Македонија
Дијаспората гласа еден ден порано
До 11 часот по американско (17 часот по македонско време), на гласачкото место 5040 во Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон гласаа над 40% од пријавените гласачи. Тука се регистрирани вкупно 48 избирачи од дијаспората.
До 11 часот по американско (17 часот по македонско време), на гласачкото место 5040 во Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон гласаа над 40% од пријавените гласачи. Тука се регистрирани вкупно 48 избирачи од дијаспората.Претседателката на Изборниот одбор 5040 Сунчица Јовановска се надева дека сите до крајот на денот ќе го искористат правото на глас. Местото е отворено од 7 часот наутро до 7 навечер.„Среќни сме што можеме да гласаме, да го дадеме нашиот глас“, вели Крум Иванов, кој дојде да гласа во Вашингтон од соседниот Мериленд. „Го оценувам гласањето како многу позитивно, затоа што ние сме исто Македонци, се залагаме да успеат реформите во Македонија, да биде просперитетна држава, да оди напред“, коментира Милка Ковач од Вашингтон.Драги Коњановски минал значителен пат, дури од Флорида, само за да биде во Вашингтон на гласањето: „Не ми претставуваше тешкотија. Ова ми беше баш желба, да имам можност повторно, по шест години откако живеам во Америка, да гласам за македонскиот парламент“./крај/воа/ва/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

