Контакт

Свет

Меркел предупреди на големата опасност од грчкиот банкрот

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот ги повика пратениците во Бундестагот да го одобрат вториот пакет финансиска помош за Грција, оценувајќи дека секоја поинаква одлука би била „неодговорна“ бидејќи ризиците поврзани со грчкиот банкрот се „немерливи“.

dobivaj vesti na viber

Германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот ги повика пратениците во Бундестагот да го одобрат вториот пакет финансиска помош за Грција, оценувајќи дека секоја поинаква одлука би била „неодговорна“ бидејќи ризиците поврзани со грчкиот банкрот се „немерливи“.„Опасностите од ускратувањето помош за Грција се немерливи“, предупреди Меркел пред пратениците од долниот дом на германскиот парламент. Бундестагот подоцна во текот на денот треба да даде одобрување за вториот пакет меѓународна финансиска помош за Грција што го одобрија министрите за финансии од земјите членки на еврозоната на минатонеделниот состанок во Брисел. „Никој не може да ги предвиди последиците коишто врз германската економија, на Италија, Шпанија, на целата еврозона и целиот свет би оставил грчкиот банкрот. Не смеам да се впуштам во авантура, мојата заклетва тоа не ми го дозволува“, рекла германската канцеларка.Меркел признала дека „патот што се отвора пред Грција е долг и сигурно не е без опасности“. „Тоа важи и за успехот на новата програма, никој не може да гарантира стопроцентен успех“, додала Меркел. Министерот за финансии Волфганг Шојбле ги предупреди пратениците со писмо од минатата седмица, дека ва сигурно нема да биде последен пат да се занимаваат со грчкото прашања“„Бундестагот ќе мора да гласа и за третиот пакет помош за Грција“, предвидува Пер Штејбруек од опозициските германски социјалдемократи во текот на парламентарната расправа во понеделникот.Како што најавија социјалдемократите (SPD) и партијата на зелените ќе гласаат за владиниот предлог што обезбедува поголемо мнозинство гласови за помош на Грција.//крај/афп/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Русија планира да постави електрана на Месечината во следната деценија

Објавено пред

Русија планира да постави електрана на Месечината во следната деценија за да ја снабдува својата лунарна вселенска програма и заедничка руско-кинеска истражувачка станица, соопшти Роскосмос.

dobivaj vesti na viber

Роскосмос потпиша договор со авијациската компанија „Лавочкин асоцијација“ за реализација на проектот, кој треба да биде завршен до 2036 година, објави Ројтерс.

Руската нуклеарна корпорација Росатом и Институтот за атомска енергија Курчатов, исто така, ќе учествуваат во изградбата. Целта на проектот е да се создаде постојана научна лунарна станица и премин од еднократни мисии кон долгорочна истражувачка програма.

Електраната ќе ги напојува роверите, опсерваториите и инфраструктурате=а на заедничката руско-кинеска станица на Месечината.

Роскосмос не прецизираше дали објектот ќе биде нуклеарен, но учесниците во проектот и сегашните планови сугерираат нуклеарна технологија, истакнува Ројтерс.

Фото: депозитфотос

Прикажи повеќе...

Свет

Украина објави комплетен мировен план од 20 точки направен со Америка

Објавено пред

Од

Украина објави комплетен мировен план од 20 точки направен заедно со Соединетите Американски Држави, кој треба да стане основен документ за завршување на војната.

dobivaj vesti na viber

Според Unian, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, нагласи дека Руската Федерација треба да одговори на планот денес, 24 декември, за време на состанокот со американската страна, и дека Украина е подготвена за преговори на највисоко ниво, особено во врска со територијалните прашања.

Главните точки на планот се суверенитетот на Украина, кој ќе биде потврден, а сите страни гарантираат почитување на границите. Една од нив е потпишувањето на пакт за ненапаѓање меѓу Украина и Русија со механизам за следење на линијата на контакт со употреба на беспилотни летала и технички групи за решавање на конфликти.

Безбедносните гаранции за Украина ќе бидат силни и ќе вклучуваат координиран воен одговор и повторно воведување санкции против Русија во случај на напад.

Големината на вооружените сили на Украина во мирно време останува до 800.000 војници.

САД, НАТО и европските земји даваат гаранции на Украина во согласност со Член 5 од НАТО, со прецизни услови за примена.

