Свет
Лавров: Западот мора да го промени ставовите за Сирија
Пролевањето крв во Сирија ќе продолжи сѐ додека Западот и натаму го бара заминувањето од власт на претседателот Башар ал-Асад, изјави во средата шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Париз пос средбата со францускиот колега Лорен Фабуис кој призна дека „постојат разлики во ставовите“.
„Доколку нашите партнери и натаму го бараат заминувањето на тој челник (сирискиот претседател Башар ал-Асад – з.р.) кого не го сакаат, пролевањето крв ќе продолжи“, оценува министерот за надворешни работи ан Руската Федрација, Сергеј Лавров, пренесува AFP, по средбата со шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус.
Русија, која е децениски стратешки партнер на Дамаск, во своите ставови се придржува до договорот постигна последниот ден од јуни во Женева на состанокот на Акционата група за Сирија во којашто покрај другите земји од светот и регионот на Блискиот исток учествуваат и постојаните членки на Советот за безбедност при Обединетите нации, САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија. Тој договор, имено, предвидува воспоставување преодна влада во којашто ќе бидат застапени и актуелната сириска власт и опозицијата.
Меѓутоа разногласието настанува во различното толкување на овој документ, при што Западот ја одбива можноста за учество на претседателот Башар ал-Асад и негови министри во политичкиот дијалог за иднината на Сирија, додека Русија и Кина сметаат дека само самите Сиријци траба да одлучуваат за својата судбина и иднина.
Лавров во француската престолнина Париз во средата навечер повтори дека фактот оти во завршниот прифатен документ “не се кажува дека сириските челници мора да си заминат, значи дека сирискиот народ ќе одлучи за заминувањето на Башар ал-Асад“.
„Да, различно гледаме на учеството на Башар ал-Асад во преодната влада“, признава францускиот министер за надворешни работи, Лорен Фабиус. Додаде дека, сепак, „постои согласност“ во врска со „подготвеноста судирот да се запре, да се спречи меѓународната ескалација и да се обезбеди соживот на заедниците“, со што практично се признава карактерот на судирите во Сирија.
Одговарајќи на новинарско прашање за можноста од продолжување на процесот започнат во Женева, Фабиус, вели дека преговорите продолжуваат. Лавров, пак, истакна дека во Женева беше договорено дека секоја страна, и сириската влада и опозицијата, ќе именуваа своите преговарачи за подготовка на изборите, што владата на Асад и го сторила според него целосно поддржувајќи го заклучокот од Женева, додека опозицијата сѐ уште не, како што посочи, и покрај напорите на меѓународната заедница.
Според Лавров, оној што „се спротиставува на исполнувањето на документото од Женева, презема врз себе огромна одговорност“, како и дека „инсистирањето на прекин на огнот само од страна на владата и поттикнува на опозицијата во јакнењето на борбените дејствија, тие во суштина ја туркаат Сирија уште подлабоко во крвава граѓанска војна“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Плановите за погребот на кралот Чарлс се сменија по откривањето на ракот: „Тој е навистина, навистина лошо“
Здравствената состојба на кралот Чарлс постепено се влошува, што ги натера претставниците на Бакингемската палата редовно да го ажурираат планот за неговиот погреб, а тие подготовки почнаа еден ден по погребот на кралицата Елизабета, според упатените, пишува Њујорк пост.
75-годишниот монарх остана во голема мера надвор од очите на јавноста од февруари кога објави дека боледува од рак за да ја скрие својата влошена состојба, а повеќе извори за Дејли Бист велат дека неговата состојба е „не добра“.
„Секако дека е решен да го победи ракот и да направи се во таа смисла. Сите остануваат оптимисти, но тој е навистина многу лошо“, изјави за овој медиум извор кој себеси се опишува како стар пријател на кралското семејство.
Кралот Чарлс никогаш не откри каков вид на рак му е дијагностициран, но призна дека тоа не е рак на простата, кој е еден од најлесно излечивите форми на болеста.
Кралското семејство, исто така, беше воздржана за неговиот медицински проблем, но добро поставените инсајдери и политички коментатори јавно зборуваа за тоа како кралот „многу добро реагира“ на лекувањето.
Но, зад сцената, помошниците на кралот Чарлс редовно прегледуваат копии од стотиците страници на документот што ги содржи плановите за погребот на кралот, наречен „Операција Менаи бриџ“.
„Плановите се извадени од фиока и активно се ажурираат. Не повеќе отколку што би очекувале со оглед на тоа дека на кралот му е дијагностициран рак. Но, тие секако се фокусирани на тоа“, изјави за Дејли Бист поранешен соработник.
Исклучително деталниот документ е создаден ден откако кралицата Елизабета беше погребана на 8 септември 2022 година – и го користи погребот на најдолговековната британска кралица како водич за да се осигура дека сè ќе оди без проблеми.
Воените претставници потврдија за Дејли Бист дека операцијата Менаи Бриџ редовно се ажурира, но истакнаа дека тоа е стандардна процедура и би било „апсурдно да се извлечат какви било заклучоци“ од тоа.
Сите членови на кралското семејство ги ажурираа плановите за нивните погреби кои се категоризирани со кодни зборови поврзани со мостови, при што погребниот план на кралицата Елизабета е познат како „Операција Лондон бриџ“.
„Секако дека го разгледуваат секој аспект од „Менаи бриџ“. Погребот на кралицата помина како што се очекуваше и ја подигна границата високо. Тоа не е емотивна работа, тоа е бизнис, многу сериозна, и разбирливо е дека никој не планира да биде фатен неподготвен“, рече висок функционер вклучен во планирањето на кралските погреби.
Друг официјален претставник додаде дека „планирањето за најлошите сценарија е она што го прави Армијата… Мора да го имате на ум обемот на оваа работа. Армиската дивизија, под команда на генерал-мајор Џејмс Баудер – тоа се седум гардиски полкови. Потоа ја имате целата област во Лондон, Територијалните армиски полкови и Кралската артилерија. Тоа е пред да стигнете до морнарицата или воздухопловните сили. Чарлс е тесно поврзан со Падобранскиот полк низ годините, па тие ќе бидат вклучени.
„Тоа е само церемонијален крај“, продолжи тој. „Тогаш ви треба огромна безбедносна операција бидејќи секој многу важен поединец на планетата присуствува на погребот. Зборуваме за сè, од противракетна одбрана до обезбедување од индивидуален напад.
„Целата работа од блесок до експлозија трае помалку од две недели, што значи дека секој аспект треба темелно да се испланира однапред. Сериозното планирање за погребот на Чарлс започна еден ден откако тие ја погребаа кралицата“.
Официјалните лица на кралот Чарлс не одговорија на барањето за коментар од страна на Page Six или Daily Beast.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.