Свет
Потврдено дека Вали Карзаи е убиен од шефот на неговите телохранители Кабул
Братот на претседателот на Авганситан,и претседател на провинцискиот Совет на Народните претставници на провинцијата Кандахар, Ахмад Вали Карза е убиен од шефот на неговото лично обезбедување Мохамад Сардар, потврди авганистанската агенција Pozhvak
Според информациите со коишто располага авганистанската новинска агенција, Мохамад Сардар го застрелал Ахмед Вали Карзаи во дворот на неговиот дом од автомат „калашников“. Два куршума го погодиле полубратот на претседателот Хамид Карзаи во градите и во стомакот. Убиецот веднаш бил застрелан од страна на другите телохранители на Вали Карзаи, дополни авганистанската агенција. Претставникот на талибаните, Јусуф Ахмади претходно за AFP изјави дека талибаните ја преземаат одговорноста за атентатот. Ахмади додаде дека талибаните неодамна го задолжиле својот припадник Мохамад Сардар да го убие Ахмад Вали Карзаи.Како што пренесува РИА Новости, повикувајќи се на извор во авганистанската полиција, претседателот на провинцискиот совет на Народните претставници во Кандахар, Ахмад Вали Карзаи, бил убиен во неговиот дом од страна на еден од неговите телохранители.Негов роднина кој сакал да остане анонимен, исто така, за Reuters потврдил дека убиството се случило во домот на полубратот на авганистанскиот претстедател Хамид Каразаи.Портпаролот на гувернерот на провинцијата Кандахар, Залмај Аијуби изјави за медиумите дека „Ахмад Вали Карзаи беше убиен во неговиот дом“, незадржувајќи се притоа на подетални информации за убиството.Началникот на антитерористичката единци за во авганистанското министерство за внатрешни работи, Абдул Гафар Сајеџада за Reuters рече дека Ахмад Вали Карзаи најверојатно е убиен „од еден од неговите телохранители и дека никој однадвор не е вмешан“.Ахмад Вали Карзаи, кој беше влијателна фигура во владејачките структури во провинцијата Кандахар, во неколку наврати беше споменуван во западните медиуми во врска со производството и транспорт на дрога и трговијата со дрога од источните авганистански провинции. Претходно, имаше неколку обиди за негова ликвидација, но тој секогаш се извлекуваше неповреден.Ахмад Вали Карзаи е контроверзна фигура во Авганистан кој беше доведуван во поврзаност со вносната трговија со опиум. Во документите што минатата година ги објави WikiLeaks беше наведено дека Ахмад Вали Карзаи е еден од главните нарко босови во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: познато кога ќе се врати на должностите
Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.
За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.
Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.
Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.
Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.
Свет
Стари книги обложени со отров отстранети од Француската национална библиотека
Властите отстранија четири книги од Француската национална библиотека поради можноста нивните корици да содржат отровен арсен. Имено, некои книги од 19 век, печатени во Британија, имаат смарагдно зелени корици. Арсенот често се користел за боење книги во тоа време.
Научниците од Универзитетот во Делавер во САД ги класифицираа отстранетите томови како потенцијално опасни, но библиотеката вели дека ракувањето со овие книги би предизвикало само мала штета на здравјето. „Ги ставивме во карантин овие дела. Ќе ги анализираме во лабораторија за да можеме да процениме колку арсен е присутен во секој том“, рече портпаролот на Француската национална библиотека, а пренесе Би-би-си.
Списокот на потенцијално опасни книги е составен од „Poison Book Proect“ , иницијатива покрената од научници од Универзитетот во Делавер во соработка со музејот Винтертур во Делавер. Од 2019 година, тимот тестираше стотици корици книги за тешки метали и состави листа на наслови кои се потенцијално опасни.
Издавачите од викторијанската ера користеле арсен за да ги обојат кориците. Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на долгорочна изложеност на арсен во водата за пиење и храната, велејќи дека супстанцијата е многу токсична. Сепак, таа не дала никакви упатства за ракување со предмети што го содржат овој отров.
Во 2022 година, библиотекарите во Лидс, Англија открија ретка книга со арсен. Библиотекар ја открил потенцијално отровната книга додека ја споредувал збирката на библиотеката со базата на податоци на проектот „Poison Book“.
Свет
Мигранти плаќале 18.000 евра за превоз преку Ла Манш, биле сексуално експлоатирани
Виетнамска криминална мрежа беше пресечена со акција на полициите на Франција и Англија, со поддршка на Европол.
Оваа група шверцувала мигранти преку Ла Манш и организирала нивна сексуална и трудова експлоатација како и перење пари.
Главниот организатор, идентификуван како десна рака на водачот на оваа банда, го организирал шверцот, додека друг нивни соучесник бил задолжен за собирање пари и организирање на транспортот на мигрантите, кои плаќале од 15.000 до 18.000 евра за превоз преку каналот , соопшти Европол.
На пат од Полска за Франција, некои од мигрантите шверцувале метамфетамин во парискиот регион, снабдувајќи ги азиските групи за шверц на дрога со седиште во областа во замена за намалена цена на патувањето.
Уапсени се 16 членови на оваа група и одземени се разновидна луксузна стока, 100.000 евра во кеш и уште 298.000 евра на банкарски сметки.