Македонија
Преглед на печат / Македонија

„Дневник“ – „Брисел ги рециклира забелешките за Македонија“, е насловот на текстот во кој весникот се осврнува на тоа каков извештај за земјава подготвува Европската унија.
„Дневник“
„Брисел ги рециклира забелешките за Македонија“, е насловот на текстот во кој весникот се осврнува на тоа каков извештај за земјава подготвува Европската унија. Еврокомесарот Штефан Филе, пишува весникот, сака на 5 септември да ги слушне пораките што за него ги имаат македонските власти, пред да стави точка на финалната верзија на извештајот за напредокот на земјава. Во Брисел, се вели уште во овој текст, подвлекуваат дека барањата од Европската комисија до Македонија не се никаква тајна и истите фигурираат во минатогодишниот извештај. „Нова Македонија“
Во строев марш во неколку колони, со знамиња в раце, во свечена комитска униформа запетлана до грло и со црвена шапка, македонските гардисти ќе дефилираат по улиците на градот на свеченоста по повод Денот на независноста, се вели во текстот на весникот под наслов „Армијата за првпат ќе маршира низ Скопје“. Први пред Собранието на република Македонија ќе минат припадниците на батаљонот за почести и опслужување. „Утрински весник“
„Мистериозно украден автомобилот на Љубе Бошковски“ е насловен текстот на весникот, во кој се вели дека се случила нова кражба во куќата на Љубе Бошковски. Украден бил автомобилот на поранешниот министер за внатрешни работи, а што е земено од внатре во куќата ќе се утврдело натаму со полицискиот увид, се вели во текстот. Од партијата на Бошковски, „Обединети за македонија“, се сомневаат дека и овој грабеж е поврзан со неодамнешното апсење на Бошковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) На Мицкоски не може да му се верува по толку многу манипулации со изјавите, вели Кузеска

Во изминатите неколку месеци јавноста е сведок на бројни манипулативни изјави на премиерот Христијан Мицкоски.
Почнувајќи од последната изјава, дека странски центри на моќ и хибридни напади стојат зад пожарите во Македонија која сериозно ги загрижи граѓаните и ја потресе безбедноста во земјата.
Наместо докази, издржани информации и активирање на сите безбедносни инструменти демантот стигна токму од неговиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Во интервју за „360 степени“ Тошковски го демантираше Мицкоски и призна дека нема осомничени за хибридни напади, нема центри на моќ кои стојат зад пожарот во Трубарево или зад било кој друг пожар.
Ова признание е директен удар врз кредибилитетот и точноста на изјавите на Мицкоски.
Сега јавноста знае дека премиерот ја злоупотребил безбедносната состојба и институциите за да ја покрие својата неспособност за справување со пожарите“.
Но ова како што додава таа, не е единствена изјава на Мицкоски која била деманитарана или времето ја потрдило дека е класична манипулација.
„Мицкоски во август минатата година изјави дека има индиции за сценарио за дестабилизација на државата. Никогаш не објави докази и нормално ништо не се случи.
Во октовмри исто така минатата година Мицкоски од собраниската говорница обвини дека го следеле со дронови. Никогаш не се објавија докази и помпезно најавениот случај пропадна.
Пред само две недели Мицкоски изјави дека има информации дека бил следен и прислушуван. И ова се потврди дека нема никаква врска со реалноста и оваа афера на власта пукна како меур од сапуница.
Сите овие изјави на Мицкоски, сите овие примери се покажаа дека се празни зборови со кои се манипулира јавноста, граѓаните“.
Според Кузеска, после толку многу манипулации, толку многу измислици прашањето е дали воопшто граѓаните можат да му веруваат.
„На Христијан Мицкоски не може да му се верува.
Јавно искажаниот збор на еден политичар, особено на претседател на влада, носи тежина и голема одговорност.
Зборовите можат да предизвикаат страв, паника или да влијаат врз стабилноста на државата.
Крајно неодговорно е премиер да си дозволи да изнесува тврдења без факти и без докази, со единствена цел да си ја спасува сопствената политичка кожа.
Оваа влада и овој премиер не се само неспособни, тие се опасност. Опасност за животот и здравјето на граѓаните, опасност за институциите што ги сведуваат на нула и опасност за државата во целина“.
Македонија
На аеродромот во Скопје спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле

Мобилен царински тим на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје“, на влез во државата, спречи обид за шверц на дури 27,5 килограми ароматизиран тутун за наргиле, што требало да заврши на македонскиот пазар. Со оваа акција е спречен обид за нелегална трговија со тутун, како и обид за избегнување плаќање давачки за акцизна стока во висина од 138.435 денари, соопшти Царнската управа.
Во случајот, против едно лице, државјанин на Турција, се води соодветна постапка, а тутунот е запленет.
„Случајот е откриен кога, поради сомневање, мобилен тим го селектира и изврши контрола на патникот, при што во куферот и во личната торба во негова сопственост беше пронајден ароматизиран тутун за наргиле со вкупна тежина од 27,5 килограми.
Нелегалниот тутун го загрозува здравјето на граѓаните и ја поткопува легалната трговија и оттука Царинската управа во континуитет спроведува акции со цел спречување обиди за шверцување тутун и тутунски производи“.
Македонија
Намалена активната транспарентност на Владата и министерствата, најмалку информации има за финансиите, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 102 институции, односно Владата и сите министерства и општини.
„Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2025 година изнесува 80 % (од максимално можни 100 %), исто колку што изнесуваше и минатата година.
Активната транспарентност на министерствата и Владата е намалена во однос на лани и изнесува 84 % (лани 86 %).
Општините го задржаа истото ниво на активна транспарентност како и лани, односно 79 %“, е нагласено во извештајот.
Според наведеното, дури 44 % од опфатените институции ја влошиле својата активна транспарентност (лани се влошиле 19 % од институциите).
„Министерството за одбрана, петта година по ред ги задржа максималните 100 % активна транспарентност, а резултатот од 100 % годинава го освои и новоформираното Министерство за дигитална трансформација.
Кај општините, за разлика од лани кога дури пет општини го делеа првото место со 100 % активна транспарентност, годинава на ова место се задржаа само две – Кавадарци и Кичево.
Меѓу регионите, трета година по ред на првото место се наоѓа Источниот Регион (со иста активна транспарентност како и лани од 88 %).
На последно место, со намалена активна транспарентност во однос на лани се наоѓа Полошкиот Регион (со 71 % активна транспарентност, лани 73 %).
Најмалку информации, според центарот, и министерствата и општините објавуваат за финансиите (министерствата 58 %, а општините 59 % од можни 100 %).
Огромно уназадување, како што велат од таму, има кај одговорите по барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер, што им беа испратени на сите институции во ист ден и со исто прашање.
„Општините одговорија во просек за 21 ден (лани за 15 дена), а министерствата одговорија за 23 дена (лани за 14 дена). Инаку, крајниот законски рок е 20 дена.
Само 54 % од институциите одговорија во рамките на максималниот законскиот рок од 20 дена (лани тоа го сторија 71 % од институциите)“.