Свет
Авион со 14 лица се урна во Непал
Авион во кој се наоѓале 14 лица, од кои шест странци се урна кратко по полетувањето во Непал и се стравува дека сите се загинати, соопштија од министерството за внатрешни работи на Катманду.
Авион во кој се наоѓале 14 лица, од кои шест странци се урна кратко по полетувањето во Непал и се стравува дека сите се загинати, соопштија од министерството за внатрешни работи на Катманду.
Авионот на компани јатата „Агни Ер“ летал кон Лукла а се урнал 40 километри јужно од Катманду. Според информациите на агенцијата Хина, шестмина патници се странци, четворица Американци, еден Јапонец а за сега не е познато државјанството на шестиот патник.
Причините за несреќата се сеуште непознати.
Од министерството за внатрешни работи изјавија дека спасувачките екипи не можат да стигнат до местото на несреќата затоа што теренот е тешко пристапен.
Обилните дождови во Катманду исто така им ја отежнуваат работата на спасувачките тимови и воените хеликоптери не можат да полетаат поради слабата видливост.
Голем број на туристи секоја година одат на Лукла, 140 километри оддалечен од Катманду а пистата на Лукла се смета за една од најтешките за слетување во светот.
Последната голема авионска несреќа во Непал се случи во 2008 година кога во лукла падна авион со 18 лица и никој не преживеа./крај/хи/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Први резултати од изборите во Хрватска: Милановиќ доби 71 отсто од гласовите
Според првите прелиминарни резултати на Државната изборна комисија на Хрватска, актуелниот хрватски претседател Зоран Милановиќ убедливо го победи противкандидатот Драган Приморац.
Милановиќ освои 71,02 отсто поддршка, а Приморац 28,98 отсто од гласовите.
Според податоците на комисијата, Зоран Милановиќ досега освоил 154.422 гласа, а Драган Приморац 63.027 гласа.
Потсетуваме, Милановиќ убедливо беше победник во првиот круг и му недостасуваа нешто помалку од два отсто од гласовите за да победи и да го добие вториот претседателски мандат уште тогаш.
Регион
(Видео) Хаос во Црна Гора: плажи покриени со снег, паднати дрвја поради силен ветер
Невреме придружено со силен ветер ја погоди Црна Гора. Ветерот создаде проблеми во Подгорица. Соборени се неколку дрвја, а градските служби на терен ги санираат последиците. Сите беа изненадени од снегот кој падна на црногорското приморје.
Во најјужниот град во Црна Гора, во Улцињ, од утрово врне снег. Побелеа и плажите. Неверојатни сцени од палми и плетени чадори на плажите кои побелеа под снегулките. Улцињ, Стари бар и Велики Пијешак останаа без струја поради испадот на далноводите „Можура-Улцињ“ и „Бар110-Улцињ“, поради невремето предизвикано од бурниот ветер.
Градоначалникот на Подгорица Саша Мујовиќ побара од раководителите на службите на главниот град брзо да се координираат.
Ulcinj trenutno ❄️
📹 TV Teuta pic.twitter.com/6EIbFKvKrG
— Berane online (@beraneonline) January 12, 2025
– Ги презедовме сите активности кои можат да придонесат за зачувување на граѓаните, нивното здравје и имот, сите служби се на штрек, подготвени за сите предизвици што не очекуваат кога се во прашање временските непогоди – најави градоначалникот на Подгорица, Саша Мујовиќ.
Вчера беше упатено предупредување до граѓаните на Подгорица и околината за најавените непогоди.
– По повод најавеното невреме кое вечерва ќе го зафати подрачјето на главниот град, а ќе продолжи и во наредните денови, ги известуваме граѓаните, стопанствениците, правните лица и сите субјекти на заштита и спасување за можни силни налети на ветер, лапавица и снег.
— Bojan Lazovic (@lazovicb307) January 12, 2025
Ги повикуваме сите веднаш да преземат превентивни мерки за да се избегне загрозување на човечките животи, имоти и културни и други добра на нашиот град – се наведува во предупредувањето.
Свет
Швајцарија е подготвена да биде домаќин на средба меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин
Швајцарија е подготвена да биде домаќин на средба меѓу новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кои би се заложиле за решение на конфликтот во Украина, доколку тоа го побараат, објави швајцарскиот весник Le Temps.
– По самитот во Биргенсток, Украина, Русија и САД беа редовно информирани за нашата подготвеност да ги поддржиме дипломатските напори со цел воспоставување мир – изјави шефот на прес-службата на швајцарското Министерство за надворешни работи Никола Бидо, пренесе весникот.
Како што се наведува, сепак, швајцарските власти нема да преземат иницијатива по ова прашање, а весникот посочува дека таа земја е само една од оние кои се подготвени да бидат домаќини на средбата меѓу двајцата лидери.
На 10 јануари Трамп најави подготовки за средба со Путин.
Според него, неопходно е да се стави крај на конфликтот во Украина.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Путин е подготвен да се сретне со Трамп без никакви предуслови.