Регион
Коштуница:Резолуцијата за Сребреница ги уништува односите меѓу Србија и БиХ
Претседателот на Демократската партија во Србија Воислав Коштуница оценил дека усвојувањето на резолуцијата за Сребреница во Собранието на Србија нема да придонесе за подобрување на односите меѓу Србија и БиХ.
Претседателот на Демократската партија во Србија Воислав Коштуница оценил дека усвојувањето на резолуцијата за Сребреница во Собранието на Србија нема да придонесе за подобрување на односите меѓу Србија и БиХ.
„Една резолуција која се однесува само на Сребреница не би придонела за подобрување на односите. Таа само би ги уништувала односите. Таа ќе биде аргумент за бошњачките политичари дека единствени жртви во таа војна биле само Бошњаците, а единствените виновници биле Србите“, рекол Коштуница.
Според неговите зборови ако се усвои посебна резолуција за Сребреница, тоа ќе значи дека Собранието на Србија работи против сопствениот народ, прогласувајќи го за вршител на геноцид.
„Издвојувањето само на едно место дека се случило злосторство и обвинувањето само на еден народ, нема да доведе до балансирана и објективна вистина за се што се случувало 20 години на овие простори“, рекол поранешниот српски премиер.
Tој рекол дека повторно ќе се залага за собранијата на Србија и Република Српска да усвојат една резолуција со која ќе се осудат сите злосторства од војната на просторите на БиХ./крај/он/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Брнабиќ: Хрватска посакува смена на Вучиќ, тие повеќе се грижат за Србија
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, реагира на изјавата на хрватската претседателска кандидатка од „Можеме“ дека „во стратешки интерес на Хрватска е Александар Вучиќ да не е на власт“.
Брнабиќ рече дека оваа изјава е пример за директно мешање во внатрешните работи на една земја и дека доколку нешто е во стратешки интерес на една земја, сите нејзини институции се посветени на тоа, особено разузнавачките и безбедносните служби, пренесува „Индекс“.
„Изјавата на еден од претседателските кандидати, односно кандидатот за претседател на Република Хрватска, во последната недела од претседателската кампања, дека стратешки интерес на Република Хрватска е Александар Вучиќ да не биде на чело на Србија, пред сè, претставува целосно отворено и најбрутално мешање во внатрешните работи на Република Србија. Замислете некој во Србија да го каже тоа. Тие повеќе се грижат за Србија отколку за Хрватска“, рече Брнабиќ.
„Значи, тоа е дефиницијата на поимот мешање во внатрешните работи на друга држава. И, второ, конечно е крунскиот доказ, не инсинуација, туку доказ дека хрватските институции, не само нивните институции, туку и разузнавачките и безбедносните служби, даваат финансиска и логистичка поддршка на насилната и недемократска промена на власта во Србија и се работи на смена на Вучиќ“, рече Брнабиќ.
„За сите граѓани е неоспорно дека Александар Вучиќ има мнозинска поддршка. Значи, ако сакате да го урнете, а сакате затоа што тоа е ваш стратешки интерес, тогаш работете на тоа финансиски, логистички и паметно“, рече претседателката на Собранието.
„Сега слушнавме и сега целиот мозаик полека се склопува и ние всушност можеме да видиме што се случува“, заклучи Брнабиќ.
Регион
Поради снежните врнежи, прогласена вонредна состојба во дел од Бања Лука: ќе биде ангажирана дополнителна мобилизација
Градскиот штаб за вонредни состојби во Бања Лука на денешната седница прогласи вонредна состојба и состојба на елементарна непогода предизвикана од обилните снежни врнежи за подрачјата на повеќе месни заедници во областа Бања Лука, соопшти градската управа.
Градската управа наведува дека органите, службите и компаниите на подрачјето на Бања Лука ќе бидат ангажирани и целосно ставени во функција со цел што поефикасно да се отстранат последиците од елементарната непогода предизвикана од снежните врнежи, односно да се расчистат патните комуникации на територијата на градот.
„Ќе се ангажира дополнителна мобилизација, а ќе се ревидира и постојниот акциски план. Вонредната состојба ќе трае сè додека има потреба од спроведување мерки за заштита и спасување, како и санирање на последиците од обилните снежни врнежи. Штабот вчера донесе одлука за формирање волонтерски тимови, кои ќе им бидат достапни на граѓаните во месните заедници, кои поради временските непогоди немаат струја и вода, а воедно ќе ги посетат и подрачјата на кои снегот е повисок од 40 сантиметри“, истакнуваат од градската управа на Бања Лука.
Активирани се и итни телефонски броеви, кои ќе им бидат достапни на граѓаните 24 часа.
Регион
Семејно насилство во Белград: ја малтретирал мајка си, па ѝ држел нож на грлото
Полицијата во Земун го уапси С. Н. (31), кој ја малтретирал и се обидел да ја повреди својата мајка.
По наредба на Третото основно јавно обвинителство, одредена му е мерка притвор во полиција до 48 часа.
Тој се сомничи дека по расправијата, ја клоцал мајка си, ја влечел за коса и на крајот ѝ држел нож под грлото и ѝ кажувал дека ќе ја убие.
Жената не е тешко повредена, пишуваат тамошните медиуми.