Свет
Со купување на ТЕЦ „Неготино", ЕВН ќе стане моќен монопол
Експертите велат дека е опасна поврзувањето на дистрибутивните со производствените капацитети
Експертите велат дека е опасна поврзувањето на дистрибутивните со производствените капацитети
Доколку австриската ЕВН АГ, која стана сопственик на ЕСМ „Дистрибуција", наскоро стане газда и на ТЕЦ „Неготино", во државава ќе се создаде нов, приватен монопол во енергетскиот сектор, дури посилен од некогашното државно „Електростопанство", тврдат експертите. Бидејќи оваа странска компанија истовремено ќе раководи со производството и со дистрибуцијата на струја, неминовно ќе дојде до опасно концентрирање на дистрибутивните и на производствените капацитети.
Како што е познато, ЕВН понуди 4 милиони евра за купување на ТЕЦ „Неготино" и 751,7 милиони евра за инвестиции. Од страна на Владата оваа понуда беше највисоко рангирана на неодамнешниот тендер, но купопродажниот договор сж уште не е потпишан поради изборниот период. Односно, на наредната влада ч остана обврската за заокружување на процесот на продажбата на централата.
Како што потенцираат во поднесената жалба второрангираните на тендерот, конзорциумот „Хач Акрис инк." и „Фајнанс енџинеринг", сосема неприфатливо е ЕВН да си ја продава електричната енергија сам себеси, односно на „Дистрибуција", без обврски кон МЕПСО, како што стоело по понудата на ЕВН. „Тоа е во директна спротивност на Законот за енергетика и на позитивните прописи за монополско однесување на субјектите на пазарот. Концентрирање на производството со дистрибуцијата на струја од аспект на монопол е во спротивност на директивите на ЕУ", стои, меѓу другото, во жалбата на конзорциумот „Хач" упатена до владината Второстепена комисија, а поради ставот дека нивната понуда е многу подобра од онаа на ЕВН.
Домашни експерти по енергетика тврдат дека не е в ред да се создаде нов монопол, затоа што Македонија од тоа може да изгуби, а не да добие. Односно, наместо да им се даде предност на потребите од струја на домашниот пазар, може лесно да се случи, произведената електрична енергија ЕВН да ја продава по многу повисока цена во странство и да заработи повеќе пари, отколку ако ја пласира на македонскиот пазар. Од друга страна, велат експертите, не е исклучено ниту тоа, во иднина ЕВН да продава струја за македонскиот пазар, но по многу повисока цена од досегашната увозна, која во просек изнесува 3,6 евроценти за киловат-час.
Инаку, ТЕЦ „Неготино" со години не работи и само се одржува во топла состојба, поради тоа што користи скап енергенс, мазутот, кој е берзански производ. Поради тоа и цената на произведениот киловат-час струја е двојно повисока отколку онаа која ја плаќаме од увоз. Термоцентралата има инсталирана моќност од 210 мегавати, а ЕВН во својата тендерска понуда ветува инвестиции со кои ќе ја направи централата со моќност од над 700 мегавати, или помоќна од трите блока на РЕК „Битола"
„Неготино" од пред извесно време е дадено под закуп на грчкото електростопанство ПСС, а од пред неколку дена почна да произведува струја за потребите на грчкиот пазар, поради зголемената потрошувачка во летната сезона. Тоа се толкува како обид на државата да си ги подобри позициите и да ги намали давачките што може да произлезат по спорот со ОКТА, кој се води пред судот во Париз. Притоа, тужителот, ОКТА, бара милионски суми отштета од Македонија поради непочитување на купопродажниот договор.
ТЕЦ почна производство со мазутот од ОКТА, а грчкото електростопанство склучи договор со МЕПСО за испорака на струја. Колкава е цената на закупот што ја плаќа ПСС за користење на овој капацитет, како и тоа колку изнесува еден произведен мегават струја, засега не се обелоденува и е дел од договорот за доверливост склучен меѓу ОКТА, МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

