Свет
Убиен братот на авганистанскиот претседател Карзаи
Денеска е убиен Ахмад Вали Карзаи, помладиот брат на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, и еден од најмоќните луѓе на југот на Авганистан, соопштија тамошните власти, пренесе Ројтерс.
Денеска е убиен Ахмад Вали Карзаи, помладиот брат на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, и еден од најмоќните луѓе на југот на Авганистан, соопштија тамошните власти, пренесе Ројтерс.
„Потврдувам дека Ахмад Вали е убиен во својот дом“, рече Залмај Ајуби , портпарол на владата на провинцијата Кандахар.
Според некои извештаи, Карзаи, врз кого во повеќе наврати имало обиди за атентат, бил убиен од неговиот телохранител со огнено оружје.
Овој политичар беше сметан за борец за правата на Паштуните, додека некои критичари го обвинуваа за корупција, ширење на омраза и поттикнување на судири./крај/рт/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.