Во шестата точка е наведено дека Русија ќе ја вклучи политиката на неагресија кон Украина и Европа во своите закони и ратификациски документи. Потоа членството на Украина во ЕУ во одреден момент, со краткорочен привилегиран пристап до европскиот пазар.

Глобален пакет за развој за Украина, дефиниран со посебен инвестициски договор.

Средства за закрепнување на Украина насочени кон собирање 800 милијарди долари преку акции, грантови, долг и приватни придонеси.

Забрзување на договорот за слободна трговија со САД по склучувањето на мировниот договор.

Став 11 подразбира дека Украина ќе потврди дека ќе остане држава без нуклеарно оружје, во согласност со Договорот за неширење на нуклеарно оружје.

Управување со нуклеарната централа Запорожје: заедничко помеѓу Украина, САД и Русија, со дистрибуција на електрична енергија според предложените пропорции.

Образовни програми и толеранција: промовирање на разбирање, толеранција, заштита на малцинските јазици и верските права.

Територијални прашања: воени линии во регионите Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон признати де факто, предложено е можно создавање слободни економски зони и демилитаризирани области.

По договор за идните територијални аранжмани, и Руската Федерација и Украина се обврзуваат да не ги менуваат овие аранжмани со сила.

Став 16 подразбира дека Русија нема да ја спречи Украина да ги користи реката Днепар и Црното Море за комерцијални цели. Ќе се склучи посебен поморски договор и договор за пристап, кој ќе вклучува слобода на навигација и сообраќај. Како дел од овој договор, Кинбурн Хеар ќе биде демилитаризиран.

Потоа формирање на хуманитарен комитет за враќање на воени заробеници, заложници и решавање на страдањата на жртвите од конфликтот.

Одржување избори во Украина што е можно поскоро по потпишувањето на договорот.

Овој договор ќе биде правно обврзувачки, а неговото спроведување ќе го следи и гарантира Советот за мир, со кој претседава американскиот претседател Доналд Трамп.

Украина, Европа, НАТО, Русија, Соединетите Американски Држави ќе бидат дел од овој механизам.

Ќе бидат предвидени санкции за прекршувања.

И последниот став 20 наведува дека кога сите страни ќе се согласат со овој договор, веднаш ќе стапи во сила целосно примирје.

Претходно, германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул истакна дека Украина може да направи територијални отстапки само со сигурни гаранции од САД и Европа, додека Русија објави „минимален напредок“ во преговорите со САД.

 

фото/депозитофотос

Прикажи повеќе...

Свет

Медведев: Украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација

Објавено пред

Благодарение на напорите на Англосаксонците, украинскиот народ стана „топовско месо“ за европската цивилизација, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и претседател на партијата „Единствена Русија“, Дмитриј Медведев.

dobivaj vesti na viber

„Што доби народот на модерна Украина од Англосаксонците на крајот? Тие станаа „топовско месо“ за европската цивилизација, заложници на култот на смртта во форма на лажен „Holodomor“, средство за величење на садизмот и величење на воените злосторници“, рече Медведев во статија објавена денес во списанието „Родина“, под наслов „Како Англосаксонците го негуваа украинскиот национализам по Втората светска војна“.

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија нагласи дека „Holodomor“ стана една од главните политички пропагандни измами на 20 и 21 век, со потекло од Соединетите Американски Држави.

Како што вели, неговата првична цел била да го дехуманизира СССР, прикажувајќи го како „дивјак и крволочен“.

Терминот „Holodomor“ се однесува на масовниот глад што ја погоди Украина во 1930-тите и одзеде милиони животи.

Во 2006 година, Врховната работничка партија на Украина го прогласи „Holodomor“ за чин на геноцид врз украинскиот народ.

Медведев, исто така, додаде дека Англосаксонците се обидуваат да ги поткопаат позициите на светското православие со напаѓање на канонската Украинска православна црква.

„Друга цел на Англосаксонците на украинскиот фронт останува оштетувањето на позицијата на глобалното православие. Меѓу Украинците во сите региони на земјата, Украинската православна црква уживаше највисок авторитет. Канонската православна црква имаше поголемо влијание во општеството отколку сите гранки на власта заедно“, напиша Медведев.

Според него, „западниот свет, претежно католички и протестантски, се впушти во курсот на елиминирање на своите де факто конкуренти и ослободување од „непотребното“ сидро на цивилизацијата“.

