Нашиот фокус е да ги контролираме големите корисници, особено оние правни субјекти кои добиле големи површини земја, а кои можеби не ги исполнуваат обврските. До сега имаше два такви случаи каде земјиштето се користело бесправно, а истовремено биле искористени и државни субвенции“, објасни Трипуновски.
Контролите, како што најави, ќе продолжат и во иднина, а целта е да се ослободи земјиштето и да се додели на вистинските земјоделци кои ќе ја користат земјата со цел да ја подобрат производството.
„Не ќе дозволиме фантоми земјоделци да профитираат на сметка на државата“, нагласи министерот.
Во однос на јавните повици, Трипуновски информираше дека лани завршија јавни повици за распределба на земјиште кои беа објавени за време на техничката Влада. Со овие повици се потпишани 967 договори. Во текот на новогодишните празници беа објавени и нови повици кои беа барање на земјоделците, а тие завршија со пристигнување на над 2.000 апликации.
„Нашата следна фаза ќе биде оглас за распределба на земјиште, со точно дефинирани парцели. Планираме да се поделат парцели не помали од 10 хектари, бидејќи сакаме да ги охрабриме земјоделците да размислуваат за окрупнување на земјиштето“, изјави Трипуновски.
Економија
Орбан се договорил со Трамп? Унгарија може ќе се спаси од американските царини

Унгарија и САД се во процес на договарање на економски пакет што треба да ѝ помогне на унгарската економија и да ги ублажи последиците од евентуалните американски царини за производите од Европската Унија. Ова го изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, нагласувајќи дека договорот ќе ја зајакне економската стабилност на земјата.
Орбан, кој важи за долгогодишен сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, посочи дека ваквата соработка ќе придонесе за дополнително продлабочување на политичкото партнерство меѓу двете земји. Според него, договорот ќе ѝ овозможи на Унгарија да ги минимизира штетите од евентуален трговски судир меѓу Вашингтон и Брисел.
„Секое членство во Европската Унија подразбира одредени економски последици, а во случај на американски царини, Унгарија ќе биде погодена како и сите останати земји. Засега не можеме со сигурност да кажеме колкави ќе бидат загубите, но е јасно дека нема да можеме да ги избегнеме“, изјави Орбан на годишната конференција на унгарската трговска и индустриска комора.
Според унгарскиот премиер, Владата веќе работи на постигнување на билатерален договор со САД кој би ја заштитил економијата. Во тек се и преговори за обновување на даночниот договор, кој беше укинат за време на претходната американска администрација.
„Одредени елементи од новиот договор ќе ни овозможат да ги ублажиме економските загуби и да осигуриме финансиска стабилност преку конкретни мерки“, додаде Орбан.
Иако трговската размена меѓу Централна и Источна Европа и САД е релативно мала, Будимпешта сака да осигура дека Унгарија ќе биде во најдобра можна позиција во случај на економски потреси.
Економија
Штрајк во Германија, утре аеродромите затворени, а летовите откажани

Аеродромот во Хамбург денеска е затворен поради штрајк организиран од синдикатот Верди, а утре се очекуваат слични мерки и на другите големи германски аеродроми, вклучувајќи ги Франкфурт, Минхен и Берлин.
Вработените на аеродромите, како и персоналот за земјени услуги, ракувачите со багаж и обезбедувањето, ќе стапат во еднодневен штрајк, што ќе предизвика големи нарушувања во авионскиот сообраќај.
Очекувањата се дека ќе има сериозни ограничувања за полетување и слетување на авиони, со што се прогнозира откажување на значителен број летови. Со оглед на состојбата, патниците се советуваат да ги проверат своите летови и да се подготват за значителни забавувања или откажувања.