Контакт

Македонија

За Тодоров матурата мина успешно

Објавено пред

Прелиминарните резултати од полагањето на државната матура ќе бидат објавени до 12 јули по што учениците ќе имаат можност на приговор, а на 23. јули ќе бидат објавени конечните резултати, соопшти Методија Јанчевски директор на Државен испитен центар

dobivaj vesti na viber

Прагот за положена матура ќе се определи врз основа на постигнатите резултати од полагањето, рече министерот за образование и наука Никола Тодоров.„Образовниот систем зависи и од генералната политикиа, но во голема мера и од поединецот кој е вклучен во образовниот систем. Резултатите кои ги имаме во овој правец како политика, за државната матура, доволно говори за посветеноста на она што на политичко ниво може да се направи за подобрување на квалитетот на образованието“, рече Тодоров.Тој очекува високи резултати годинава и потенцира дека Македонија е лидер во регионот во однос на државната матура, бидејќи како што вели, само Словенија во поширокиот регион има воведено државна матура.Вкупно 18. 626 ученици матуранти во сабота го полагаа првиот предмет од Државната матура, односно мајчин јазик, а утре го полагаат вториот изборен предмет. Евентуалните приговори, учениците ќе може да ги поднесуваат по објавувањето на прелиминарните резултати од државната матура. Очекувањата се конечната обработка за прагот на положеност да заврши до 11 јули, по што на 12-13 јули ќе бидат објавени прелиминарните резултати.За износот кој се уплатува за приговор допрва ќе се решава следната недела, информираше Јанчевски. Директорот рече дека се’ уште не е определена и деновиве ќе се решава за цената на приговорите, која претходно две илјади денари, а потоа со кризните мерки беше намалена на 1.400 денари.Според директорката на Бирото за развој на образованието, Хорватовиќ, не е лошо нивото на квалитет на образование во средните училишта во Македонија, заклучок донесен врз податоците за праговите на положеност на државната матура од изминатите две години. „Образованието во Македонија не е толку лошо и не дава толку неквалитетни кадри, како што некогаш сака да се презентира во јавноста. Ова форма на екстерна евалуација ни дава храброст да продолжиме кон реформа на средното образвоание, со цел подобрување на квалитетот и прилагодување на стандардите во европските образовни системи, рече Хорватовиќ.Државниот испит во саботата беше спроведен во 94 јавни училишта во државата и пет приватни средни училишта за учениците од гимназиското, уметничкото и средното стручно образование. Се полагаа испитите по македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски  јазик и литература. На испитот беа пријавени 18.441 кандидат, од кои 71 процент полагаа македонски јазик и литература, 27 отсто албански и литература и 2 проценти турски и литература



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Четворица повредени во пожарот во Трубарево – се чекаат детали од Министерството за здравство

Објавено пред

Четири лица се здобиле со повреди во пожарот што вчера избувна во компанијата „Ф-Групација“ во Трубарево, која се занимава со складирање на електричен и електронски отпад.

dobivaj vesti na viber

Информацијата ја соопшти на прес-конференција портпаролката на Владата, Марија Митева.

Таа најави дека дополнителни податоци за здравствената состојба на повредените ќе бидат презентирани од министерот за здравство Азир Алиу 13 часот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче бара итни мерки: прегледи за жителите, анализи на воздух и почва, поширока безбедносна зона

Објавено пред

Претседателот на СДСМ и поранешен министер за здравство, Венко Филипче, ја оцени ситуацијата по вчерашниот пожар во Трубарево како сериозна и упати конкретни барања до институциите за итно дејствување. Тој истакна дека ваквите кризни настани бараат одговорна, транспарентна и координирана реакција, а не политички спинови и конфузни пораки.

dobivaj vesti na viber

„Граѓаните имаат право да знаат што дишат и што внесуваат во организмот, но и да бидат заштитени од државата. Тоа е нивно основно човеково право, а должност на институциите е да им го обезбедат“, посочува Филипче.

