Македонија
Доволни ни се два закона за да добиеме датум за преговори
Законот за собрание и законот за државни службеници, ако и продолжување со примената на Рамковниот договор до 15 септември би биле доволни за Македонија да добие препорака за почеток на преговорите со ЕУ во октомврискиот извештај Европската комисија.
Ова денеска го брифираа високи владини извори тврдејќи дека се реални шансите државата на есен да добие датум за почеток на преговори со Унијата. Висок владин функционер вели дека Македонија ќе ги исполни 8 одредници на Унијата до 15 септември, вклучувајќи ги оние за реформи во судството и политичкиот дијалог.„Политичкиот дијалог е решен со лидерските средби кои докажуваат дека за одредени прашања од национален интерес може да се седне и да се разговара. Со двата закона и поддршката на континуираната имплементација на Охридскиот рамковен договор, Европската комисија ќе биде во можност да даде препорака“, вели изворот.Според него, освен крупните прашања треба да се завршат и околу стотина други поситни обврски поврзани со одредниците.„Никој не очекува дека на 15 септември ќе имаме независна и реформирана државна администрација, туку потребно е да покажеме прогрес во оваа сфера“, вели владиниот извор.Според новиот закон за државни службеници кој е во владина процедура, а наскоро треба да се најде и пред пратениците се предвидува државните секретари во министерствата да имаат мандат од 5 години и пред именувањето на функцијата да имаат работено во институцијата најмалку 3 години. Со тоа би се избегнало поклопување со мандатот на Владата.Она на што предупредуваат владините извори е дека е неизвесно дали Европскиот совет ќе ја прифати препораката на Комисијата за почеток на преговорите. Висок владин функционер вели дека дури и Македонија да добие датум за преговори, не е исклучено Грција да го услови фактичкото отпочнување на преговорите се до моментот на решавање на проблемот со името. Со тоа би се создала ситуација слично како зачленувањето на државата во НАТО по самитот во Букурешт.Од владата не стравуваат дека одлуката за датум за преговори може да ја загрози Бугарија, чија нова власт деновиве дава изјави во таа насока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

