Македонија
Нема активни пожари на територијата на Македонија
На територијата на Македонија во моментов нема активни пожари, информираат од Центарот за управување со кризи.
Информацијата е изработена според добиените писмени информации од Регионалните центри за управување со кризи, како и информациите од други субјекти кои учествуваат во системот за управување со кризи.
Единствено, пожарот во месноста Орлова вода во атарот на с.Витолиште е ставен под контрола, но во текот на денот се очекува и овој пожар комплетно да биде изгаснат.
Пожарот над Ново Конско во месноста Ѓупка каде беше опожарена нискостеблеста дабова шума на површина од 150 хектари, во утринските часови е изгаснат.
Исто така и пожарите во околината на НП„Јасен“, Катлановска Бања и Танушевци, како и останатите пожари, се целосно изгасени. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи Неготино и Кавадарци подготвени за изборите на 8 мај
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, беа во работна посета на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес каде што остварија работни средби со раководствата на Одделенијата за внатрешни работи во Неготино и во Кавадарци во рамки на серијата посети во сите сектори ширум земјава.
„Од страна на раководството на овие организациони единици бев брифиран за постигнатите резултати изминативе три месеци од оваа година ја оценивме безбедносната состојба поволна”, рече Бојмацалиев. Притоа, тој истакна дека колегите се подготвени за Претседателските и Парламентарните избори 2024, во насока на професионално извршување на своите надлежности.
„Дозволете да им честитам на колегите од СВР Велес за одличната организација и координираност во врска со првиот круг од Претседателските избори 2024 година со уверување дека и во вториот круг од Претседателските и парламентарните избори што ќе се одржи на 8 мај во среда ќе продолжат со професионално извршување на полициските работни ангажмани со цел гарантирање на демократски Изборен процес. Уште еднаш македонската полиција да покаже и докаже на дело дека е тука за граѓаните слободно да го искажат својот глас, без притисоци и уцени од било кого. Во одредени Сектори според сознанијата на Оперативниот штаб на МВР ќе биде направена реорганизација со зголемено присуство на полицијата на тие места на денот на изборите”, истакна Бојмацалиев.
Притоа, тој апелираше граѓаните доколку имаат било какви закани за нарушување на изборниот процес да пријават.
Во оваа прилика, Бојмацалиев истакна дека финансиите за бонус плата се обезбедени и ќе бидат исплатени по завршување на техничката Влада, во износ од 36000 денари. Воедно, Бојмацалиев потенцираше дека секоја година со покачување на минималната плата, се покачуваше и платата во полицијата, годинава не е покачена заради распишаните избори, но во кординациија со Македонскиот полициски синдикат, потпишани се сите документи, кога има законска можност платата на вработените во полиција ќе се покачи за 10%, односно со тоа покачување, и покачувањата од периодот 2017 до 2023 од 35%, вкупно покачувањето ќе биде 45%.
Македонија
Пуштен во употреба новиот парк на булеварот „Февруарски поход“ во Аеродром
Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, со интонирање на македонската химна и подигнување на македонското знаме, денеска официјално беше пуштен во употреба новиот парк лоциран на булеварот „Февруарски поход“ во Општина Аеродром.
На денешниот настан присуствуваше градоначалникот на Општина Аеродром, кој заедно со претседателот на советот Дејан Митески, извидниците и дечињата од детската градинка „Буба Мара“, го означија крајот на изведбата на еден важен проект реализиран од страна на општинското јавно претпријатие за комунални дејности.
Работните активности опфатија целосно хортикултурно и партерно уредување, поставување на нова урбана опрема, како и јарбол со македонското знаме.
Македонија
Весна Петрушевска за таткото на Тоше Проески: Никола, гушни го од мене, кажи му колку го сакавме
Актерката Весна Петрушевска се огласи на социјалните мрежи по веста дека починал таткото на Тоше Проески, Никола Проески.
„Никола, гушни го од мене, кажи му колку го сакавме, твојата бескрајна љубов кон Тоше беше една огромна тага. Барем сум малку мирна дека се видовме за Бадник. Топол и мил човек. Многу ми е жал. Најискрено сочувство до семејството“, напиша Петрушевска.