Тој потенцираше дека одговорноста не завршува со гаснење на пожарот, туку дури почнува со справувањето со последиците, кои како што рече можат да бидат долгорочни и опасни по здравјето.

„Јавно барам да се овозможи медицински преглед за сите жители во и околу Трубарево, особено за оние кои биле директно изложени на чадот и токсичните гасови“, изјави тој. Дополнително, побара и лабораториски анализи на воздухот, почвата и водата со јасен фокус на диоксини, тешки метали и HF остатоци, но подвлече дека тие резултати мора да бидат транспарентно објавени.

Филипче посочи и на потребата од обезбедување психолошка поддршка за жителите и пожарникарите кои биле на лице место. „Не можеме како држава да ги оставиме сами со траумата“, нагласи тој.

Претседателот на СДСМ укажа дека воспоставената безбедносна зона од 400 метри е недоволна, и предложи таа да биде проширена на периметар од 500 до 2.000 метри. Во тој радиус, рече тој, мора да се воспостави јасен протокол кој ќе вклучува затворање на училишта ако е потребно, дистрибуција на маски, ограничување на движењето, како и активирање на јавен систем за предупредување преку СМС пораки и локални медиуми.

„Очекувам да бидат поставени мобилни мерни станици кои ќе го мерат загадувањето во реално време, особено по правците на ветерот“, додаде Филипче. Тој исто така предупреди на потребата од долгорочно следење на квалитетот на почвата и водата, информирање на населението дали може да ги користи земјоделските производи, како и дали ќе биде потребна дезинфекција на јавни површини.

На крајот, побара целосна истрага за причините за пожарот. „Потребна е истрага за тоа што точно се случи, зошто немало контрола, каде затаиле протоколите и кој ќе понесе одговорност“, рече Филипче, потенцирајќи дека „наместо конфузни изјави и политички спинови, луѓето очекуваат одговори и решенија“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Обвинителство чешла документи, Армијата мери токсини по пожарот во Трубарево, се чека и на резултатите од министерството на Меџити

Објавено пред

Во врска со големиот пожар што зафати магацински објекти во селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека презеле дејствија за утврдување на фактите и обезбедување на докази за понатамошната постапка.

dobivaj vesti na viber

Јавниот обвинител упати барање до Началникот на Генералштабот на Армијата за ангажирање на Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана. Припадниците на единицата со специјални инструменти извршија мерења и детекција на хемиска и токсична контаминација на воздухот со гасови и честички кои се ослободуваат од пожарот.

Првичните резултати од мерењата веќе се доставени до обвинителството. Од Обвинителството образложија дека се работи за истите резултати кои синоќа ги презентираше министерот Панче Тошковски, и врз основа на кои на жителите од Трубарево им беше препорачано да го напуштат живеалиштето. Според овие резултати, во непосредна близина до 150 метри на центарот од огнот регистрирано е високо ниво на штетни супстанци и е високоризично. До 200 метри е средно ниво на опасност, а на оддалеченост до 400 е ниско ниво на опасност.

Покрај тоа, се очекуваат и резултати од надлежните служби при Министерството за животна средина, кои ќе дадат дополнителни податоци за степенот на загаденоста.

Обвинителството издаде наредби за прибирање на целокупната документација за работата на компанијата во чии магацини настана пожарот. Во наредниот период, откако ќе се обезбедат информации за видот на складираните материјали, ќе биде наредено и вештачење за да се утврди видот на контаминацијата и последиците врз животната средина.

Моментално, во опожарениот објект не постојат услови за увид на лице место поради опасноста, а полициските службеници и натаму го ограничуваат пристапот на сите неовластени лица и лица без соодветна заштитна опрема.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Четворица повредени во пожарот во Трубарево – се чекаат детали од Министерството за здравство

Четири лица се здобиле со повреди во пожарот што вчера избувна во компанијата „Ф-Групација“ во Трубарево, која се занимава со...

Македонија1 час

Обвинителство чешла документи, Армијата мери токсини по пожарот во Трубарево, се чека и на резултатите од министерството на Меџити

Во врска со големиот пожар што зафати магацински објекти во селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека презеле дејствија...

