Свет
Амнести интернешенел ги обвини бунтовниците во Сирија за егзекуции на затвореници
Сириски бунтовници во провинцијата Идлиб во северниот дел од Сирија без судење ги егзекутираат заробените војници од редовната армија, соопшти заменикот-директор на програмата за Блискиот исток и Северна Африка при меѓународната организација за човекови права Amnesty International, Ен Харисон.
Како што вели Ен Харисон, организација поседува видеоснимки на која милитантите прво ги претепуваат, а потоа ги застрелуваат војниците на еден контролен пункт во провинцијата Идлиб.
„Потврдуваме дека таму, најверојатно, се извршени воени злосторства“, ја цитира изјавата на Харисон, арапската верзија на телевизиската станица Sky News.
Според претставничката на Amnesty International, вооружените противници на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад ги игнорираат нормите на меѓународното хуманитарно право.
Бранителите на човековите права не биле во можност да утврдат на која од бунтовничките групи и’ припаѓаат борците коишто на видеоснимката вршат тортура врз војниците, а потоа ги егзекутираат заробениците.
Во сирискиот конфликт против регуларната армија и безбедносни сили активни се различни вооружени групи. Самопрогласената Слободна сириска армија (FSA) чијашто команда иако најави преместување на сириска територија, сé уште се наоѓа на територијата на соседна Турција се обидува да ги обедини овие групации под единствено водство, но досега не успеа во напорите за формирање единствена команда на вооружената сириска опозиција.
Според сириските власти, милитантите имаат странска помош од земјите кои отворено се залагаат за соборување на режимот на претседателот Башар ал-Асад. Тоа е, исто така, објавија дека на страната на вооружената опозиција во Сирија се борат странски борци, главно од Либија, Тунис и другите арапски земји./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

