Европа
Припадници на Пинк Пантер во Барселона за 48 секунди однесоа накит од 400.000 евра

На петте српски припадници на бандата наречена Пинк Пантер кои во петокот се уапсени во центарот на каталонската престолнина Барселона, за грабежот на златарница им биле потребни само 48 секунди од објектот да го изнесат накитот проценет на повеќе од 400.000 евра, соопшти во саботата шпанската полиција изнесувајќи детали од случајот.
„Оваа група се истакнува по брзината на нападите. Ова е првпат да биде уапсена една цела група на Пинк Пантер“, изјави шефот на надлежната полициска единица Хектор Морено, па прес-конференцијата во Барселона.
„Доследни на легендата за брзината во изведувањето на нападите од страна на Пинк Пантер, за што секогаш им е потребно помалку од минута, нападот го извеле за 48 секунди. За тоа време со чекан ги скршиле излозите и го однеле највредниот примерок од јувелирницата, вреден над 400.000 евра, кој сега е вратен таму“, се наведува во соопштението на шпанската полиција објавено на интернет страницата.
Во петокот околу 11, 30 часот двајца мажи со перики упаднале во златарницата на улицата „Пасеж де Грасиа“, една од најпознатите авении во Барселона, каде има бројни луксузни продавници.
Меѓутоа, полицијата ги чекала во заседа и набрзо сите беа уапсени. Во понеделникот шпанската полиција добила информации од германските колеги за ненадејно патување во Барселона на еден Србин близок на таканаречената банда Пинт Пантер. Полицијата сега проверува дали апсените веќе учествувале во слични грабежи во Шпанија и странство, за што е побарана помош од Интерпол.
Белградскиот весник Блиц објави во петокот навечер дека уапсените се 35-годишнипот Бранко Чупурдија од Белград, 24-годишниот Милан Денчиќ од Лесковац, и 28-годишниот Никола Миловановиќ, 25-годишниот Стефан Живиќ и 30-годишниот Марјан Николиќ, сите тројца од Ниш.
Бандата „Пинк Пантер“ според сомневањето на Интерпол ја сочинуваат криминалци од балканските држави. Тие се главните осомничени за серијата големи грабежи во минатите повеќе од десет години, чија главна одлика е несфатливата дрскост. Вкупната вредност на украдените скапоцени камења за кои е осомничена бандата е проценета на повеќе од 150 милиони долари.
Се претпоставува дека групата професионални ограбувачи наречена „Пинк Пантер“ според комичниот серијал, брои повеќе од 200 лица со потекло од поранешна Југославија. Интерпол смета дека со организирано дејствување бандата почнала од 1999 година, а била наречена со името на цртаниот јунак во 2004 година. Тогаш имено, британската полиција кај еден разбојник нашла ѓердан од сини дијаманти вредна 600.000 евра сокриен во кутија од крема за лица, како и во филмот за комичниот ограбувач.
Во повеќе од десетте години откако дејствува, се претпоставува дека бандата „Пинк Пантер“ извел повеќе од 90 добро планирани и изведени грабежи. Нејзини жртви главно се продавниците на скапоцености во центрите на светскито гламур, как ошто се Монако, Дубаи, Женева, Лондон, Токио итн. Исто така, бандата е осомничена дека во 2003 година го извела најголемиот грабеж на јувелирница во историјата во белгискиот град Анверс, кога е украден накит чија цена е проценета на повеќе од 100 милиони евра./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Франција и Германија се мобилизираат; Макрон: Му дадов ветување на Туск

Франција денес соопшти дека одлучила да мобилизира три борбени авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и источна Европа заедно со НАТО, по руските упади со беспилотни летала во Полска, додека Германија изјави дека ќе ги засили своите обврски на источното крило на НАТО.
„Вчера му го дадов ова ветување на полскиот премиер Доналд Туск“, објави францускиот претседател Емануел Макрон денес на Икс, додавајќи дека разговарал и со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и со британскиот премиер Кир Стармер.
„Нема да попуштиме пред зголеменото заплашување од Русија“, рече тој.
Германија, исто така, ќе ги засили своите обврски на источното крило на НАТО по инцидентот со дроновите во Полска, изјави владиниот портпарол Стефан Корнелиус.
Тој рече дека војската на германскиот Бундесвер ќе го прошири и продолжи својот воздушен надзор над Полска. Два борбени авиони „Еурофајтер“ на Бундесвер веќе извршуваат извидувачки летови над Полска, кои беа планирани до 30 септември. Тие полетуваат од нивната база во близина на северниот германски град Росток.
Мерц: Ова е сериозен инцидент, а не несреќа
Бројот на авиони сега ќе се удвои на четири, а извидувањето е продолжено најмалку до 31 декември, соопшти германското Министерство за одбрана. Канцеларот Фридрих Мерц вчера изјави дека не верува дека нарушувањето на полскиот воздушен простор од страна на руски беспилотни летала е несреќа, туку инцидент што претставува многу сериозна закана за мирот во цела Европа.
Варшава регистрираше 19 нарушувања на својот воздушен простор од страна на руски беспилотни летала завчера и вчера. Русија негираше одговорност за инцидентот. Полска беше поддржана од своите сојузници во НАТО во соборувањето на беспилотните летала, прв пат членка на воениот сојуз да отвори оган за време на војната на Русија во Украина.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како обид на Русија да го тестира одговорот на Варшава и НАТО. Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се состане утре за да разговара за упадите на беспилотните летала во полскиот воздушен простор.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: Размислете внимателно за вашите капацитети за воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците на Киев да ги преиспитаат своите капацитети за воздушна одбрана откако беспилотните летала, за кои Варшава тврди дека се руски, влегоа во полскиот воздушен простор.
Зборувајќи во Киев заедно со финскиот претседател Александар Стаб, Зеленски рече дека Украина е отворена и подготвена да ги поддржи сојузничките напори. Украина одби многу руски воздушни напади користејќи украинско и странско оружје, од митралези до напредни ракети.
Зеленски рече дека земји како Полска треба да размислат за слични повеќеслојни пристапи бидејќи ракетните системи како што е американскиот систем „Патриот“ се премногу скапи за употреба против поевтини руски беспилотни летала.
„Никој во светот нема доволно ракети за да собори сите различни видови дронови“, рече тој. Полска, со поддршка на сојузниците од НАТО, вчера собори неколку дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како руска провокација насочена кон тестирање на одговорите на Полска и НАТО. Зеленски рече дека Украина, која развила софистициран домашен пристап за одбивање на руските напади, е во позиција да им помогне на своите сојузници во тоа.
Тој рече дека полскиот премиер Доналд Туск веќе се согласил да испрати воени претставници во Украина за таа цел. Полските воени претставници ќе бидат обучени да соборуваат дронови, изјави извор запознаен со ова прашање.
фото: принтскрин
Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.