Uncategorized
Избори во Германија
– Близу 62 милиони Германци утре ќе можат да излезат на избори за 16-тиот повоен парламент – Бундестаг.
Близу 62 милиони Германци утре ќе можат да излезат на избори за 16-тиот повоен парламент – Бундестаг.
Исклучок од оваа бројка, се 216,000 гласачи од изборна единица во Дрезден, каде поради смртта на еден од кандидатите, ќе се гласа дури на 2 октомври.
Првичните официјални резултати ќе бидат објавени еден час по затворањето на гласачките места, на што се противеа неколку граѓански асоцијации.
Уставниот суд, меѓутоа, не го прифати нивниот аргумент дека објавувањето на резултати пред гласањето да заврши во сите изборни места може да влијае на одлуката на избирачите во Дрезден.
Гласачите во Дрезден би можеле да одлучат за победникот на изборите, имајќи ги предвид последните анкети кои покажуваат тесна разлика меѓу опозиционата ЦДУ/ЦСУ и владеачката СПД.
Исходот на гласањето би можеле да го одлучат и малцинствата, од кои, најбројно е турското.
Во Германија живеат околу 600,000 Турци со право на глас, кои се речиси единствени во поддршката на актуелниот канцелар Герхард Шредер и неговата Социјалдемократската партија (СПД).
Партијата на Шредер на последните избори во 2002 година освои само 6.027 гласови повеќе од Унијата ЦДУ/ЦСУ, но за мнозинство во Бундестагот одлучија три т.н. преодни мандати што ги освои СПД.
Преодните мандати се една од специфичностите во комплицираниот изборен модел во Германија, кога одреден кандидат во својата изборна единица освојува повеќе гласови отколку неговата партија.
Гласањето во недела ќе чини околу 69 милиони евра што изборите ги прави најскапи во повоена Германија.
Процентот на излезени гласачи се очекува да биде поголем отколку во 2002 кога правото на глас го искористија 79,6 проценти.
Неделните избори ќе бидат трети предвремени од крајот на Втората светска војна. Првите предвремени избори во Германија се одржаа во 1972 година по распадот на т.н. голема коалиција меѓу Демохристијанската унија ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија (СПД), а вторите, во 1983 година, по излегувањето на Либералната партија (ФДП) од коалиција со СПД и формирањето коалиција со ЦДУ/ЦСУ. /крај/х/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.
Uncategorized
Израелски напад врз училиште во Појасот Газа
Петмина Палестинци загинаа при израелскиот напад врз училиште во квартот Ал Туфа, источно од градот Газа, каде се сместени раселени лица.
Помеѓу загинатите има и деца. При нападот повредени се и повеќе лица кои се хоспитализирани.
Израелската армија соопшти дека неколку осомничени лица се идентификувани надвор од обележаната линија за прекин на огнот и оти отвориле оган врз нив.
Хамас нападот го оцени како „брутално злосторство“ и уште едно кршење на Договорот за прекин на огнот.
Според палестинското Министерство за здравство во Газа, од стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот, убиени се 400 Палестинци.

