Контакт

Филм

Почина српскиот актер Бора Тодоровиќ

Објавено пред

Српскиот актер Бора Тодоровиќ почина во понеделник изутрина во Клиничкиот центар во Белград на 84-годишна возраст, објави Танјуг.

dobivaj vesti na viber

 

Актерот неодамна имал операција на слепото црево, а по хируршкиот зафат му се слошило и паднал во кома. 

Тодоровиќ е роден во 1930 година во Белград. Тој е брат на славната Мира Ступица, а татко на актерите Срѓан Тодоровиќ и Дана Тодоровиќ. 

Негов прв театарски ангажман бил во Белградскиот драмски театар, но набрзо со сестра му Мира и нејзиниот тогашен сопруг се преселиле во Загреб каде што четири години работел во Хратскиот народен театар.

 

По враќањето во Белград се вработил во Ателје 212 во кој се задржал најдолго играјќи во многу претстави. 

На филмското платно остварил неколку значајни улоги, а препознатлив е по неговоит сериозен изглед и кога се во прашање комедии. 

Познат е по улогите во ’Маратонците го трчаат последниот круг’, ’Балкан експрес’, ’Дом за бесење’ и ’Професионалец’.

 

На крајот на 2012 година во интервју објави дека се повлекува од актерската професија. 

„Јас сум добро. Но, што се однесува до глумата, прекинав со неа. Не можам веќе. Доста е. Не дека не можам да издржам физички и психички, туку, право да ви кажам, ми здодеа. Долго сум во таа работа и гледам дека некој убав живот поминува покрај мене. Има убав живот и без глума. Вака сум фокусиран само на тоа. А тука сум некогаш задоволен, некогаш не. Доста беше, дури и премногу. Немам повеќе некој мотив“, изјави тогаш актерската српска легенда./крај/мф/сд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ – филм создаден за домашната публика што допре до светот

Објавено пред

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, синоќа ја имаше својата македонска премиера во Македонскиот народен театар во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Режисерката Тамара Котевска изјави дека филмот првенствено бил создаден за домашната публика, без амбиција да стигне толку далеку на меѓународната сцена, додавајќи дека токму реакцијата од македонските гледачи за неа има најголема тежина.

Таа посочи дека, иако ѝ е драго што филмот бил прикажан и прифатен од светската публика, најважно ѝ е што ќе го гледаат луѓето низ цела Македонија. Котевска најави дека се планираат премиери и проекции во сите градови, нагласувајќи дека жителите на помалите места заслужуваат да имаат можност да го видат филмот.

„Мило ми е што го виде светот, но повеќе од сè ценам што го видовте денес сите вие и што допрва ќе го гледа цела Македонија“, истакна Котевска.

Таа нагласи дека луѓето како Никола и неговото семејство се суштината на приказната и причината зошто создава вакви филмови, додавајќи дека особено ѝ значи да ги раскажува и приближува приказните од помалите и поскриени средини во Македонија, кои, како што рече, се суштински дел од културата и светот во кој живееме.

„Приказната за Силјан“ имаше светска премиера на Венецискиот фестивал, и доби повеќе значајни меѓународни признанија.

Државниот врв на премиерата на „Приказната за Силјан“ во МНТ: „Добивме вредно филмско остварување“

Прикажи повеќе...

Култура

Почнува 24. „Синедејс“ со репертоар од над 50 европски остварувања

Објавено пред

Со слоганот „Се гледаме од другата страна“ од 3 до 10 декември се одржува 24. „Синедејс“ – Фестивал на европски филм.

dobivaj vesti na viber

Осумте селекции, повеќе од 60 филма, кои ја одбележаа тековната европската филмска година и врвната работилница „Маркетинг на филм“ се фактографски белег на годинешниот „Синедејс“.

„Оваа година публика не ја водиме на филмско патување, туку ја водиме низ премин. Типично за Дејвид Линч, кому му го посветуваме ова издание, надреално, сонувачки, убаво и контрастно. Тој премин и покрај сѐ е богат со најновите и најнаградувани филмови. Свесни сме дека земја како Македонија, со мал продукциски импакт, филмот се докажа како најголем амбасадор и за да може да виреат такви креативци, но и на таквата префинета публика должни сме да ѝ го дадеме најдоброто што знаеме да го правиме, а тоа е фестивал, пред сé“, вели Маргарита Арсова, програмски координатор на „Синедејс“.

Два филма се на почетокот на фестивалот – „Тоа беше само несреќа“ во режија на Џафар Панахи, добитник на наградата „Златна палма“ на Канскиот фестивал и „Човек лавина“ на Слободанка Рудин, филм за еден од најдобрите музичари и тапанари во поранешна Југославија, Драгољуб Ѓуриќиќ.

