Македонија
Обврската за противпожарен апарат во возилата ќе се менува
Законската одредба со која беше предвидено секое патничките моторни возила задолжително да поседува противпожарен апарат со тежина до две килограми наскоро ќе биде либерализирана
Законската одредба со која беше предвидено секое патничките моторни возила задолжително да поседува противпожарен апарат со тежина до две килограми наскоро ќе биде либерализирана
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека пристапи кон измени на Правилникот за задолжителна опрема на возилата во насока на поголема флексибилност во однос на поседувањето на противпожарни апарати.
Измените ќе бидат изготвени во најкус можен рок и предвидено е да излезат во наредниот број на Службен Весник, по што би стапиле на сила.
Предвидено е со измените наместо како обврска, во правилникот да се препорача возачите да поседуваат противпожераен апарат.
Измените ќе се однесуваат само во однос на поседувањето на противпожарни апарати во категоријата на патнички моторни возила, односно возилата за кои беа предвидени противпожарни апарати со тежина до два килограми.
Во однос на останатите категории возила остануваат истите одредби, односно обврската да се поседуваат противпожарни апарати со соодветна големина. Автобусите за градски, приградски и меѓуградски сообраќај треба да имаат по два апарати, еден од 3 и еден од 6 килограми. Товарните моторни возила до 10 тони треба да имаат еден апарат од 6 килограми, а оние со повеќе од 10 тона – два апарати. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски на 30 години стекна стан и 4 милиони во банка?
Дарко Каевски ниту еднаш не одговори во јавност, како со првото вработување, како партиски подмладок за директор на АМС, на 30 години набилда четири милиони во банка и сопствен стан? СДС ниту еднаш не објасни како дојде до концептот голтари влезени во политиката, а потоа милионери. Почитувани, одговорот можеби е во предметот на ЈО. Предметот на ЈО за работата на Дарко Каевски како директор на АМС можеби е и поттикот тој толку ревносно да настапува против членови и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, најгласен во нападите и ширењето дезинформациите, но можеби е и причина за неговиот рапиден раст во СДС, до пратеник и портпарол, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Отпочната е постапка за сомневања за противзаконско работење и злоупотреба, дека спортските федерации, клубовите и спортистите добивале ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите потоа да ги добие назад преку даночно ослободување. Почитувани, Македонија тоне во корупција и криминал, тоне во партизација, ликови како Дарко Каевски стануваат милионери, а неговите врсници се иселуваат од татковината. Почитувани, со вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ на изборите, ќе гласате ваквите ликови како Зоран Заев, Ковачевски, Венко Филипче, и нивните наследници како Дарко Каевски, да им биде испитан имотот и да одговораат за евентуални злоупотреби. Промените се во Твои раце, Македонија повторно твоја – рече Стоилковски.
Македонија
Лимани: Судот ја прифати жалбата на коалицијата ВЛЕН за „бугарскиот воз“ во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ
Валбон Лимани од коалицијата ВЛЕН денеска на прес-конференција го презентираше решението на Управниот суд со кое се прифаќа жалбата на коалицијата ВЛЕН за полнење кутии во Липково.
„Управниот суд ја прифати жалбата на Коалицијата ВЛЕН за гласачко место во Липково, каде што имало полнење на кутија од страна на блиски луѓе на носителот на листа на ДУИ во оваа зона, со техника позната како „бугарски воз“. Во судската одлука стои дека тужбата на кандидатот на претседателските избори во 2024 година, Арбен Таравари, е прифатена“, рече Лимани.
Според Лиман, со ова се докажува изборниот инженеринг на ДУИ на претседателските избори на 24 април и ги повика надлежните институции да постапат за кражбата на гласови и чинителите да се изведат пред правдата.
„По парламентарните избори нод 8 мај, режимот на ДУИ ќе се сруши. Коалицијата ВЛЕН, како следна влада, ветува дека ќе го санкционира секој обид на владата во заминување да краде или купи гласови“, рече Лимани.
Македонија
Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај
Санкционирани се 157 возачи на територијата на целата држава, при полициски контроли за време на празничниот 1 Мај.
Од нив 41 на територија на СВР Куманово, по 34 на територија на СВР Битола, објави МВР.
За време на контролата санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.