Македонија
Стартува кампањата „Здрава храна и точка!“

Информативната и едукативна кампања „Здрава храна и точка!“, наменета за сите оператори со храна од животинско потекло, промовирана е денеска
Информативната и едукативна кампања „Здрава храна и точка!“, наменета за сите оператори со храна од животинско потекло, е промовирана денеска во Скопје.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ацо Спасеноски рече дека оваа кампања претежно е наменета за оние, кои се уште го немаат имплементирано HACCP системот ( Hazard Analysis and Critical Control Point) во своите компании или се во процес на имплементација со цел да ги iинформира за сите важни аспекти на овој систем.
Проектот, кој е имплементиран од страна на министерството за Земјоделство во соработка со Светската банка ќе придонесе за јакнење на земјоделскиот сектор и приближување кон стандардите на Европската унија, изјави Спасеноски.
Тој појасни дека за имплементирање на HACCP системот може да с е користат субвенции преку програмата за субвенционирање на земјоделството, преку програмата за рурален развој, или преку ИПА фондовите на Европската унија.
Според директорот на Управата за ветеринарство, Дејан Рунтевски не постои алтернатива или компромис во обезбедувањето на здрава храна за населението.
Тој информираше дека согласно законот, HACCP системот за производителите на храна од животинско потекло ќе почне да се применува од октомври.
Предвидени се парични казни од 5.000-10.000 евра, како и времено одземање на дозволата за работа, за оние компании кои нема да го имплементираат системот, истакна Ристески, појаснувајќи дека интенцијата не е да се казнува, туку да се влијае позитивно врз компаниите да го воведат HACCP системот.
Според проценките, 40 отсто од компаниите веќе го имаат имплементирано HACCP системот, додека уште исто толку се во фаза на имплементирање.
Кампањата „Здрава храна и точка!“ ќе содржи семинари на кои ќе предаваат домашни и странски експерти и посета во компании со имплементиран HACCP систем.
Согласно Законот, секој сопственик на бизнис со храна е обврзан да обезбеди и применува хигиенски систем при ракување со храна. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот кон Граничниот премин Јажинце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека нормализиран е сообраќајот на патниот правец Тетово – ГП Јажинце кај село Рогачево, во двата правци и граничниот премин Јажинце.
Патот беше затворен поради пожар.
Македонија
Мисајловски и генералот Лафчиски со вработените во Министерството и припадниците на Генералштабот по повод 18. Август – Денот на Армијата

Денеска (15 август) пред платото на Министерството за одбрана и Генералштабот, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски по повод Денот на Армијата се обратија пред вработените при што ја истакнаа нивната професионалност и посветеност на службата.
Министерот Мисајловски изрази почит и благодарност до сите жени и мажи во Министерството за одбрана и Армијата кои, како што рече, посветено работат за државата, нејзината безбедност и сигурност.
„Пожртвуваноста на припадниците на Армијата при справувањето со секојдневните предизвици за заштита на македонските граѓани е јасна и препознаена од македонските граѓани. Тие имаат силна доверба во вас и ви оддаваат почит и признание – за вашата храброст и посветеност. Вредностите кои секој припадник на Армијата ги покажува секојдневно, се вредности кои ги негувате и вие – офицерите и подофицерите во Генералштабот и вработените во Министерството за одбрана кои со посветеноста, професионалноста и интегритетот кој го имате го градите имиџот и на Министерството и на Армијата“, рече тој.
Министерот истакна дека „изминатиов период се започнати многу проекти, голем број проекти завршивме, како инфраструктурни, така и проекти за опремување и модернизација на македонската Армија“ и додаде дека следниот период особено внимание ќе се посвети на подобрување на условите на работа за секој вработен, затоа што „одбраната на државата зависи од секој еден од вас.“
Генералот Лафчиски порача дека „18. Август е денот кој ги обединува сите денови на командите и единиците кои ги славиме во Армијата, тоа е празникот кој го празнуваат сите сегашни и сите поранешни припадници кои што во изминатите 33 години придонесоа во изградбата на модерната Македонска Армија.“
За време на свеченоста, делегација од Министерството и Генералштабот предводена од министерот Мисајловски и делегација од семејствата на загинатите бранители, положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето на загинатите бранители пред зградата на Министерството, оддавајќи им почит и благодарност за нивната пожртвуваност и храброст.
Претходно, делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот, како и претставници од кабинетот на Претседателката, Собранието, Владата и Организацијата на резервни воени старешини положија венци со свежо цвеќе на Партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски.
На свечениот собир на вработените Министерството за одбрана и Генералштабот присуствуваа и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова, директорот на Генералштабот, бригаден генерал Орце Јордев, вработени во Министерството и Генералштабот и останати гости.
Централната свеченост по повод Денот на Армијата ќе се реализира на 18 август во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Македонија
МВР: Не се води никаква постапка против Билјана Ивановска

Во врска со случајот со Билјана Ивановска поранешна претседателка на Антикорупциската комисија, Министерството за внатрешни работи известува дека против неа МВР не води никаква постапка.
„За сите пријави и постапки кои што ги води Обвинителството, тоа е единствено надлежно за одговори во врска со истите“, велат од МВР.
„11 часа по објавувањето на мојата кандидатура за градоначалничка на општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата“, објави поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и актуелна независна кандидатка за градоначалник на општина Центар.
Во врска со пријавата против Ивановска, Обвинителството соопшти:
„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје постапува по приватна кривична пријава поднесена на 18.2.2025 година и презема дејства за да ги провери наводите. Како едно од дејствата е испитување на наведеното лице, кое во периодот на кој се однесува пријавата била претседателка на ДКСК. Поканата за испитување од Обвинителството е испратена на 25.7.2025 година и на ниеден начин не може да се доведе во релација со политичките активности на поканетата“.