Надворешна политика
Бесими: ЕУ и НАТО остануваат стратешки определби за Македонија
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во вторникот имаше свое обраќање на конференцијата Гермиа Хил (Germia Hill), која се одржа во Приштина, насловена како „Југоисточната европска безбедност во светлото на пошироките регионални предизвици“.
Во своето обраќање на панелот „Глобалните предизвици и улогата на НАТО и ЕУ во Западен Балкан“ Бесими, се осврна на глобалните и регионалните геополитички предизвици, низ призма на актуелните политички и економски случувања.
При тоа тој истакна дека за Македонија, како мала земја која се уште ги развива своите економски капацитети, со само две децении независно водење на своите политики, НАТО и ЕУ перспективата се и ќе останат стратешка определба и клучен фактор во сите политички и социјални процеси во земјата.
Оваа конференција според Бесими е од посебно значење поради можноста за разменување на идеи и искуства како и сензибилизирање на јавноста околу значењето и улогата на Евроатланските интеграции за земјите од Западен Балкан и регионот, за кои ЕУ претставува единствена аспирација, а НАТО е цел за најголем дел од нив. Земјите од овој регион вложуваат големи напори во насока на приближување кон овие структури и од големо политичко и економско значење е што поскоро интегрирање на овој регион.
При тоа Бесими ја истакна потребата од натамошно продлабочување на регионалната соработка, зацврстување на партнерството со ЕУ и НАТО и итно надминување на сите отворени билатерални прашања кои го кочат или успоруваат заокружувањето на децениските процеси за Евро-атлантска интеграција.
Гермиа Хил е годишна политичка конференција во организација на Министерството за надворешни работи на Косово, во соработка со познатиот светски институт Аспен (Aspen Institute), на која учествуваат политичари и меѓународни еминентни експерти и новинари. На маргините на конференцијата, Бесими оствари средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово, Хашим Тачи./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.