„Ова издание на ‘Синедејс’ ги носи и ‘Тајниот агент’ на Мендонса Фило, ‘Домот на младата мајка’ на браќата Дарден, и двата номинирани за ‘Златна палма’, ‘Татко мајка сестра брат’ на Џим Џармуш, кој е добитник на наградата ‘Златен лав’ во Венеција и досега не е прикажан во кината во Европа, потоа филмови во кои македонските филмски екипи се копродуценти, како ‘Оче наш’ на Горан Станковиќ, ‘Ера’ на Парта Келменди, ‘Павиљон’ на Дино Мустафиќ… А ќе гледаме и филмови на Сорентино, Парк Чан-Вок. Особено сме благодарни што годинава и ‘Македокс’ ни се придружува со своја селекција, победници од нивниот фестивал. Многу гости, музика и филмски завршок на годинава за МКЦ“, дополнува Арсова.

Селектор на програмата на 24. „Синедејс“ е Бернд Будер и годинава ќе ги гледаме филмовите структурирани во повеќе селекции: официјална селекција, гала-програма, МК во ЕУ, МК-премиери на кратки филмови, музички документарци, СЕЕ-програма, селекција на Дејвид Линч и „Македокс“.

Жири-комисијата во состав: Сара Климовска – актерка, Северна Македонија, Арсен Оремовиќ – режисер, Хрватска, и Алеш Павлин – режисер. Словенија ќе одлучува за филмовите во официјална конкуренција, а Ана Опачиќ – режисерка, Хрватска, Фатос Бериша – режисер, Албанија, и Јасмина Карајловиќ – продуцентка, Црна Гора, за филмовите во СЕЕ-програмата.

На 4 и 5 декември во клубот МКЦ, во рамките на вечерите „Синемјузик“ имаме специјална селекција од десетина млади европски бендови, поддржани од програмата „Лајвјуроп“. Влезот за концертите е бесплатен.

Фестивалот ќе се случува во просториите на МКЦ, во киното „Фросина“ и во Дансинг-салата „25 мај“.

Билетите за годишното издание на „Синедејс“ ќе бидат по цена од 200 денари за сите филмови, а може да се купат онлајн, преку bileti.mkc.mk (препорачуваме онлајн-продажба), како и на самиот влез на МКЦ.

Фестивалот во најголем дел е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ. Други финансиски покровители се Град Скопје, Делегацијата на ЕУ преку програмата за поддршка на европските филмски фестивали, како и мрежата „Лајвјуроп“.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) Објавен првиот трејлер за контроверзниот биографски филм за Мајкл Џексон

Објавено пред

По бројните извештаи за проблематичната продукција, студиото „Лајонсгејт“ го објави првиот трејлер за биографскиот филм „Мајкл“, кој го режира Антоан Фукуа и го следи животот на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон.

dobivaj vesti na viber

Трејлерот започнува со сцена во студио каде Џексон снима со Квинси Џонс (го игра Кендрик Семпсон), кој вели:

„Знам дека долго го чекавте ова. Песните се снимени, подготвени се. Да почнеме од почеток.“

Следуваат кадри од детството на Џексон, неговите легендарни настапи и видеа, меѓу кои и „Трилер“, додека во позадина свири хитот „Вана би стартин самтинг’“ од 1982 година.

Филмот го прикажува патот на Џексон од детска ѕвезда до светска икона, со „интимен поглед во животот и наследството на еден од највлијателните уметници на сите времиња“, стои во синопсисот.

Снимањето завршило во мај 2024 година, но поради дополнителни снимања во јуни, премиерата беше одложена за 24 април 2026 година.

Иако се шпекулираше дека проектот ќе биде поделен на два дела, трејлерот покажува дека сепак станува збор за еден филм.

Режисер е Антоан Фукуа, познат по акциските хитови „Training Day“, „The Equalizer“ и „Olympus Has Fallen“. Сценариото го напиша Џон Логан, автор на „Gladiator“, „The Aviator“ и „Hugo“.

Главната улога ја толкува Џафар Џексон, вистинскиот внук на Мајкл Џексон.

Продуцентот Греам Кинг изјави дека филмот ќе го прикаже Џексон со човечка страна, без да се „исчисти“ неговата биографија:

„Мајкл имаше сложен живот. Сакам да ја прикажам највозбудливата и најнепристрасна приказна што можам, а публиката сама нека одлучи како ќе се чувствува по филмот.“

Контроверзии повторно се појавија поради обвинувањата за сексуално злоупотребување на деца, кои беа обновени во документарецот „Leaving Neverland“ (2019) на Ден Рид.

Рид изјави дека сценариото за „Michael“ било „изненадувачки неискрено“ бидејќи, според него, ги игнорирало обвиненијата и тужителите.

Филмот ќе добие ново финале, бидејќи режисерот Фукуа мора повторно да сними делови поврзани со контроверзните обвинувања за злоупотреба на деца.

