Македонија
Вељаноски повторно ја повика опозицијата да разговараат за барањата
На денешната координациска средба кај собранискиот спикер Трајко Вељаноски, координаторите и потпретседателот на Собранието, од опозицијата повторно не се појавија, иако се разговарало за конкретни прашања покренати од самата опозиција
Главни теми на координацијата биле Изборниот законик, промената во Законот за судски совет и за формирање Комисија за избирачкиот список.За избирачкиот список и промените во Законот за судски совет, вицепремиерот Васко Наумовски како претставник од Владата доставил работен текст во кој се вклучени препораките на ОБСЕ и другите меѓународни и домашни организации.За в петок, собранискиот спикер Трајко Вељаноски закажа уште една средба на која координаторите на пратеничките групи треба да го кажат своето мислење во врска со нацрт текстот.„Закажав уште една координативна средба, а од пратениците од опозицијата побарав да се изјаснат за одлуката за основање на парламентарна Комисија за утврдување на состојбата на избирачкиот список, текстот на измените за изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХИР и за текстот за измените на Законот за судски совет, согласно препораките на ЕУ од извештаите за нашиот напредок“, изјави Вељаноски.Тој повтори дека негова законска обврска е да продолжи да ја повикува опозицијата и посочи оти нема намера да отстапи од повиците за остварување на дијалог и разрешување на спорните прашања.Во врска со седницата за пратенички прашања, Вељаноски соопшти дека утре ќе се одржат бидејќи за прашање биле пријавени веќе четири пратеници од опозициската ЛДП и независниот пратеник Даут Реџепи, а и како што рече согласно Деловникот таа може да се одржи.Потпретседателот на Собранието, Јани Макрадули, од СДСМ, во средата пред собраниската зграда изјави дека средбите кај Вељаноски се само алиби и оти клучот за откочување на како што рече политичката криза е единствено кај Никола Груевски.Вчерашната прес – конференција само потврди дека Груевски нема намера ниту да ги прифати условите за воспоставување нормален политички дијалог, ниту да ги прифати предусловите за оддржување слободни, фер и демократски избори“, рече Макрадули.Тој уште еднаш го повтори ставот на партијата додека не бидат исполнети условите, тие остануваат надвор од Собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бојан Маричиќ избран за нов претседател на Државната изборна комисија
Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за правда во Владата на СДСМ, Бојан Маричиќ, е избран за нов претседател на Државната изборна комисија (ДИК).
Собранието денес со 83 гласа „за“ ги избра членовите на новиот состав на Државната изборна комисија. За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата се избрани Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко и Дитмире Шеху.
Маричиќ доаѓа на местото на Борис Кондарко, кој, исто така, беше предлог на СДСМ.
Државната изборна комисија е составена од седум члена (претседател, потпретседател и пет други члена). Членови на ДИК може да бидат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во земјата, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и да не бидат членови на орган на политичка партија.
Македонија
Перински: Рамномерниот регионален развој започнува од малите општини и таму инвестициите најмногу се чувствуваат
Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински ја посети Општина Лозово. Во текот на посетата Перински оствари средба со градоначалникот Бошко Цветковски и членовите на Советот на општината, на која се разговараше за клучните активности на министерството, можностите што им стојат на располагање на општините, како и за конкретните потреби и развојни планови на Општина Лозово, насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Министерот нагласи дека неговата цел, како што се покажа и изминатиот период, е да биде присутен на терен и директно да ги слушне потребите на општините. На средбата стана збор и за воспоставениот Ресурсен центар, преку кој општините може да обезбедат поддршка за полесно и поефикасно водење на клучните процеси.
Во рамки на посетата беше извршен и увид на два проекти:
„Реконструкција и партерно уредување на КП бр. 2411 во населено место Лозово“ и „Реконструкција и партерно уредување на КП бр. 2055 во населено место Лозово“, кои се финансирани преку Програмата за намалување на диспаритетите и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година. Вкупната вредност на проектите изнесува 6.171.976 денари.
Преку овие проекти, граѓаните на Општина Лозово добија ново детско игралиште, современо осветлување, урбана опрема и партерно уреден јавен простор пред општинската зграда, со што се добива нов простор за дружење и секојдневни активности, велат од министерството.
Македонија
(Видео) Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците
Синдикалецот на батерии Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната која ја добива благодарејќи на работниците кои членуваат во неговите синдикати, им го сврте грбот и не прифати зголемување на платите во администрацијата за 40% во следните 2 години, обвини Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Слободан Трендафилов кој е многу гласен кога СДС е во опозиција, а тивок кога тие беа на власт, го одбил предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите на административните службеници за 40% во следните две години. Зошто? Само затоа што не сакал да го потпише новиот колективен договор. Трендафилов ги остави работниците на цедило и без повисоки плати, затоа што е политички заробеник од страна на СДС. Договорот што тој лично заедно со минатата министерка за труд и социјална политика, а сегашна потпретседателка на СДС, Јованка Тренчевска го потпишал е истечен, а со тоа се отвора можност за нов колективен договор, за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлага административните службеници да добијат 40% повисоки плати за 2 години. Ова ССМ и Слободан Трендафилов и УПОЗ на чело со Трпе Деаноски го одбиваат“, рече Манасиевски.
Според него, отворената поддршка која ССМ ја добива од Левица и од СДС, јасно говори кој седи позади овој организиран денешен протест.

