Спорт
Македонските едриличари ја напуштија Балканијадата во Србија поради притисоци за името

Македонската едриличарска репрезентација ја напушти Балканијадата што се одржува во Долни Милановац, Србија, поради омаловажување и инсистирање на домаќинот да се прифати ултиматумот на грчкиот тим Македонија да биде претставена со референцата ФИРОМ
Генералниот секретар на Македонската едриличарска федерација Стефан Ставрев вели дека непријатностите започнале пред три дена кога на официјалната веб-страница на Балканијадата, репрезентацијата на Македонија била претставена со кратенката ФИРОМ, иако во интернационалната едриличарска федерација таа е примена под привременото име „The Former Yugoslav Republic od Macedonia“.„На ова реагиравме и усно и писмено, но иако инсистиравме, до отворањето не добивме информација под кое име планираат да настапиме на Балканијадата. Пред самиот почеток од страна на претставници на организаторите ни беше кажано дека мораме да ги соблечеме национални дресови на кои пишуваше ’Macedonian sailing team’, што беше одбиено од наша страна“, објаснува Ставрев.Откако репрезентацијата се построила зад таблата на која пишувало „The Former Yugoslav Republic od Macedonia“ организаторот ја прекинал церемонијата, а на репрезентацијата и’ бил поставен ултиматум или да бидат соблечени националните дресови или да го напушти отворањето.„Не го прифативме ултиматумот и се обидовме повторно да се построиме во што бевме спречени, нашата табла беше тргната, македонското знаме не беше подигнато и не се свиреше нашата национална химна“, вели Ставрев.Македонските едриличари од клубовите АМАК СП Бофор и Стрмец од Охрид и Снегар од Струга, денеска се враќаат во Македонија. За инцидентот на отворањето на Балканијадата е известена Амбасадата на Република Македонија во Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јувентус го договори Жегрова и го испрати Гонзалес во Атлетико

Јувентус, во финишот на преодниот рок обезбеди важно засилување. Поранешниот фудбалер на Лил, Едон Жегрова доаѓа во Јувентус. Во исто време клубот ќе го напушти Нико Гонзалес.
Косовскиот репрезентативец пристигнува од француски Лил, каде што играше претходните три сезони и се профилираше како еден од најдобрите играчи во Лига 1 на позицијата офанзивен играч за врска.
Жегрова ќе му се придружи на својот поранешен соиграч од Лил во Јувентус, Канаѓанецот Џонатан Давид, кој исто така им се придружи на Бјанконерите ова лето, но како слободен играч.
Италијанските медиуми објавуваат дека Јувентус ќе му плати 15 милиони евра на Лил
За репрезентацијата на Косово досега одигра 42 натпревари и постигна пет гола.
Исто така, на претпоследниот ден од преодниот рок, раководството на „старата дама“ ја прифати понудат од Атлетико за Аргентинецот, Нико Гонзалез.
Сезонава, Нико ќе настапува како позајмен играч во Атлетико. Клубот од Мадрид ќе плати еден милион евра за позајмицата.
На крајот од сезоната, во завосност од настапите, Атлетико ќе може да го откупи договорот на Аргентинецот за за сума помеѓу 20 и 30 милиони евра.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Шок во Милано, Удинезе го победи Интер

Вицепрвакот на Италија и Европа, Интер доживеа шокатнтен пораз на „Џузепе Меаца“ во второто коло, во Серија А. Удинезе победи со 2:1.
Интер поведе во 17-та минута со голот на Дензел Дамфрис по додавањето на Маркус Турам.
Во 26-та минута, Дамфрис играше со рака во шеснаесетникот. Во првиот момент, судијата покажа дека нема пенал, но доби сигнал од ВАР собата. Откако ја провери снимката, ја промени својата одлука. Кенин Дејвис беше прецизен во 29-та за 1:1.
Во 40-та минута, Артур Ата прими одлична топка на работ од шеснаесетникот и брилијантно постигна гол за водство на гостите.
Мрежата на Удинезе се тресеше во 56-та минута, но по проверката на ВАР, голот на Федерико Димарко беше поништен поради офсајд.
Подоцна, Интер имаше одлична можност преку Турам, но не успеа да освои барем бод на овој натпревар.
Foto/ EPA/MATTEO BAZZI
Спорт
(Видео) Влаховиќ за победа на Јувентус во Џенова
Фудбалерите на Јувентус ја победија Џенова на гостински терен во второто коло од Серија А со 1:0.
Единствениот стрелец беше српскиот фудбалер Душан Влаховиќ во 73-та минута, на асистенција на неговиот сонародник Филип Костиќ.
Јувентус изгледаше лошо во поголемиот дел од натпреварот, се мачеше да создаде шанса, па Џенова лесно ги одбиваше нападите на противникот.
Клучен момент беше 70-минута кога тренерот Игор Тудор на теренот ги испрати Влаховиќ и Костиќ. Три минути подцна српската врска му ја донесе победата.
Во следното коло Јувентус го очекува големото дерби против Интер.
Foto/ corriere.it