Како што пренесува „Анадолија“, првичната верзија на филмот прикажувала Џексон како се грижи за болни деца, што предизвикало реакции и притисок врз продукцијата да направи измени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Агенцијата за храна повлекува од пазарот во Македонија контаминирана формула за доенчиња: „Ако сте купиле, не ја употребувајте“

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор...

Македонија4 часа

Мицкоски за утрешниот протест за минимална плата 600 евра: Секој има право да си протестира, во март законски ќе ја зголемиме

Во пресрет на утрешниот протест за минималната плата да се зголеми на 600 евра организиран од Сојузот на синдикати на...

Македонија4 часа

Хотели без дозволи, бесправни објекти на Галичица и недостаток на урбанистички планови: Ревизијата со забелешки за Охрид

Општината нема донесено урбанистички планови за 20 населени места, нема преземено мерки за отстранување на бесправно изградените објекти, особено во...

Македонија5 часа

(Видео) Поплави во Струмичко: реката однесе повеќе од 100 јагниња и овци од штала во Костурино, поплавени и земјоделски површини

Надојдената вода од реката Тркања вчера однесе повеќе 100 јагниња и овци во селото Костурино, на локацијата позната како „Шепово“....

Македонија5 часа

(Видео) Димитријевиќ: Во ВМРО секој функционер или негов роднина има фирма

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави повеќе бомби, факти и докази за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за тендери во општините...

Македонија5 часа

Левица ќе гласа против новиот состав на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува за партизација

На утрешната пленарна седница, при гласањето за составот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратеничката група на Левица...

Македонија6 часа

(Видео) Камионџиите ја проширија блокадата на граничните премини, заострените шенгенски правила го блокираа товарниот сообраќај на Балканот

Возачите на камиони од  Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денес продолжија со блокадите на граничните премини за...

Македонија6 часа

Просечната плата во здравството е 50.327 денари, од март ФЗОМ најави ново покачување

Просечната нето плата во здравството, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година изнесува 50.327 денари, просечната плата...

Македонија7 часа

Лани подигнати 22.000 кубни метри отпад од диви депонии, Комунална апелира поскоро да стапи во сила Законот за формирање на комунална полиција

Во текот на 2025 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале вкупно 21995 кубни метри отпад од стотици...

Европа9 часа

Америка ѝ нуди на Украина гаранции и оружје, но бара многу болни отстапки кон Русите

Администрацијата на Доналд Трамп ѝ соопшти на Украина дека безбедносните гаранции на САД се условени од тоа Киев да се...

Свет10 часа

(Видео) Зимската бура ги парализираше САД, стотици илјади без струја, најмалку 30 мртви

Силна зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави донесе нови снежни врнежи на североисток, додека југот е замрзнат, оставајќи...

Свет10 часа

Трамп: Иран сака договор

Доналд Трамп рече дека Иран сака да склучи договор, бидејќи американски носач на авиони и придружна борбена група пристигнаа на...

Свет11 часа

Британскиот премиер оди во Кина: „Нема да бирам меѓу две страни“

Премиерот Сер Кир Стармер изјави дека нема да биде принуден да „избира помеѓу“ својот однос со САД и со Кина,...

Европа11 часа

Францускиот парламент ја поддржа забраната за социјалните медиуми за лица под 15 години

Националното собрание на Франција во понеделник го поддржа законот со кој се забранува користењето на социјалните медиуми од страна на...

Регион11 часа

Црна Гора го затвори 13-то поглавје од преговорите со ЕУ

Црна Гора го затвори преговарачкото поглавје 32 – Финансиски надзор вчера, на Меѓувладината конференција меѓу Црна Гора и Европската Унија...

Македонија22 часа

Дрога чувана под шанк во кафеана: четири лица под истрага за илегална препродажба на марихуана и хашиш во Валандовско

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен кој во временскиот период од октомври 2025 година...

Македонија1 ден

Во „Пулс“ влегол со билет за кој не добил фискална, никој не му побарал лична карта, а од стампедото го спасил обезбедувачот Столе, сведочеше Иван Данаилов

Дваесетипетгодишниот Иван Данаилов, гостин во „Пулс“ вечерта кога се случи пожарот, на денешното судење сведочеше дека во клубот влегол со...

Македонија1 ден

МВР ги објави казните за „Безбеден град“: што ќе се санкционира и колку ќе плаќаат возачите кои ќе направат прекршок

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните...

Македонија1 ден

Николоски предлага три решенија за проблемот со шенгенските правила за превозниците

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на граничниот премин Блаце им даде поддршка на домашните транспортери, кои од денеска...

Македонија1 ден

Келнер, кој непријавен работел во „Пулс“, сведочи дека клубот имал само еден влез, имало малолетници, а пред пожарот со 63 жртви имало танчерки кои вртеле факели

Првиот сведок на Обвинителството, 20 – годишниот Кристијан Панов, на денешното судење за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа...