Економија
АЕК: Плановите се насочени кон побрз развој на електронските комуникации

Собирот претставува можност учесниците да го презентираат сработеното во првите месеци на оваа 2011 година, како и своите ставови по одредени прашања од областа на регулативата и состојбите на пазарот за електронски комуникации.
Собирот претставува можност учесниците да го презентираат сработеното во првите месеци на оваа 2011 година, како и своите ставови по одредени прашања од областа на регулативата и состојбите на пазарот за електронски комуникации.
Ова го истакна директорот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Роберт Орданоски, на денешното отварање на Меѓународната регулаторна конференција која ќе трае наредните три дена.
„На Меѓународниот регултаторен ден со претставниците од ЈИЕ ќе разговараме за новата генерација активности за регулирање на пазарот во регионот, како обид за заедничко делување, да носиме заеднички одлуки и да работиме како едно тело“, изјави Орданоски.
Тој додаде дека идните планови се насочени кон побрз развој на електронските комуникации, како и кон стимулирање на новите технологии и поголем развој на економијата и на општеството во целина.
Дел од ингеренциите на Агенцијата за електронски комуникации е и регулирање на големопродажните цени меѓу операторите. Како што информира Орданоски, од утре се започнува со регулирање и на пазарот на СМС-пораките.
„Утре ќе ги објавиме новите цени, кои секако ќе бидат пониски од досегашните“, изјави првиот човек на АЕК.
На првиот ден од конференцијата ќе бидат презентирани новитетите во работата на АЕК и предвидените проекти, додека пак во текот на утрешниот ден на конференцијата ќе се дискутира за развојот на информатичко-телекомуникациската технологија во Македонија. Последниот ден е резервиран за меѓународната регулаторна политика во областа на телекомуникациите.
На Меѓународната регулаторна конференција учествуваат над 150 претставници на регулаторните тела од државите на Југоисточна Европа, како и претставници на пазарот на електронски комуникации од земјата и регионот ./крај/охрид.њуз/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Од 1 март поскапува парното

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од 1 март цената за потрошувачите на топлинска енергија за „ЕСМ енергетика“ (5,17 %) и „Скопје Север – Енерџи еколинк“ (5,25 %) ќе се зголемат речиси 5 отсто.
„Кога ја соопштивме цената за најголемиот систем преку кој со парно се снабдуваат над 95 % од домаќинства, најавивме дека и овие две компании имаат поднесено барање за корекција на цената. Познато е дека поради комплексните геополитички случувања цената на природниот гас на светките берзи е зголемена, поточно во последниот квартал од минатата година имама раст од 16 %, што е и главна причина и за оваа одлука. Овие две компании доставија барање за корекција на цената во текот на февруари по што РКЕ изврши соодветни анализи и врз основ на тоа донесе одлуки за корекција на цената за потрошувачите на топлинска енергија за ‘ЕСМ енергетика’ и ‘Скопје Север – Енерџи еколинк’, која ќе стапи во сила од 1 март. Станува збор за вкупен конзум од 2.500 потрошувачи“, посочи Марко Бислимоски.
Во исто време РКЕ ја информира јавноста дека на главна седница е донесена одлука за издавање две лиценци за вршење енергетска дејност за регулирано производство и снабдување со топлинска енергија на „Енерџи еколинк“ АД Скопје, а постапката за издавање лиценца за дистрибуција е во тек.
„Станува збор за топланата позната во јавноста како ‘Скопје Север’, која од неодамна ја презема приватен инвеститор и тој ја почна постапката за конечно лиценцирање на компанијата што извршува јавна дејност повеќе од 20 години. РКЕ останува на ставот дека секоја реализација на инвестициите што значи подобрување на квалитетот на снабдување и ширење мрежа со цел зголемување на конзумот е со безрезервна поддршка, особено што станува збор за еколошки и најекономичен начин на затоплување, што се одразува врз сметките за парно, кои се најниски. Анализите покажуваат дека доколку сите исклучени од парно повторно се приклучат на системот, сметките ќе се намалат речиси 10 %“, посочи Марко Бислимоски.
Економија
Мицкоски: Македонија го достигна највисокото ниво на странски директни инвестиции

Македонија го достигна највисокото ниво на странски директни инвестиции, во 2024 година регистрирани 1 милијарда и 255 милиони евра, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи дека ја добил веста на пат кон Турција и средбата со претседателот Ердоган.
„Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 1 милијарда и 255 милиони евра, а растот во последниот 4ти квартал на минатата година од цели 400 милиони евра што за Македонија и регионот е најдобар економски резултат“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.
Додаде дека успехот особено го радува оти затекнале економски пустош.
Економија
Казни од 500 до 10.000 евра, па и затворање на маркетите: Дурмиши најави контрола на над 1.000 трговски објекти

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска одржа прес-конференција, на која информира за мерките што ги донесе Министерството за економија и труд со цел заштита на стандардот на граѓаните.
Министерството за економија и труд и Владата континуирано носат мерки и креираат политики со цел заштита на стандардот на граѓаните, намалување на цените на основните прехранбени производи и стабилизација на инфлацијата. На почетокот на оваа недела Собранието на предлог на група пратеници ги изгласа измените на Законот за заштита на потрошувачите, информира Дурмиши.
Со овие измени трговците, појасни тој, почнувајќи од средината на април, ќе имаат задолжителна обврска да ги објават цените на сите производи на своите интернет-страници.
„Законот, кој очекуваме деновиве да биде објавен во ‘Службен весник’ предвидува во рок од 45 дена од денот на влегувањето во сила трговците на своите веб-страници да ги објават цените на сите производи што ги продаваат во своите продавници“.
Според него, во наредните 10 дена ќе бидат објавени и правилниците, кои ќе пропишуваат на кој начин ќе се објавуваат цените од страна на трговците.
Со овие законски измени Дурмиши очекува поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкуретност и намалување на цените.
Граѓаните, вели тој, сега ќе може да изберат каде ќе ги трошат своите пари, ќе знаат за секој производ во кој маркет по која цена се продава.
Според него, ваквата мерка ќе донесе до зголемување на конкурентноста помеѓу трговците и намалување на цените на производите. Потрошувачите ќе бидат целосно информирани за тоа кој производ кај кој трговец колку чини.
Овој закон, како што појасни, се однесува на мали, средни и на големи трговци, со што е исклучуваат микротрговците и трговците поединци, односно маалските дуќани.
Потсети дека законската измена следува откога минатата недела Владата по предлог на Министерството за економија и труд донесе одлука за ограничување на маржите на 102 групи основни прехранбени производи и средства за хигена и ограничување на цените на 8 групи на најосновни прехранбени производи.
Двете мерки веќе се во сила и ќе траат заклучно со 30 април, односно ќе бидат опфатени и двата празника, Рамазан и Велигден.
„Државниот пазарен инспекторат е на терен и инспекторите постапуваат по одлуката дали маркетите ги усогласиле своите цени на полиците.
До крајот на оваа недела е предвидено да се направи надзор на над 1.000 трговски објекти во државата по што Државниот пазарен инспекторат ќе излезе со податоци за евентуално непочитување од страна на одредени маркети.
Казните се движат од 500 до 10.000 евра, па и до затворање на маркетите во траење од 15 дена. Очекувањата се дека цените ќе се намалат во просек околу 10 %, со што ќе влијаеме на стабилизирање на инфлацијата и заштита на стандардот на граѓаните“, истакна Дурмиши.