Европа
Шведска ги заостри законите за азил

Шведскиот парламент изгласа во вторникот построги правила за барателите на азил, вклучително и запирањето на постапката за давање постоен престој за оние кои е одобрен азил.
Покрај тригодишниот престој за повеќето бегалци, воведени се мерки коишто го ограничуваат соединувањето на семејствата. Мерките ќе траат три години, со исклучок околу постојаниот престој за бегалските квоти.
Новите прописи ќе стапат на сила од 20-ти јули и ќе се применуваат за оние коишто во Шведска пристигнале по ланскиот 24-ти ноември, кога владата ја покрена расправата за поцврст став во однос на бегалците и имигрантите.
Шведската влада смета дека ваквиот чекор е неопходен поради проблемите кои се појавија во текот на минатата 2015 година, кога во земјата пристигнале повеќе од 163.000 лица кои бараат азил во оваа скандинавска држава.
Законскиот предлог во вторникот во парламентот мина со 240 гласови „за“, и 45 гласови „против“. Коалициската влада на Социјалните демократи и Зелените беше поддржана и од антидоселечничките Шведски демократи и од конзервативната Умерена партија.
Триесет пратеници беа воздржани, вклучително и од опозициската Либерална парти и од Христијанските демократи, а 34 членови на парламентот, кој брои 349 пратеници беа отсутни.
Четворица пратеници од владејачката партија на Зелените гласаа против законскиот предлог, како и опозициската Центристичка партија, и Левата партија којашто инаку по многу прашања ја поддржува владата на левиот центар.
Новиот закон го критикуваа и невладините организации, како шведската канцеларија на Аmnesty International и од Save the Children, а тоа го сторија и бискупите на шведската Лутеранска црква.
Шведска, со 10 милиони жители, покрај Германија и Австрија е најпосакуваната дестинација за бегалците и имиргантите кои бегаат пред војните, прогоните и сиромаштијата на Блискиот исток./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русите лансираа речиси 200 беспилотни летала врз Украина синоќа

Украинските служби за итни случаи објавија фотографии од спасувачите на теренот по ноќниот руски напад врз Крукивашчина, предградие на Киев.
Како што соопштија украински официјални извори, во текот на ноќта руската војска лансирала 177 беспилотни летала во Украина, од кои украинските сили собориле 110. Во регионот на Киев едно лице загинало, две се повредени, а девет станбени згради биле оштетени.
Во Харков нападот предизвика пожар во деветкатница, при што беа повредени две лица. Во нападот беа оштетени универзитет, опера и станбена зграда. Во изминатите 24 часа најмалку три лица загинаа, а 26 се повредени во нападите на регионите Херсон и Донецк.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа најголемата руска рафинерија на Црното Море со дронови, објавени снимки

Украина го нападна јужниот руски регион Краснодар со голем број беспилотни летала во текот на ноќта, оштетувајќи неколку куќи, вклучително и една во црноморското пристаниште Туапсе, соопштија руските власти. Три станбени згради се оштетени низ целиот регион и нема извештаи за повредени, објави гувернерот Вениамин Кондратиев на апликацијата за пораки Телеграм.
Беше запалена куќа во Туапсе, но пожарот во меѓувреме е изгаснат, објави на истата платформа Сергеј Боико, градоначалникот на Туапсе.
🇺🇦💥🇷🇺
Ukraine has launched a massive drone attack in the Krasnodar region, Russia.Locals say that an air battle has been going on over the seaport of Tuapse for a long time. Locals have heard several dozen explosions.
They complain that this has never happened before. pic.twitter.com/FgD6S6JZdt— NoHoldsBarred (@AussieSteve64) February 26, 2025
SHOT, руски информативен канал на Телеграм, објави дека се чини дека украинските беспилотни летала ја гаѓаат областа на пристаништето и дека жителите слушнале приближно 40 експлозии и мислеле дека тоа е звук на системи за противвоздушна одбрана.
Ројтерс не можеше независно да ја потврди објавата на SHOT. Украина се уште не коментираше.
/1. Russian media report that around 2 a.m. on February 28. Two drones with explosives attacked the Rosneft oil depot near the city of Tuapse. Distance to the territory controlled by Ukraine from there is +430km. pic.twitter.com/lfXDzv0m6J
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) February 28, 2023
Туапсе е дом на најголемата руска нафтена рафинерија на Црното Море и неколку пати беше мета на украински беспилотни летала од почетокот на војната што Москва ја започна против нејзиниот сосед пред три години.
Руската агенција за воздухопловство Росавијација на Телеграм објави дека блискиот меѓународен аеродром во Сочи, на околу 150 километри југоисточно од Туапсе, од синоќа е затворен за воздушниот сообраќај за да се обезбеди безбедност на воздухот.
Европа
Русија разбира дека е техничка грешка, Вучиќ бргу се извини: Кремљ го коментира гласањето на Србија за европската резолуција за Украина

Брзата реакција на српскиот претседател Александар Вучиќ на случајното гласање на неговата земја за антируска резолуција во ОН ја задоволи Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Русија разбира дека се работи за техничка грешка. Се разбира, го слушнавме и го забележавме“, му одговори Песков на новинарот на руската државна новинска агенција „Тасс“, кој го праша дали Кремљ го забележал извинувањето на Вучиќ.
„Се случуваат технички грешки. Се разбира дека ни се допаѓа таква брза реакција од шефот на државата“, додаде тој.
Србија вчера на Генералното собрание на Обединетите нации гласаше за европска резолуција за Украина. Меѓутоа, претседателот Александар Вучиќ набргу изјави дека неговата земја направила грешка и дека требало да покаже воздржаност.