Македонија
СДСМ: Со кредитот од ММФ владата сака да ги затвори дупките во државниот буџет
Одлуката да се повлечат 220 милиони евра од кредитната линија на ММФ, според СДСМ, е со цел Владата да ги затвори дупките што ги има во државниот буџет.
Одлуката да се повлечат 220 милиони евра од кредитната линија на ММФ, според СДСМ, е со цел Владата да ги затвори дупките што ги има во државниот буџет.
Според партијата, ваквата одлука е потврда дека проценките на Владата за македонската економија се неточни.
„Од една страна Владата кажува дека државниот буџет се полнел подобро од очекувањата и економијата заздравувала, а од друга страна позајмува огромни износи во странство, кои ќе се користат за буџетски потреби, односно за исплата на плати и пензии“, се наведува во соопштението на партијата.
Со оваа одлука, според СДСМ, во иднина може да се наруши и соработката со ММФ.
„Во своето соопштение од 19 јануари 2011 година, ММФ истакнува дека не се очекува Македонија да повлекува пари од кредитната линија, освен во случај на неповолни екстерни случувања. Во моментов таков неповолен шок во странство нема. За шок не можат да се сметаат избори, бидејќи кредитната линија е со траење од две години, до јануари 2013 година, а дотогаш во секој случај ќе има парламентарни избори. Тоа значи дека причините за позајмувањето се други, а не оние што ги предвидел ММФ за кредитната линија“, се додава во соопштението./крај/со/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

