Македонија
Државната обврзница за денационализација најтргувана на берзата

Прометот на првиот берзански ден од неделата изнесуваше 12.410.098,29 денари, при што на официјалниот пазар беше остварен промет од 8.649.649,29 ден
Прометот на првиот берзански ден од неделата изнесуваше 12.410.098,29 денари, при што на официјалниот пазар беше остварен промет од 8.649.649,29 денари со реализирани 75 трансакции.
На редовниот пазар прометот изнесуваше 3.760.449,00 денари со вкупно реализирани 17 трансакции.
МБИ-10 забележа минимален раст од 0,01% со што се стабилизира на ниво од 2.569,35 индекни поени. МБИД оствари раст од 0,19% кој достигна вредност од 2.345,64 индексни поени. ОМБ оствари намалување за 0,11% со вредност од 105,85 индекни поени.
Државната обврзница за денационализација од осмата емисија беше најтргувана на официјалниот пазар со остварен промет од 4.030.417,97 денари. Постигната беше просечна цена од 78,28% при надолна промена од 0,72%. Вкупно се истргуваа 84.166 обврзници.
Со акцијата на Реплек Скопје се оствари промет од 1.517.632,00 денари при истргувани 33 акции. Просечната цена изнесуваше 45.988,85 денари при што се оствари раст од 2,13%. Минималната цена која се постигна со оваа акција изнесуваше 45.500,00 денари, а максималната 49.533,0 денари.
Прометот со акцијата на Алкалоид Скопје изнесуваше 576.754,00 денари. Просечната цена беше 4.577,41 денари со остварен пад од 0,31%. Вкупно беа истргувани 126 акции. Минималната цена која се постигна изнесуваше 4.500,00 денари, а максималната 4.600,00 денари.
Од редовниот Пазар најтргувана беше акцијата на Гоце Делчев Скопје со промет од 2.816.000,00 денари при што се истргуваа 880 акции од ова акционерско друштво. Постигната беше просечна цена од 3.200,00 денари што значеше намалување од 0,62%.
Меѓу најтргуваните акции на редовниот Пазар беше и акцијата на Тутунска Банка Скопје која оствари промет од 478.495,00 денари. Постигната беше просечна цена од 4.089,70 денари при што беше остварено зголемување за 2,15%. Истргувани беа вкупно 117 акции.
Алкалоид Скопје објави ценовно чувствителна информација во врска со инспекцијата од страна на Агенцијата за лекови на Репкублика Словенија со цел да се утврди и потврди сообразност на Добра Производствена Пракса, детално опишани во соодветните Европски Директиви, кои се гаранција за безбедност, квалитет и ефикасност на лековите. По извршената инспекција, Агенцијата за лекови на Република Словенија издаде Сертификат за усогласеност со барањата за Добра Производствена Пракса на производителот Алкалоид АД Скопје. Со ова Алкалоид Скопје се здоби со право на регистрација и пласман на своите фармацевтски производи не само на пазарот во Р.Словенија, туку и во цела Европа.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Р.Македонија – Денационализација 08
2. Гоце Делчев Скопје
3. Реплек Скопје
4. Алкалоид Скопје
5. Комерцијална Банка Скопје
Хартии од вредност со најголем пораст
1. РЖ Фаморд Скопје 20,00%
2. Макстил Скопје 4,99%
3. Тутунска Банка Скопје 2,15%
4. Реплек Скопје 2,13%
5. Р.Македонија – Денационализација 02 1,14%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Тетекс Тетово 3,12%
2. Макпетрол Скопје 2,42%
3. Македонски Телеком Скопје 1,21%
4. Р.Македонија – Денационализација 08 0,72%
5. Топлификација Скопје 0,68%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.