Свет
Судиите да го избираат судскиот совет
Комисијата предлага министерот за правда да нема право на глас во Судскиот совет, а јавниот обвинител да не ужива имунитетот од Собранието
ВЕНЕЦИЈАНСКА КОМИСИЈА
Комисијата предлага министерот за правда да нема право на глас во Судскиот совет, а јавниот обвинител да не ужива имунитетот од Собранието
Предложените уставни амандмани за реформа на судскиот систем се позитивни и со нив ќе се зацврсти независноста на судската власт и на обвинителството преку пренесување на моќта за регулирање на нивните органи врз Судскиот и Обвинителскиот совет. Ова е истакнато во мислењето на Венецијанската комисија за нацрт-амандманите на Уставот, кое беше усвоено на 64. пленарна сесија, одржана на 21 и 22 октомври годинава.
Во заклучоците на Венецијанската комисија, како можност за подобрување на текстот на амандманите, се вели дека треба да се истакне оти судиите што ќе членуваат во Судскиот совет ќе бидат избрани од самите судии. Членовите на Комисијата сметаат дека за јакнење на независноста на судството и за негово ослободување од политички влијанија и мешања е потребно во амандманите да се предвиди можност за жалба на одлуката на Судскиот совет за разрешување судија. Тие сметаат дека треба да се размисли во амандманите да се посочи дека судскиот совет предлага судии, а друг орган, на пример, претседателот на државата ги назначува.
Според членовите на Комисијата, членството по функција на министерот за правда во Судскиот совет треба да биде сменето со право на присуство на седниците или со членство без право на глас. Како алтернатива на предлогот претседателот на Врховниот суд да биде претседател и на Судскиот совет, комисијата предложила првиот човек на ова тело да се избира со гласање. На сесијата во Венеција било искажано и сомневање дали Судскиот совет треба да биде орган со целосно работно време. Според комисијата, судиите и другите членови на Судскиот совет треба да продолжат да ја работат и својата основна работа, а ако сепак се остане на ова решение, министерот за правда и претседателот на Врховниот суд да бидат исклучоци. Судскиот совет не треба да ги дава конечните правила за дисциплинската одговорност на судиите, а тие треба да имаат право на жалба пред суд против дисциплинските казни.
Членовите на комисијата сметаат дека и покрај потребата од поголема независност не е неопходно да се формира обвинителски совет по истиот модел како судскиот совет бидејќи судиите и обвинителите имаат различна улога и поставеност. Според нив, за да се избегне политизацијата, Јавниот обвинител не треба да ужива имунитет од Собранието.
Во Венецијанската комисија постоела дилема за предложениот пробен мандат на судиите, но Владата во предлог амандманите се откажа од ова решение.
Натали Н. Сотировска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

