Свет
Портпаролот на Белата куќа, Роберт Гибс, се повлекува

Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс на своите соработници им најавил дека има намера да ја напушти функцијата до крајот на февруари, пренесува Би Би Си.Гибс ќе продолжи да ја советува на Белата куќа и ќе биде ангажиран околу следната претседателска кампањана како надворешен консултант. Тој за актуелниот претседател Обама работел и во времето кога тој бил сенатор, и се смета за негов близок соработник. Неговото заминување доаѓа во услови на пошироки потреси во Белата куќа.Името на неговиот наследник се уште не е објавено.Обама најави дека како што започнуваат подготовките за претседателските избори 2012 г. ќе направи бројни промени на неговите најблиски соработници, вклучително и назначување на нов портпарол.Претседателот на САД исто така се соочува и со нова динамика во Конгресот откако Републиканците ја превземаа контролата во Претставничкиот дом и зголемувањето на нивниот број во Сенатот. Неговите советниците сметаат дека ваквиот развој на настаните бара промена на стратегијата.Замената на Гибс се очекува да биде објавена во следните две недели./крај/BBC/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.
Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.
Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.
Свет
Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши војната во Украина.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп потсети дека имал добар однос со Путин, но нагласи дека ситуацијата станува сè понеприфатлива.
Како можни мерки ги наведе санкциите кон руските банки и нафтената индустрија, додавајќи дека за тоа е потребно и учество на европските држави. Притоа истакна дека веќе презел сериозни чекори – меѓу нив и воведувањето педесетпроцентни царини на извозот од Индија, земја која е еден од најголемите купувачи на руска нафта.
Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).