Македонија
Истекува рокот за трансформација на сопственоста на Сител, Канал 5 и Канал 77
Заклучно со 30-ти септември, недела истекува рокот, до кога телевизиите Сител и Канал 5 и радиото Канал 77 требада ја трансформираат сопственоста на радиодифузерите.
Според член 11 од Законот за радиодифузија, носители на јавни функции и членови на нивни семејства не можат да вршат радиодифузна дејност.
„Политички партии, државни органи, органи на државна управа, јавни претпријатија, единици на локална самоуправа, носители на јавни функции и членови на нивните семејства, не можат да вршат радиодифузна дејност ниту да бидат основачи, соосновачи или да стекнуваат учество во сопственоста на радиодифузерите“, се вели во член 11.
Пратеникот Љубисав Иванов Ѕинго изминатава седмица недела си поднесе оставка од пратеничката функција и со ова го реши проблемот со телевизија Сител, којашто е во сопственост на неговиот син.
Иако Ѕинго, како што изјавија од неговата партија останува претседател на Социјалистичката партија на Македонија, од СРД велат дека со тоа не се прекршува законот, бидејќи во сегашниот Закон во член 11 не стои дека лидери на политички партии не можат да бидат сопственици на медиуми, туку само политички партии. Според нив, тоа правно гледано не било спорно.
Горан Гаврилов, сопственик на радиото Канал 77, чија сестра е пратеник од СДСМ, пред неколку дена достави барање за измена на сопственичката структура, односно 80 отсто од радиото му го препиша на синот, а 20 отсто на сопругата. Но Советот за радиодифузија го одби ова барање оти станувало збор за блиски лица од семејството.
Телевизија Канал 5, како и другите радиодифузери, има две опции, едната е да пристапи кон промена на сопственичката структура или носителот на јавната функција да поднесе оставка. Засега нема најави од телевизијата, освен шпекулации дека телевизијата добила нов сопственик.
СРД следната недела ќе има седница, на која доколку медиумите не достават документација, радиодифузерите ќе почнат постапка за одземање на дозволата. /крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мајка на загинато дете од „Пулс“: 63 сенки ќе ги следат обвинетите засекогаш, контрадикторно е што никој не се изјасни за виновен
Пред судот денес зборуваше Јулија Златкова, мајка на загинатиот Томас Златков, која реагираше на однесувањето на обвинетите на минатото рочиште.
„Шеесет и три убиени деца. 63 уништени иднини на децата и нивните семејства. Контрадикторно беше што на минатото рочиште никој од обвинетите не се изјасни за виновен. Зарем треба ние родителите да ги потсетиме зошто се наоѓаат во судницата“, изјави Златкова.
Таа додаде дека ниту еден од обвинетите не покажал каење: „Никој од нив немаше ни грам совест и човечност да ја признае својата вина. Ниту монструмот, ни син му, не покажа човечност.“
Златкова порача дека родителите очекуваат правда за сите загинати деца: „63 не е бројка, ниту статистика. Тоа се млади убиени деца и 63 сенки ќе ги следат засекогаш“, рече.
Изрази надеж дека семејствата ќе ја добијат правдата, оти, како што рече, овие деца заслужуваат правда.
Македонија
Адем Чучуљ ја презеде претседателската функција на Антикорупциска
Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Тој најави дека заедно со неговиот тим ќе бара интегритет, одговорност и транспарентност од сите институции.

„За мене претставува, пред сѐ, чест да бидам претседател на институцијата од која потекнувам, во која израснав како професионалец. Истовремено е голема одговорност, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочува и Комисијата и државата на полето на борбата против корупцијата. Во таа насока како претседател на ДКСК ќе се залагам за транспарентна работа на институцијата, но и како тим ќе бараме одговорност и транспарентност од сите институции“, изјави Чучуљ.
Македонија
Обвинетите за „Пулс“ утрово во „Идризoво“ ги пречекаа фотографии од сите загинати
Металните барикади пред влезот во судницата во „Идризово“, кои ги одвојуваат влезовите преку кои влегуваат обвинетите и родителите на загинатите, утрово се прекриени со транспарент на кој ги има фотографиите од сите жртви во трагедијата во „Пулс“.
Покрај него мораа да минат сите обвинети.
Со истиот транспарент родителите и роднините на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ во саботата маршираа во Кочани.

