Економија
Избегнувањето ризик го ослабе еврото
Еврото денеска ослабе спрема доларот и јенот на меѓународните пазари на валутите, бидејќи инвеститорите се втурнаа во безбедните засолништа за капиталот откако американската централна банка предупреди на значајни ризици за стопанството.
Еврото денеска ослабе спрема доларот и јенот на меѓународните пазари на валутите, бидејќи инвеститорите се втурнаа во безбедните засолништа за капиталот откако американската централна банка предупреди на значајни ризици за стопанството. Еврото беше послабо во четвртокот спрема доларот за 0,7 отсто и достигна до 1,3473 долари, откако накусо го допре и најниското ниво од крајот на февруари на 1,3447 долари. Европската валута се спушти и на електронската платформа EBS и на најниското ниво спрема јенот во последните десет години на 102,615 јени. Доларот, пак, остана непроменет спрема јенот на 76,46 јени. Воедно го достигна и највисокото ниво по повеќе од пет месеци спрема швајцарскиот франк, па со него се тргуваше за 91.45 центи. „Причината за тоа е распродажбата на ризичната сопственост. Пазарите не ги примија најдобро пораките на Фед за стопанството“, коментираше Неил Мелор од „Bank of New York Mellon“.Американската централна банка го најави во средата планот наречен „Операција Твист“ со која сака да ги намали долгорочните камати, за да го поддржи забавениот сектор на недвижности. Планот предвидува продажба на краткорочните државни обврзници за купување на долгорочните, за да се зголеми нивната вредност и да се намалат приходите. Дополнителна поддршка на доларот му дадоа и малку пониските краткорочни каматни стапки и одлуката на Фед да не го зголемува количеството пари во опток. Меѓу другите валути во четвртокот се истакна јапонскиот јен кој се задржа блиску до највисокото рекордно ниво спрема еврото и спрема доларот, па и натаму е присутен ризикот од интервенција на јапонската централна банка. Јапонската валута ја поддржува бегството на инвеститорите поради забавениот раст и должничката криза во еврозоната. Во четвртокот слабостите на стопанствата ги потврдија и ткн Маркитови индекси на менаџерите за набавка (PMI)за септември кои покажаа успорување на активноста во германското и во француското стопанство. Адекватниот индекс на банката HSBC за Кина, исто така, ги обесхрабри пазарите, покажувајќи пад на индустриското производство трет месец по ред. „Затоа очекуваме дела процикличните и стокови валути ќе бидат под се поголем притисок, додека доларот според нашите процени треба да продолжи да ги привлекува инвеститорите“, вели Иан Станард од „Morgan Stanley“./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Георгиева: Буџетот за 2026 покажува дека Владата води одговорна и умерена економска политика
Буџетот е слика за тоа како се гледа иднината на Македонија и нејзините граѓани. Овој буџет, буџетот за 2026 е креиран во услови на глобална непредвидливост, но сепак се осврнува на потребите на граѓаните и институциите, рече пратеничката Весна Георгиева од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа во надлежната Комисија за финансирање и буџет во Собранието.
Според неа овој Предлог буџет за 2026 година нуди јасна визија, стабилна основа.
„Пораката од буџетот за следната година е силна порака економски раст и фискална дисциплина во државата“, вели Георгиева.
Проектираниот раст на економијата за 3,8 раст е многу важен и покажува дека се нуди континуиран раст.
„Ова е сигнал дека економијата продолжува да се развива со забрзано темпо. Ова покажува дека Владата води внимателна, одговорна и умерена економска политика. Ова е внимателно испланиран буџет без авантури и со одговорност кон идните генерации“, заклучи Георгиева.
Економија
Костадиновска Стојчевска: За 91% е намален буџетот за инспекторатот за македонски јазик
Со предлог буџетот за 2026 година има намалување на буџетот на инспекторатот за македонски јазик за 91 %, кој е заснован врз основа на законот за македонски јазик, која сите заедно го донесовме во 2024 година, истакна пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во своето обраќање пред собраниската комисија за финансирање.
Таа додаде дека и покрај тоа што владеачкото мнозинство при ребалност вети дека ова нема да случи.
Кога со ребаланост се намалија средствата рековме дека нема да дозволиме тој да не профункцира, за потоа да донесете измени во законот со кои инспекторатот се намали на ниво на одделение, отсек во министерството за култура, за сега да добие 91% намален буџет, нагласи Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека и нема услови за работа на инспекторатот, а нема ниту огласи за вработување лектори.
Костадиновска Стојчевска истакна дека не се доделени никакви средства адаптација на основното училиште во Љубојно во центар за промоција на македонски јазик, каде нема никакво придлижување.
Буџетот за реконструкцијата на објектот Музеј на Македонија е намален 33%, а да ве потсетам таму се на ревитализација иконите вратени по првата реституција, и тоа 21 икона украдени во 2013 година, а откако ќе се ревитилазираат треба да бидат изложени во тој музеј, рече Костадиновска Стојчевска.
Тоа кажува за приоритетите на министерството за култура, рече пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска пред собраниската комисија за финансирање.
Економија
Попов: Инвестираме во младите, конечно ќе се финализираат зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура
На денешната комисиска расправа за Предлог – буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој истакна дека буџетот е уште еден доказ за посветеноста на Владата кон младите, со реализација на клучни проекти, реконструкција на студентски домови и мерки за самовработување наменети за сите млади.
„Буџетот е уште еден доказ за посветеноста кон младите на оваа Влада. И повторно тоа не се празни зборови како што бевме навикнати во минатото, напротив резултатите се видливи и опипливи. Насекаде во државата се реализираат проекти кои се од младинско значење, после 7 години конечно се реконструираат студентски домови и за брзо од денес ќе заминат во историја оние денови кога студентите ги сместувавме во домови кои личеа на концентрациони логори, оперативните планови за вработувања и мерки за самовработувања не се само на хартија и наменети за привилегираните, туку тие се за сите. Нема општина каде не се гради нов спортски терен или комплекс, нема место каде не се гради нова градинка или училиште“, рече Попов.
Пратеникот Попов се осврна на делот од Предлог – буџетот кој е од младинско значење потенцирајќи ги зголемените средствата кои ќе значат подобра и поквалитетна настава за студентите во Македонија, можноста научно и интелектуално да се реализираат младите, како и создавањето на инклузивно средно образование.
„Имено во овој буџет имаме 32,5 милиони денари за изградба на најпопуларниот факултет во нашата држава ФИНКИ и секако Факултетот за физичка култура. Во високото образование имаме зголемување од 2,8 проценти и тоа се средства кои ќе ги добие УКИМ, универзитетот во Тетово, УКЛО, Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Зголемување од 25% за наука, на тој начин се спречува одлевањето на младите мозоци. Не се заборавени ниту средношколците, во средното образование имаме зголемување од 5,2%, за училишни спортски сали имаме зголемување од 363,6 милиони денари, јасен сигнал дека оваа Влада работи на создавање на здрава младина“, вели Попов.

