Спорт
Во Медисон Сквер Гарден паѓаат плочки од таванот
Мечот меѓу Њујорк Никс и Орландо Меџик што требаше синоќа да се одигра во Медисон Сквер Гарден е одложен. До оваа ситуација дојде поради тоа што по одигрувањето на хокеј натпреварот Њујорк Ренџерс – Чикаго (3:2) вработените навреме не го заменија мразот со паркет. Причина за ова е и што од таванот започнаа да паѓаат азбестни плочки во салата, па според раководството на МСГ поради безбедносни причини истата ќе биде затворена се додека не биде сигурна за спортски манифестации.
Во Веризон центарот во Вашингтон првиот пик на драфтот Џон Вол се покажа во подобро светло од вториот пик Иван Тарнер и беше најзаслужен за првата победа на Визардс во новата сезона и се промовира за носител на играта на волшебниците.
Џон Вол покрај 29 постигнати кошеви имаше и 9 украдени топки и 13 асистенции, од кои последната до Картие Мартин кој постигна тројка на 0,3 секунди до крајот беше пресудна за изборување продолжение за Визардс по кое ги победија 76-ките со 116:115. Андрај Блеч беше втор стрелец за Вашингтон со 23 поени и 8 скокови. Лу Вилијамс постигна 30 поени а Елтон Бренд 21 поен и 9 скокови за Филаделфија 76.
Во Палатата Обрн Хилс во Детроит домашните го забележаа и четвртиот пораз, загубувајќи од Бостон Селтик со 86:109. Ражон Рондо прави рекорди со број на асистенции. На претходниот меч со Вашингтон имаше 24, овој пат во Детроит 17, па на четири натпревари стигна до бројката 67. Најефикасни во победничкиот тим беа Кевин Гарнет со 22 поена и Пол Пирс со 21 поен. Чарли Вилануева со 17 поени и 7 скокови беше најефикасниот во потпросечната игра на Детроит.
Во останатите средби се постигнати следните резултати:Л.А. Лејкерс – Мемфис Гризлис 124:105. (Коби Брајан 23 п. , По Гасол 21 п. 13 ск. / Руди Геј 30 п., Мајк Конли 16 п. , 8 ас.).
Кливленд Кавалирс – Атланта Хоукс 88:100 (Џеј Џеј Хиксон 31 п. / Марвин Вилијамс 30 п., Ал Хорфорд 15 п., 12 ск.).
Мајами Хит – Минесота Тимбервулфс 129:97 (Двејн Вејд 26 п., Леброн Џејмс 20 п. 12 ас. / Кевин Лав 20 п.).
Милвоки Бакс – Портланд Трејл Блејзеррс 76:90 (Кори Магет 16 п. / Вес Метјус 18 п., Брендон Рој 17 п.). крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија против Лех или Самсунспор во плејофот
Македонскиот шампион Шкендија, успеа да избори пласман во нокаут фазата, во Конференциската лига. Во Ларнака, синоќа, Шкендија загуби од АЕК (1:0), но поради гол разликата, успеа да го освои 22-то место.
Шкендија стана првиот тим од Македонија што успеал да влезе во нокаут фазата на едно европско натпреварување. Во плејофот противник на Шкендија ќе биде Лех познањ (полска) или Самсунспор (Турција). Натпреварите се на програмата на 19 и 26 февруари наредната година. Познато е дека Шкендија ќе биде домаќин во првиот натпревар.

Историскиот пласман во нокаут фазата на клубот му донесе заработка од 6.000.000 евра. Пласманот во главната фаза и резултатите остварени во шесте натпревари на клубот му донесоа 5.800.000 евра, а дополнителни 200.000 евра клубот заработи со пласманот во плејофот.
Foto/ EPA
Спорт
Ленгле ќе паузира два месеци
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Клемент Ленгле, нема да игра два месеци поради повреда, објавува „Марка“.
Ленгле се повреди во средата, на натпреварот од Купот против Атлетико Балеарес (3:2), кога го напушти натпреварот по 10 минути.
Клубот од Мадрид не објави колку долго Ленгле ќе биде отсутен од теренот.
„Ленгле претрпе тешко истегнување на медијалниот колатерален лигамент без придружни повреди, што беше дијагностицирано од медицинскиот персонал на клубот по тестовите извршени врз дефанзивецот, кој беше подложен на магнетна резонанца и дополнителна евалуација во четвртокот. Неговата состојба ќе се следи за понатамошен развој на ситуацијата“, се наведува на веб-страницата на Атлетико.
Францускиот фудбалер одигра 12 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања оваа сезона.
Атлетико е на четвртото место на табелата во шпанското првенство со 34 бода, а во недела ќе гостува во Џирона во 17-то коло.
Спорт
Навивач на ПАО го удрил сопственикот на Хапоел
Панатинаикос, во дерито во Атина, синоќа го победи го победи Хапоел Тел Авив со 93:82, но натпреварот го засени инцидентот што се случи за време на паузата помеѓу двете полувремиња.
На полувремето, навивач на ПАО го удри, а потоа упати вербални закани до сопственикот на израелскиот клуб, Офер Јанај, кој се најде во многу непријатна ситуација.
Веднаш по натпреварот, атинскиот клуб се огласи и остро го осуди овој гест, и доживотно му забрани на неименуваниот навивач да присуствува на натпревари.
Како што беше објавено, на навивачот му бил конфискуван сезонскиот билет и доживотно му е забранет влез во арената „ОАКА“ каде што игра ПАО.
Клубот соопшти дека насилното и расистичкото однесување немаат место во салата на Панатинаикос, нагласувајќи нулта толеранција за инциденти што ја нарушуваат безбедноста и угледот на клубот.
Во многу возбудлив натпревар во Атина, видовме неколку серии и пресврти, но на крајот ПАО го зададе последниот удар на почетокот на четвртат четвртина, по што Хапоел немаше сили да се врати уште еднаш во натпреварот.
Најефикасен во тимот на Панатинаикос беше Кендрик Нан со 19 поени, Чеди Осман помогна со 17, додека Јуцевен заврши со 11.
Во тимот на Хапоел се истакна Енис со 16 поени, Блекни и Брајант постигнаа по 14.

