Свет
НАТО не постигна договор околу командата со операцијата во Либија
Претставниците на земјите членки на НАТО не успеаја да се договорат околу преземањето на командата од страна на Алијансата со операцијата „Зора на Одисеј“, пренесува „Reuters“, повикувајќи се на не именуван извор во дипломатските кругови на НАТО.
Претставниците на земјите членки на НАТО не успеаја да се договорат околу преземањето на командата од страна на Алијансата со операцијата „Зора на Одисеј“, пренесува „Reuters“, повикувајќи се на не именуван извор во дипломатските кругови на НАТО.На крајот на третиот ден од разговорите на 28-те претставници на државите што партиципираат во НАТО, дипломатот кој побара да не биде именуван, рекол „Се’ уште нема никаква согласност“.Според него, проблемот лежи во тоа како да се распоредат меѓусебно задачите за воспоставување на зоната на забранети летови над Либија и воените операции за заштита на цивилите, како и начинот на кој ќе се оствари оваа мисија, односно нејзината димензионираност.Од почетокот операцијата се изведува со поддршка на американската војска, но официјални лица од Пентагон најавија дека командувањето ќе го преземе НАТО или Обединетото Кралство и Франција. Команда под покровителство на НАТО ќе го постави прашањето за учество во операцијата на арапските земји, кои не сакаат таква соработка. /крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција
Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој беше уапсен за време на антивладините протести и се стравуваше дека ќе биде осуден на смрт, е ослободен со кауција, објавија групите за човекови права и иранските државни медиуми. 26-годишниот Солтани беше уапсен минатиот месец додека земјата беше потресена од протести што предизвикаа насилна владина репресија, објави Си-Ен-Ен.
Тој беше приведен на 10 јануари во неговиот дом во Фардис, град на околу 40 километри западно од Техеран. Според државната телевизија IRIB, тој беше обвинет за „собирање и договарање против внатрешната безбедност на земјата“ и „пропагандни активности“ против режимот.
По неговото апсење, американскиот Стејт департмент и роднина на Солтани изјавија дека иранските власти имаат намера да го погубат. Иранското судство ги отфрли тврдењата како „измислени вести“, објави IRIB. Семејството на Солтани подоцна изјави дека неговата егзекуција е одложена. Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека добил уверенија од „доверливи извори“ дека Иран не планира егзекуции и го предупреди Техеран да не го прави тоа, велејќи дека САД ќе „преземат силни мерки“.
Во саботата, Солтани беше ослободен со кауција, потврди норвешката организација за човекови права „Хенгау“. Неговото ослободување го потврди и иранскиот државен медиум „Прес ТВ“ во објава на Телеграм.
Неизвесната судбина на Ерфан Солтани стана еден од најмеѓународно следените случаи за време на масовните антивладини протести што го зафатија Иран минатиот месец. Иранските безбедносни сили одговорија со брутална репресија и продолжено исклучување на интернетот низ целата земја.
Свет
Трамп: Мислам дека ќе постигнеме договор со Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се во дијалог со кубанските власти што би можел да доведе до договор, по неговите бројни закани кон карипската земја.
„Разговараме со народот на Куба, со највисоките функционери во Куба“, изјави американскиот претседател за новинарите во Флорида.
„Ќе видиме што ќе се случи“, додаде тој, но „мислам дека ќе постигнеме договор со Куба“.
Откако беше соборен претседателот во Венецуела, главниот сојузник на Куба, Доналд Трамп постојано ѝ се закануваше на владата на комунистичкиот остров.
Зборувајќи за „неуспешна“ и „нестабилна“ земја, тој истакна дека Куба „веќе ја нема Венецуела да ја поддржува“.
Трамп, кој веќе ги прекина испораките на венецуелска нафта за Куба по апсењето на Николас Мадуро на почетокот на јануари, во четврток потпиша извршна наредба со која се предвидува дека САД можат да воведуваат тарифи за земјите што продаваат нафта на Хавана.
Свет
Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.
Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.
– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.
Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.

