Свет
Во експлозијата во Пакистан најмалку 14 загинати

Бомбаш-самоубиец во петокот удрил со трактор натоварен со експлозив во болница во градот Хангу во северозападниот дел на Пакистан, во петокот, при што загинаа најмалку 14 лица а ранети се 16, јавува Reuters повикувајќи се на изјави на официјални лица
Се претпоставува дека станува збор за секташки напад, бидејќи во моментот на експлозијата, според официјалните претставници на пакистанската полиција, бидејќи тракторот удрил во просторијата во која во тој момент верски обред извршувале шиитски муслимани.Неколку полициски офицери за агенцијата изјавиле дека меѓу загинатите има и три полицајци . Пакистанските власти се подготвуваат за секташкото насилство за време на најсветиот месец за шиитските муслимани Мохарам, која почна во средата. Сунитски милитантни групи во овој период често ги напаѓаат шиитски верски собири.Во градот Хангу во претходниве неколку години исто така имаше неколку поголеми секташки напади и судири.Во средата, бомбаш-самоубиец се разнесе покрај еден минибус во близина на градот Кохат, при што загинаа најмалку 16 лица.Пакистанските талибани, кои се тесно поврзан со Ал Каеда, ја презедоа одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во близина на канцеларија на гувернерот (кој е официјален претставник на пакистанската влада) во регионот Мохамнад на северозапад во понеделникот, при што загинаа најмалку 40 лица.Пакистанската влада, која САД ја гледаат како стратешки сојузник во војната против борбеност, се соочува со зголемена закана од дејствување на милитантните групи, предупредуваат домашни политичари и странски аналитичари.САД и владата во Исламабад се соочуваат со растечкото насилство од страна на талибанските бунтовници, кои преземаа серија самоубиствени бомбашки напади како одмазда за неколкуте воени офанзиви што минатата и оваа година беа преземени за уништување на нивните упоришта во северозападниот дел од Пакистан. Во овие напади заедно дејствуваат приапдници на Ал Каеда, пакистанските талибански милитанти и други групи исламистички групи. Некои од нив се анти-западно расположени, додека други се водени пред сè од секташката нетрпеливост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија.
„Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот.
Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите кон руската трговија и намалување на увозот на руска нафта. Зеленски го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за координирано дејствување и апелираше: „Не чекајте десетици дронови и проектили за да донесете одлуки. Престанете да барате изговори.“
Свет
(Видео) Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.
Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.
Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели дневно), што претставува 6,4% од вкупното производство во земјата.
Russian Telegram channels report a large fire at the Novo-Ufimskiy oil refinery in Russian Ufa, after a drone attack. pic.twitter.com/jKTqW5ouQO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2025
Свет
САД и Велика Британија ќе потпишат важен технолошки договор

Обединетото Кралство и САД во наредните денови ќе потпишат значаен технолошки договор во рамките на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон, соопшти британската амбасада во Вашингтон.
Договорот е насочен кон зајакнување на соработката во сектори како вештачка интелигенција, полупроводници, телекомуникации и квантно компјутерство, вредни трилиони долари.
Посетата на Трамп ќе трае три дена и ќе ја придружува делегација од водечки американски бизнис-лидери, меѓу кои директорите на Nvidia и OpenAI.
Според Sky News, инвестицискиот гигант BlackRock планира да вложи 700 милиони долари во британски дата-центри како дел од пакет договори што ќе бидат објавени за време на посетата.