Македонија
Студентскиот „Стив Наумов“ ќе се реконструира од темел

Преостанатите осум бараки во Студентскиот дом „Стив Наумов“ ќе се реконструираат од темел, рече денеска Министерот за образование и наука, Никола Тодоров.
Преостанатите осум бараки во Студентскиот дом „Стив Наумов“ ќе се реконструираат од темел, рече денеска Министерот за образование и наука, Никола Тодоров.„Домот е замислен да биде поставен во осум приземни објекти во кои ќе има 204 легла. За прв пат предвидуваме соби наменети за лица со посебни потреби, кои ќе бидат еднокреветни и станува збор за шест вакви соби“, рече Тодоров.Тој најави дека студентскиот дом „Медицинар“, поради исклучително лошата состојба во која се наоѓа, ќе биде ставен вон употреба и студентите од него по затварањето ќе живеат во студентскиот дом „Стив Наумов“.„На местото каде што е сега студентскиот дом „Медицинар“ е предвидено изградба на објект од друга намена не за сместување на студенти и заради тоа нема да ги реконструираме тие бараки таму, туку бараките во Стив, а овој дом во Медицинар ќе го затвориме и таму веќе нема да престојуваат студенти,“ рече Тодоров и додаде дека МОН ќе отпочне процедура во општина Центар за промена на деталниот урбанистички план за на местото каде сега се наоѓа „Медицинар“ да може да се направи друг студентски дом. Тендерот за реконструкција е во тек, а јавното отварање на понудите ќе биде на 29-ти овој месец, по што треба да биде избран најповолниот понудувач кој ќе отпочне со изведување на градежните работи. Во текот на изминатите две години беа реконструирани првата и втората машка зграда на студентскиот дом „Стив Наумов“./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство на ОАЕ, ако ја нема да се извини на граѓаните и да поднесе оставка“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Вистината е една, а лагите можат да бидат многу. И затоа, СДС и Венко Филипче, се повеќе се плеткаат во нивната мрежа на лаги и не знаат кога што кажале. Денес зборуваат едно, утре друго. Филипче, кој е воодушевен од неговиот ментор Зоран Заев, слепо тргнал по неговите стапки, дење да зборува едно, ноќе друго“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче прво негираше дека има златна виза за Дубаи, за потоа да потврди дека ја поседува.
Иако сите знаат дека таква виза се стекнува со инвестирање од над 500 илјади долари, СДС го брани дека Филипче не поседува бизниси во Дубаи, но не кажува како ја стекнал златната виза.
Откако се заплеткаа во сопствените лаги, повикуваме СДС и Филипче да не молчат како што молчеа за скандалите со дрога на нивните функционери и активисти. И наместо да смислуваат разни лаги и изговори, треба само да ја кажат вистината, дали преку инвестиции Филипче се стекнал со златната виза?
Дали Филипче е ортак во бизнисот на Заев, кој во Дубаи гради облакодер од 50 ката?
Златната виза за Дубаи може се добие и за студирање медицина со потврда од Министерството за здравство од ОАЕ.
Па затоа, го прашуваме Филипче, дали студирал медицина во Дубаи и ако студирал, кога и дали има потврда од Министерството за здравство од ОАЕ?
Очекуваме Филипче да ја покаже потврдата за студирање во Дубаи. Но, доколку ја нема веднаш треба да си поднесе оставка, да се извини на јавноста и да одговори како и со кои пари стигнал до златната виза?
Заев и Филипче со години ја ограбуваа државата и го осиромашуваа народот, за сега со украдените пари да инвестираат во Дубаи и да добиваат златни визи.
Затоа што со чиновничка плата, макар таа била премиерска, министерска или на пратеник, не се стига до инвестиција од над 500 илјади долари. СДС и Филипче се синоним за неспособност, криминал и корупција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Таравари да одговори со што го уценија ДУИ“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Таравари да одговори со што е уценет. Ова негово неразумно однесување може да се случи само како резултат на уцена и под диктат на криминалното лоби, истото тоа кое СДС го клекна на колена и го претопи во партнерство и брак со мафијата на ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Арбен Таравари треба да е искрен и да признае дека информациите кои сега ги лиферува за излегување од Владата како на пример дека не биле третирани добро албанските прашања или дека имало застој на ЕУ интеграциите се само бледо алиби за неговото уценето делување.
Арбен Таравари е уценет човек, цената на таквата уцена треба да се бара во бизнис или друг вид на мотиви. Тој се потврди дека не е стабилен партнер со кого може да се гради политика.
Тој треба да објасни на своите гласачи како сега за него ДУИ е правата вистинска и единствена опција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани“, велат од Алијансата за Албанците

„Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие тешки денови на оваа Влада во неволја, во целосно отсуство на политички аргументи, да има клевети од најапсурден вид“, велат од Алијансата за Албанците.
„Смирено сме фокусирани на нашата работа кон Октомвриската победа и не сакаме со никакви навреди или псевдообвинувања да ја оптоваруваме ВМРО која во моментов има доволно маки.
Самиот факт што ја напуштивме владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани, а можеби тоа е незамисливо за некои партии на власт.
Алијансата за Албанците е на добар пат и во своите најдобри денови!“, се додава во соопштението.