Регион
Пуљиќ: Велигден нè потсетува на важноста на културата на живеење
Велигден е празник кој нè потсетува на важноста на културата на живеење.Ова денеска го изјави Врхобосанскиот надбискуп кардинал Винко Пуљиќ, водејќи ја прославата
Велигден е празник кој нè потсетува на важноста на културата на живеење.Ова денеска го изјави Врхобосанскиот надбискуп кардинал Винко Пуљиќ, водејќи ја прославата за Велигден во сараевската катедрала.
Во неговата беседа, кардиналот Пуљиќ потсети на постојаното поттикнување на папата Јован Павле Втори дека градењето на култура на живот е задача на секој вистински верник свесен за Христовата жртва.
“Христос преку воскресението нам ни дарил светлината на животот, и човекот треба да му служи на животот, а не да биде негов господар”, рече Архиепископот Врхобосански.
Коментирајќи во врска со ситуацијата во БиХ, кардиналот Пуљиќ го нагласи фактот дека има недостаток на почит кон култура на живеење, постојана експанзија на насилство, агресивност на медиумите кои ја промовираат културата на смртта и ги негираат правата на Црквата и порача сите да го кренат својот глас против убиство на неродени деца (против абортус).
Тој посети дека во БиХ од 1996 година е видлив падот на наталитеот , а во 2009 година регистрирана е смртност на многу деца.
Пуљиќ рече дека на Велигден треба се разбудиме со чувство за вреднување на животот, и на тој начин да го докажеме верувањето во воскресението на мртвите и вечниот живот како основа на христијанско учење./крај/хи/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Регион
По Црна Гора, слаб земјотрес ја погоди и Хрватска
Земјотрес со јачина од 2 степена според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 33 километри од Риека, на длабочина од 34 километри.
Предходно, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 3,6 степени. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Регион
Земјотрес во Црна Гора: се тресеше во близина на Будва
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 8.18 часот ја погоди Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Подгорица и 7 километри од Будва. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.
Засега нема информации за материјална штета.