Македонија
ВМРО ДПМНЕ: Успеавме да го извлечеме Црвенковски да излезе во јавноста
Владеачката ВМРО-ДПМНЕ изрази задоволство што лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски ја прифатил поканата за средба со нивниот лидер Никола Груевски.
Владеачката ВМРО-ДПМНЕ изрази задоволство што лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски ја прифатил поканата за средба со нивниот лидер Никола Груевски.„ВМРО-ДПМНЕ изразува задоволство што со поканата за лидерска средба успеавме да го извлечеме Бранко Црвенковски на прес конференција после еден месец негово криење од македонската јавност“, се вели во партиската реакција.Воедно се изразува надеж дека не станува збор за, како што се истакнува, уште еден блеф и политички маневар на Црвенковски со кој ќе сака да направи се за да го стопира и наруши изборниот процес, само за да го одложи крајот на својата политичка кариера. „Реакцијата на Црвенковски која практично доаѓа дури еден месец по неговото последно појавување во јавноста кога беше прифатено нивното барање за предвремени избори од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ја гледаме како негов обид да се извлече од ситуацијата во којашто сам се заплетка себеси и со која сериозно им наштети на интересите на граѓаните и на државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ .Од партијата појаснуваа дека идејата за билатерална средба меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ произлегла од фактот што по излегувањето на СДСМ од Собранието сериозно се нарушиле интересите на државата. „ВМРО-ДПМНЕ со сериозност пристапува кон претстојните парламентарни избори и ќе направи се што е во нејзиниот домен тие да се одржат во фер и демократска атмосфера“, стои на крајот од партиското соопштение. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