Топ2 часа

МВР трага по лице кое се обидело да запали „ауди“ и „јагуар“ во Куманово, ги испрскало возилата со бензин, но кога го виделе побегнал

Маж од Долно Којнаре, кумановско, пријавил дека во неговиот двор едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди”...

Македонија3 часа

(Видео) Се’ уште чади во Трубарево преку песокот со којшто е затрупан отпадот, спречено е ширење на пожарот

Благодарение на брзата и координирана акција на скопските пожарникари, спречено е ширење на големиот пожар што вчера избувна во Трубарево,...

Свет4 часа

Како ќе реагира Европа на ултиматумот на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп упати ултиматум до сојузниците во НАТО, барајќи воведување „големи“ санкции кон Русија и целосен прекин на...

Македонија4 часа

Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: фирмата има дозвола за работа, резултатите од мерењата се очекуваат

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа се јави од Трубарево, каде што вчера избувна голем...

Македонија13 часа

Тошковски: Жителите во непосредна близина на пожарот да ги напуштат живеалиштата поради штетните супстанци, радијација нема

Локализиран е пожарот кој избувна во складиштето за електроника во Трубарево, пришто опожарена е и пластика. Министерот Панче Тошковски вечерва...

Македонија14 часа

Движењето „Стоп за Вардариште“ во понеделник наутро ќе го блокира мостот „Близнаци“

Движењето „Стоп за Вардариште“ ја информира јавноста дека на ден 15.09.2025, понеделник, покрај протестот во 18:00 часот, ќе се одржи...

Македонија17 часа

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче...

Македонија17 часа

ИЈЗ објави препораки: Ако сте во непосредна близина на пожар останете дома и затворете ги прозорците

Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, соопшти дека во случај да...

Македонија17 часа

Опасен отпад гори во Трубарево, нема насоки од властите за заштита од чадот

Во Трубарево горат електронски отпад и пластика, во делови од главниот град се чувствува силна миризба, а засега нема предупредувања...

Македонија19 часа

Во Трубарево гори и пластичен отпад, Ангелов рече дека пожарот е подметнат и нема повредени лица

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека големиот пожар кој денеска избувна во фабриката „Ф –...

Македонија21 час

(Видео) Драматични снимки од пожарот во Трубарево кадешто горат објекти за складирање на електронски отпад

Сериозен е пожарот што избувна во Трубарево и ги зафати  објектите на Ф – ГРУПАЦИЈАТА која се занимава со електронски отпад....

Македонија21 час

(Видео) Ангелов: Се затрупува изворот на чад во Дрисла, термални камери и патроли во Вардариште, нов пожар избувна во Трубарево

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска информираше за повеќе паралелни интервенции поврзани со пожари на скопските...

Македонија22 часа

(Видео) Гори фабрика во Трубарево, црн чад се издигна над Скопје

Голем црн чад се издигна над главниот град, алармираат граѓаните од повеќе скопски населби. Директорот на Дирекцијата за заштита и...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ со готови листи за советници и кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ објави дека целосно ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Генералниот секретар на...

Свет1 ден

Тајлер Робинсон – од стипендист со блескава иднина до осомничен за убиството на Чарли Кирк

Тајлер Робинсон (22) од Јута, кој некогаш важел за одличен ученик и добитник на претседателска стипендија на Универзитетот „Јута стејт“,...

Македонија1 ден

Агелер по повод 30 години дипломатски односи: Македонија и САД покажаа што значи вистинско пријателство

Оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи (13 септември 1995) меѓу Република Северна Македонија и Соединетите...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ го прозва Коцевски: Не молчете за незаконското следење на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство и обвинителот Љупчо Коцевски веднаш да реагираат и да спроведат темелна и транспарентна истрага за, како...

Македонија1 ден

Шабан Салиу – кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари официјално е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

На свечена церемонија во Скопје, претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу го стави својот потпис на документот „Декларација...