Свет
Кумановските банкари префрлени во затворот во Шутка
Седумтемина банкари од трезорот на Народна банка во Куманово, осомничени за проневера на околу 600.000 евра, завчера биле префрлени во Истражниот затвор во Шуто Оризари.
ПО КРАЖБАТА ВО НАРОДНАТА БАНКА
Седумтемина банкари од трезорот на Народна банка во Куманово, осомничени за проневера на околу 600.000 евра, завчера биле префрлени во Истражниот затвор во Шуто Оризари.
Кривични пријави добиле Томислав Т. (55) и Ставре С. (57) , а за помагање се пријавени Воислав К. (54), Лилјана Ц. (59), Светлана Д. (61), Елизабета Г. (47) и Виолета В. (52), вработени во Рефератот за промет со готовина во трезорот на НБМ во Куманово.
Според досегашните информации од истрагата, банкарите до 7 март годинава противправно присвоиле 38 милиони денари. Томислав Т. и Ставре С. , без знаење на другите петмина, земале пари од 1992 до 2002 година, кога се вклучиле и другите осомничени.
При распитот во полициската станица во Куманово, Ставре С. изјавил дека од трезорот „позајмил“ еден милион денари, наводно за лекување на неговата тешко болна сопруга. Според полицијата, криминалот го открил поштенски работник. Кога повлекувал пари за пензии, забележал дека наместо банкноти од 1.000 денари биле подметнати од 10 денари.
Според официјалните информации од НБМ, парите се украдени при примопредавањето на трезорите од Заводот за платен промет, но злоупотребата вешто била скриена во книговодствената евиденција.
– Седумте кутии во кои се чувале банкнотите во изминатите години никогаш не биле отворени, односно биле прикривани од вработените – изјавија во централната банка.
Се шпекулира дека некои од осомничените банкари парите од трезорот ги користеле за лихварство, но и за хазардерски игри. Се зборува и дека не ретко, кога странки од оваа банка земале поголеми суми пари, во сноповите недостигале банкноти.
Кумановската јавност се прашува како е можно цели 15 години да не се изврши контрола во трезорот. Се шпекулира дека сумата од 600.000 евра е поголема.
(С.А.Ј.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте не сакаше да ги коментира тензиите меѓу САД и европските сојузници околу Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека нема јавно да ги коментира тензиите меѓу САД и нивните европски сојузници поради барањето на американскиот претседател Доналд Трамп — САД да го преземат Гренланд.
„Можете да бидете сигурни дека работам на ова прашање зад сцената, но не можам тоа да го направам јавно“, рече Руте за време на панел-дискусија на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, пренесе „Ројтерс“.
Тој додаде дека претседателот Трамп и другите лидери се во право кога велат дека Арктикот мора да биде заштитен од руско и кинеско влијание.
„Мораме да сториме повеќе таму. Мораме да го заштитиме Арктикот од руско и кинеско влијание. Работиме на тоа — да обезбедиме колективна одбрана на арктичкиот регион“, изјави Руте.
Регион
Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела
Црна Гора би можела да затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување со Европската Унија (ЕУ) следната недела, а тоа е Поглавје 32, финансиски надзор, изјави црногорската министерка за европски прашања, Маида Горчевиќ.
Таа истакна дека поглавјето 32, кое е под надлежност на Министерството за финансии на Црна Гора, било технички подготвено претходната година, но неговото затворање било одложено поради внатрешните процедури на Европската комисија и земјите-членки.
„Од наша страна, беше испратена јасна порака дека ќе ги исполниме сите обврски што се очекуваат на европскиот пат. Од друга страна, Европската комисија очекува посилна борба против организираниот криминал и корупцијата, зајакнување на граничните премини и дополнително зајакнување на судството“, изјави Горчевиќ во изјава за Радио и телевизија на Црна Гора.
Според неа, брзото затворање на Поглавјето 32 би претставувало важен чекор во амбициозниот план на Владата да ги затвори сите преостанати поглавја до крајот на 2026 година, што би го отворило патот кон полноправно членство на Црна Гора во Европската Унија до 2028 година.
Црна Гора ја поднесе својата апликација за членство во ЕУ во декември 2008 година, а преговорите за пристапување започнаа во јуни 2012 година, и досега затвори 12 од 35 поглавја.
Во декември, Црна Гора затвори пет поглавја, од кои клучни се оние за јавни набавки, слободно движење на капитал и рурален развој, што беше оценето како пресвртница пред влегувањето во нова фаза од преговорите и трансформирањето на земјата од кандидат во сериозен кандидат за членство. Во последните две години, темпото на преговорите на Црна Гора за членство во ЕУ се забрза, но 2026 година е клучна година во која земјата се соочува со предизвици, особено во поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата.
Постои поглавје 31, кое ги опфаќа надворешната, безбедносната и одбранбената политика, чие затворање беше блокирано од Хрватска.
Иако Загреб во тоа време изјави дека не ја блокира Црна Гора, веќе постојат „отворени прашања“ што треба да се решат, меѓу кои бродот Јадран, демаркацијата, исчезнатите лица и гонењето на воените злосторства.
Свет
Италијански медиуми: Мелони бара начин да се извлече од мировната иницијатива на Трамп за Газа
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, се двоуми дали да го прифати повикот од американскиот претседател Доналд Трамп за учество во новоформираниот „Одбор за мир“, објави италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.
Весникот наведува дека Мелони на почетокот го поздравила повикот, но сега се обидува „да се извлече од таа ситуација“. Причината е Членот 11 од италијанскиот Устав, според кој Италија може да биде дел од меѓународни организации што работат за мир, но само врз основа на рамноправност со другите држави — нешто што не се однесува на одборот на Трамп.
Уредникот Симоне Канечиери објаснува дека Одборот што го замислил Трамп наликува на приватна верзија на Обединетите нации, во кој САД имаат водечка улога и каде учеството подразбира „влезна такса“ од една милијарда долари.
Според Канечиери, Трамп сака лично да го реши конфликтот во Газа, но неговата иницијатива сè повеќе наликува на „приватна влада на светот“, каде што членовите и правилата би ги одредувал тој самиот, дури и по напуштањето на Белата куќа.
Повеќе западни сојузници реагирале воздржано на планот, а дипломати предупредуваат дека таков одбор би можел да ја поткопа работата на Обединетите нации.
Според „Ројтерс“, Трамп треба да ја предводи церемонијата за основање на одборот во четврток, за време на Светскиот економски форум во Давос.
Фото: ЕПА

