Црна хроника
Доживотен затвор за трикратниот убиец од Кавадарци Тони Станоев
Доживотен затвор за трикратниот убиец од Кавадарци, доби Тони Станоев, откако Апелацискиот суд во Скопје ја зголеми казната која претходно Основниот суд во Велес му одреди казна од 40 години затвор.
Одлуката е објавена на веб страницата на Основниот суд Велес. Станоев е осуден за три убиства, и тоа на неговите баба и дедо и сестрата на сопругата. Тој во ноември 2014 година со по еден истрел од пиштолот за кој поседувал дозвола ладнокрвно ги уби таткото, мајката и сестрата на неговата сопруга. Станоев ги уби дома додека семејството подговувало неделен ручек. Тој, за време на судењето рече дека се се случило набрзина и изрази сочуство за смртта на трите лица кои ги уби. Вештаците утврдија дека тој бил свесен и пресметлив во моментот кога ги извршил убиствата./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопругата го пријавила дека ја тепал, па потоа тој ја пријавил неа
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој ѝ го одзел и мобилниот телефон.
Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје исто така пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, и тоа во истиот временски период – околу 13 часот.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

