Македонија
Скопје ќе добие осум катни гаражи
Центарот на Скопје до 2011 година ќе добие осум катни гаражи со околу 3.000 паркинг места, најави Владата, заедно со Град Скопје и општина „Центар“.
Центарот на Скопје до 2011 година ќе добие осум катни гаражи со околу 3.000 паркинг места, најави Владата, заедно со Град Скопје и општина „Центар“.
Четири од нив ќе гради Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, две ќе гради општина „Центар“ и две локации доби Град Скопје.
Земјиштето е во сопственост на државата, а Владата ќе им го додели на овие институции. Инвестицијата ќе чини од 25 до 30 милиони евра.
Едната гаража која ќе ја гради Градот Скопје ќе биде лоцирана кај полициската станица „Беко“, а друга кај старата Железничка станица. Во овие катни гаражи предвидени се околу 1.800 паркинг места.
Од катните гаражи кои ќе ги гради Јавното претпријатие за станбен и деловен простор две ќе се градат од левата и десната страна на А.Д. „Мепсо“, една кај Музејот на холокаустот, а другата кај „Работнички универзитет“. Овие катни гаражи ќе ослободат околу 1.300 паркинг места во центарот на Скопје.
Општина „Центар“ ќе гради катни гаражи кај Судска палата и кај поранешна „Нова Македонија“ со околу 8.00 паркинг места во двете гаражи.
Со ова се очекува да се реши проблемот на скопјани со паркинг местата. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