Фото: депозитфотос

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Наќе Чулев: Незаконски бев отпуштен од работа, со години трпев јавно понижување

Поранешениот директор на Агенцијата за разузнавање и министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, објави дека судот донел пресуда во негова...

Македонија16 минути

(Видео) „100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја“, прашува Димитријевиќ

„Наместо да ги покачи платите и пензиите, власта ја покачи сметките за струја, удри по стандардот на народот. Државата нема...

Македонија18 минути

Вонредни екипи ќе ги читаат броилата за време на празниците и викендите

Зголемен е процентот на отчитување на броилата на 95% на тримесечно ниво (на 90% на месечно ниво), таргетирани се 10.000...

Македонија55 минути

Нов дефокус, сега Бугарите се криви за покачувањето на струјата, велат од СДСМ

„Ги слушаме претставниците на ВМРО Ванчовистичка во јавните настапи како зборуваат за внесување на Бугари во Устав. Дали сега за...

Македонија2 часа

Андреј Жерновски, симбол на неуспех и директен учесник во скандали и предавство на националните интереси, не е и не може да биде нов лик на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС може колку сака да го претставува новоформираното партиски раководство, како кадровска реформа и „нова“ сила, тоа не поминува. Реформа...

Македонија2 часа

„Една од институциите во која видни партиски лица од СДС и ДУИ си ги сместувале своите најблиски е ЕСМ Снабдување со топлина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„За СДС и ДУИ ништо не било свето. Институциите ги гледале единствено низ призмата сместување во топлите и удобни фотелји...

Македонија3 часа

Додека граѓаните плаќаат најскапа струја власта се правда дека покачувањето е „минимално“, велат од партијата Левица 

„Наместо покачување на платите и животниот стандард, граѓаните од јануари ќе плаќаат повисоки сметки за струја, благодарение на немањето визија...

Македонија3 часа

„Две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната небрежност во јавното здравство“, велат од „Влен“

„Вчера, на седницата на Владата, беа донесени две моќни одлуки со кои се нанесува директен удар врз хаосот и долгогодишната...

Европа3 часа

(Видео) Украинци: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница

Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во...

Европа3 часа

(Видео) Нова експлозија во Москва во близина на местото каде што пред два дена беше убиен генерал

Експлозија што се случи синоќа во јужниот дел од Москва уби три лица, вклучувајќи двајца припадници на руската сообраќајна полиција,...

Европа4 часа

Папата: Русија се чини дека го одбила барањето за примирје за Божиќ

Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет вчера вечер, без да спомене никаков конкретен конфликт, но...

Европа4 часа

(Видео) 12 дронови соборени длабоко во Русија, остатоци од еден предизвикаа пожар во објект

Над Тулската област, која се граничи со Московската област на север од земјата, руската воздушна одбрана уништи 12 украински дронови,...

Свет5 часа

(Видео) Експлозија во дом за стари лица кај Филаделфија: најмалку двајца мртви, се стравува дека има повеќе

Две експлозии и пожар, очигледно предизвикан од истекување на гас, го зафатија домот за стари лица во близина на Филаделфија,...

Македонија19 часа

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Владата на денешната редовна владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со...

Македонија20 часа

Сиљановска-Давкова: Кочани нè доведе до ѕидот на срамот, од овој процес ќе зависи дали судството ќе ја стекне, или трајно ќе ја изгуби довербата на граѓаните

2025 ќе остане врежана во нашите мисли и срца како година на ужасната трагедија во Кочани. Сите ние до крајот...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче за изјавите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија тоа нема да му помине

Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Сметам дека...

Македонија21 час

На Клиниката за пластична хирургија извршени две сложени микрохируршки операции

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се извршени две исклучително сложени микрохируршки операции кои траеја од 6 до...

Македонија23 часа

Од 1 јануари повисоки сметки за струја, РКЕ објави за колку ќе поскапи

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) информира дека изврши корекција на доставената...

Македонија1 ден

Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето

Прекинат прагот на алармирање, престануваат да важат мерките и препораките за загадувањето, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање....

Македонија1 ден

(Фото) Николоски: Интензивно работиме на реконструкцијата на превојот Пресека во должина од 11 километри

Интензивно работиме на рехабилитација на превојот Пресека и очекувам до месец февруари целиот патен правец да биде завршен и да...